Ја искрено сакам луѓето од Македонија да размислуваат ко тебе и да почне да се гради и во другите градови, и да се отвараат министерства, фирми и институции, ама не, они запнале Карпош, Центар и Аеродром. Џорче им е испод част пошто кај нив селата биле толку далеку од "чаршија". ФИРОМ логика јебеш га, само ја сељак размишљам и сањам за некое планинско село, со помалце луѓе по можност.
Проблем е политиката во државата и колку се грижи за индустријата, земјоделството и тн во помалите градови.
Пример ќе го земам земјоделството, ако државата го стабилизира да нема пикови оваа година да ти го платат производот 100 денари, а следната за ист квалитет 30 денари голем дел и од тие што имаат административни работни места ќе се вратат назад. Еве последната година во Прилеп се плати тутунот одлично, заедно со субвенциите достигна и до цена скоро 300 денари по 1кг што не било никогаш и пак имаш луѓе што се плашат да инвестираат во тоа затоа што следната година не се знае ни дали ќе дојде просек по 240 денари, тутунските комбинати се изживуваат со народот. Иста приказна ти е со грозјето, овоштарници, ран зеленчук, градинарски производи, нека го стабилизираат пазарот или нека ти ги отворат границите да може да извезуваш самиот ќе правиме муабет колку народ ќе се врати назад. Остави приказните дека на луѓето не им се работи и дека сите сакаат да работат административна работа, треба луд и садист да е некој да седи за 20 000 плата во метрополата, ако во неговиот град може да извади просек 40 000 и да живее во подобри услови.
Па во помалите градови скоро сите живееме во куќи, кој живеел во куќа и во стан може да направи споредба и ме разбира кој е лезетот во куќа наспроти стан, дворче, гаража, поголем простор, не се замараш со 20+ комшии, мир и спокој.
7. Поголеми плати, повеќе работни места.
Им е гајле за она од 1 до 6 што го имаш напишано.
Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
Ова зависи од индустријата, веќе имаш во помали градови поголема шанса да најдеш работна позиција ако си работничка класа, Скопје сеуште со плати и работни места е одличен за ИТ сектори, банки, државна администрација, останатото е мизерија и скоро со исти плати како во периферијата (особено споредено со поголемите градови Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар..)
Еве ти во Прилеп, Битола, Кавадарци пример имаш константно отворени работни места за во Гентерм, Кромберг и Шуберт, Дрекслмаер каде што во скоро сите платите се движат од 220-350 евра (во некои со плус оброк) што ако е некој од тој град е поисплатлива плата отколку 400- 500 евра во Скопје.
Како не се зема од плата кога сите така купија. Брачен пар кој наместо да плаќа на друг 250-300 евра месечно за кирија ќе си исплаќа рата за кредит.
Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
За да имаш реална слика во државата треба да следиш луѓе од различна класа, со плати зедоа: државни административци+ит сектори+телекомуникации+ ретки помали бизниси или подобри работни места во угостителска дејност (готвачи, шефови) се друго е: да се здрави и живи мама и тате, продавање на недвижности во местото од каде што доаѓаат или пак се работи за газди на фирми кои голем дел имаат по 5+ станови низ Скопје.
Поголем дел од вработените немаат ни решение за редовен работен однос, веќе огромни фирми ги држат по 5 години на договор на определено (месец, три, шест, година) што уште повеќе е обесхрабрување за да дигнеш кредит со рата од 250-300 евра на месечно ниво на 25 години.