AERI како минимум (ако веќе си се решил за Vivax), другите се ептен мачка во вреќа. Размисли и за
Haier Tundra, колку толку знаеш што добиваш.
Ако имаш изолација и ПВЦ прозори можеш комотно да одиш со Gree Hansol 3.5 kv и да го искористиш попустот што е во тек. За 37000 ден ќе добиеш софистицирана клима со висок COP и економичност.
За жал тоа е тренд кај сите произведувачи. Се прешалтаа на R32 фреон што е малку поефикасен и удрија да штедат на хардвер, пред се на надворешните изменувачи.
Gree Fairy во се е ист или подобар од Lomo LCLH, освен што има едноред изменувач наместо двореден. Сепак изменувачот е погилем во ширина и висина и користи поголем вентилатор во дијаметар. Крајниот резултат е важен, надворешната кај Fairy турка 2200 м3/h, а Lomo LCLH 1600 м3/h при исти 900 обртаи на вентилаторот. Fairy има поголем компресор, помодерна внатрешна единица со 7 брзини и треба да е поштедлив благодарејќи на новиот R32 фреон.
Сепак, бидејќи се работи за куќа, можеш и ти да го искористиш попустот и да одиш со Хансол. Јас греам иста квадратура со таа клима без никаква изолација, со стари дрвени прозори и влезна врата. Кај тебе може да биде само подобро и поекономично.
Мојата логика при изборот беше: подобро софистициран кинески модел, отколку ентри левел јапонски модел и не згрешив, напротив, многу сум задоволен.
Sanyo Twin-Rotary kompresor, голем двореден надворешен изменувач, надворешна единица од 43 кг, 1.3 кг фреон и т.н. за 37000 ден не треба да се игнорира...
@rusrus
Welcome back!