B
Bafra
Гостин
Сакам еколошко, а субвенционирано НЕ може да опстои. Субвенциите во 90% се злоупотребуваат, за да ги дава државата мора првин од други да зема, значи уништува одредени слоеви и индустрии.Не си ми јасен, сакаш поеколошко а криво ти е што се субвенционирани? Ако не ајде да останеме со струја на јаглен, дизели низ град и да живееме во смог зашто е најефтино?
Има доволно потенцијал од сонце,ветер и хидро ако не целосно бар во голем број да се заменат конвенционалните горива. При тоа дури и кај тие конвенционални има разлика во загадување, не се сите централи изградени во населени места како РЕК а има централи и што помалце загадуваат ( гасни пример). Па сеа напраи математика дали е поголемо загадувањето од тие централи или од милион возила што ти брчат под нос?
Единствен проблем во целата работа со екологијата е цената, луѓето си живеат од денес за утре и не сакаат да плаќаат поскапа струја или поскапи возила за да живеат еколошки. Па мора да ги принудиш со субвенции и тн, бидејки никој не го боли коа ќе му земеш индиректно пари преку буџет.
Кога имаш социјални случаеви, нормално ли е да субвенционираш да даваш пари за коли од по 40.000$ на луѓе кои можат и така да си ги дозволат.
На еден од линковите прочитав дека во Финска или Данска кога престанале со субвенции, за 90% се намалила продажбата на електрични возила.
Електричните возила загадуваат индиректно. Прво за да ги произведеш, а после за да добиеш струја, процесот загадува. Значи НИШТО не сме постигнале.
Јас сум против користење на јаглен и уништување на шумите, ама не може да ме прават будала под изговор екологија да крадат милијарди.
Ако толку се секираат за екологија и иднина, треба да се почне да се работи на други технологии, да се копира природата, а не спротивно од нејзе.
Проблемот е што тие кои одлучуваат како да се трошат парите се 99% корумпирани, исто и поголемиот дел од научната фела, а и повеќето имаат проблем со егото.
Затоа велам Маск не открил топла вода, ниту подобро ни е.