Илон Маск

  • Креатор на темата Атлантист
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Ти врска немаш што пишувам. Пишав претходно, ПАРАВАН за испумпување државни пари, торко еден. Милијарди добиени се, а што е постигнато.

Ај :drk: на Маск, кога толку размислувате, толку и заслужуваме.
Условите за субвенции што ги има Маск се истите што ги имаат и останатите компании и поединци.
Градиш фабрика за 5000 вработени, автоматски добиваш попусти од еден куп држави. Без разлика дали се викаш Рено, Ербас, Тесла или Ејпл.
Субвенциите за електрични возила важат за сите производители. Дел користи Нисан, дел Шевролет. Тоа што не произведуваат ни приближно возила колку Тесла (а можат) е друг проблем.
Договорот со НАСА за транспорт на карго и астронаути важеше за еден куп компании. На крајот условите ги исполнија само 3-4 компании меѓу кои и SpaceX. Со таа разлика што Боинг наплаќа двојно повеќе за истата услуга, ама ај...
Развојот на моментално најмоќната ракета го платија сами иако владата се понуди да ги подмири трошоците.

Значи правилата важат за сите. Тоа што другиве производители на ракети и автомобили не сакаа да издвојат средства за развој (заради што би им се намалил профитот) сега ќе го трпат со жестоката конкуренција што ја добијаа. А можеа да ја избегнат ако вложеа навреме.

Да, не носи декади напред со развојот на куп технологии. Не заради што е генијалец, туку заради што никој досега не се обиде, во страв да изгуби профит.
 
B

Bafra

Гостин

Условите се дадени, па кој сака нека ги исполни. Ама КОЈ одлучува дали си ги исполнил и дали ќе добиеш .... :cautious:

Така се градело фабрики, без претходен капитал, без претходно искуство во дејноста, без обезбеден пласман ....

За какви тоа попусти ти мислиш дека добиваат ? Плус никој не кажа дека другите не се матрапази. Ене ја имаме дизелгејт аферата, која ги чини досега преку 25 милијарди доларос.

Субвенции добива народот што сака да купи. Тесла добиваат дополнителни субвенции. А зашто па и народот и Тесла да добиваат субвенции .... ај нека дава државата за секој производ субвенција :sneaky:

Договорот со НАСА за транспорт на карго и астронаути важеше за еден куп компании. На крајот условите ги исполнија само 3-4 компании меѓу кои и SpaceX. Со таа разлика што Боинг наплаќа двојно повеќе за истата услуга, ама ај...
Развојот на моментално најмоќната ракета го платија сами иако владата се понуди да ги подмири трошоците.
НАСА финансирана од државата, Тесла добива милијарди од државата, нормално да добијат договори. Тие што одлучуваат, сигурно се роботи, компјутери и не се подложни на мито (y)
Сами платиле Ок, можеби затоа се од почеток па до сега цело време во ЗАГУБА. Како ли успеваат да не отидат во стечај/ликвидација :toe:

Значи правилата важат за сите. Тоа што другиве производители на ракети и автомобили не сакаа да издвојат средства за развој (заради што би им се намалил профитот) сега ќе го трпат со жестоката конкуренција што ја добијаа. А можеа да ја избегнат ако вложеа навреме.

Да, не носи декади напред со развојот на куп технологии. Не заради што е генијалец, туку заради што никој досега не се обиде, во страв да изгуби профит.
:confused: o_O
СЕКОЈ производител издвојува средства за развој, не знам од каде си донел таков заклучок ама така ако функционираа поголемите компании ќе возевме тротинети. Дури и нашиве фирми трошат на развој.
Конкуренција РЕАЛНА не може да им биде некој што е субвенциониран и работи со загуби од почеток до сега. Во прв момент да прекинат државните приливи, како ќе исполни обврските ... банките да не ќе му простат или чекаат, добавувачи, акционерите (главните) сигурно ќе кажат за доброто на планетата па никому ништо.

За каков развој на куп технологии мислиш ... или тоа што претходни технологии маркетиншки подобро се искористени ... но тоа нема врска со иноватност а ни со напредок.

Кај не однел декади, како, што толку има развиено, подобрено или пак новитет.... ете слика од пред 100 години имало електричен мопед .. електрични возила и други направиле и продаваат, но НЕМАЛО субвенции од државата ни за купци ни за производители, значи економски НЕИСПЛАТЛИВО.
Му текнало кровот фотоволтаци да биде и уааааааа испадна. Неговите фотоволтаици ниту се поефикасни од другите ниту поефтини.
Имаш и на водородни ќелии па никому ништо, а се подобри. Многу не ни знаат, зашто нема ука-бука по медиумите.
Дека можеби охрабрува и други мислења, тоа го кажав веќе. Ама за 5 милијарди и тата би сине :D

Ако Тесла е тоа што го зборите, фирмата кај да е ќе почне и профит да остварува и без субвенции да преживее. Реалноста за сега е спротивна. Ако се промени, јавете.

Да го фалиш Маск ти е исто како да го фалиш Безос (Амазон) кој користејќи државна помош, уништува други приватни фирми и создава монопол. Ако се палите на такви луѓе ОК, ама последиците кој ги врти нели.

Не знам што треба да сфатите, штом државата дава пари, голем % од тие пари завршуваат кај политичари и олигарси. Да е Вештачка Инт. која ќе одлучува врз основа некои претходни реални инпути, колку толку ќе може да рачунаме дека нема мито.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Условите се дадени, па кој сака нека ги исполни. Ама КОЈ одлучува дали си ги исполнил и дали ќе добиеш .... :cautious:

Така се градело фабрики, без претходен капитал, без претходно искуство во дејноста, без обезбеден пласман ....

За какви тоа попусти ти мислиш дека добиваат ? Плус никој не кажа дека другите не се матрапази. Ене ја имаме дизелгејт аферата, која ги чини досега преку 25 милијарди доларос.

Субвенции добива народот што сака да купи. Тесла добиваат дополнителни субвенции. А зашто па и народот и Тесла да добиваат субвенции .... ај нека дава државата за секој производ субвенција
Конкретно за примерот со електричните возила, субвенциите ги дава Американската влада на секој кој купил електрично возило без разлика на производителот. Тесла, Нисан, Шевролет се најголемите корисници на овие субвенции затоа што продале најмногу електрични возила. Кој му е крив на Мерцедес, Ауди, Мазда и сл што не прават (не вложуваат) во електични возила?
Значи правилата се фер и важат за сите, не само за Тесла.

Кога Боинг или Тојота најавуваат дека ќе градат фабрика со 5000 вработени, државата дава субвенции за фирмата. Со Тесла не е ништо поразлично.
Правилата важат за сите.
Очигледно Тесла изгради масивна фабрика без претходно искуство во дејноста, без претходен капитал.

Истите субвенции за Тесла важат и за сите. Нешто нејасно?

НАСА финансирана од државата, Тесла добива милијарди од државата, нормално да добијат договори. Тие што одлучуваат, сигурно се роботи, компјутери и не се подложни на мито (y)
Сами платиле Ок, можеби затоа се од почеток па до сега цело време во ЗАГУБА. Како ли успеваат да не отидат во стечај/ликвидација
Во загуба се заради што постојано вложуваат во нови производствени погони, ленти, нови технологии и сл. Финансирањето го прават преку инвеститори , продажба на акции и кредити, а не преку државата.
НАСА како што им даде пари за развој на летала на СпејсИкс, така им даде пари за развој на летала и на Боинг и ОрбиталАТК. За истиот проект Боинг доби 2 билиони повеќе отколку СпејсИкс. Очигледно Маск не е фаворит на никој во Владата.

Значи повторно, правилата и финансирањето важат за сите.

СЕКОЈ производител издвојува средства за развој, не знам од каде си донел таков заклучок ама така ако функционираа поголемите компании ќе возевме тротинети. Дури и нашиве фирми трошат на развој.
Супер, тогаш тоа што го напиша досега дека некој имал поволности ти е сосем погрешно. Како успеваш да се негираш самиот себе во еден пост не ми е јасно.

Сега за напредокот, развој на технологијата декади напред...
Конкуренцијата на СпејсИкс, УЛА, Аријана и Круничев (Американци, Европејци и Руси), во децении користи исти ракети и со децении не вложила свои пари во развој на било што. СпејсИкс се појавува некаде минатата деценија и со сопствени пари развива ракети што се поефтини и поспособни од овие на конкуренцијата. Башка тоа ги прави ре-искористливи со што во иднина ќе им ја симни цената уште повеќе. Е сега конкуренцијата, бидејќи цицаше државни пари за развој, не се потруди да вложи ниту долар во нови технологии, го губи пазарот на корист на СпејсИкс. Доколку не беше СпејсИкс и Маск, ќе летаа скапи ракети за една употреба со децении. Ете ти еден јасен, кристален пример за развој на технологија што немаше да ја гледаме со децении ако не беше Маск. Пример за технологија развиена примарно со приватни средства.

Истиот случај е и со Тесла. Накратко, конкуренцијата не вложуваше во развој на електрични возила, Тесла вложуваше (приватни средства!), ги извади на пазарот и во секој сегмент каде конкурира Тесла, конкуренцијата забележува пад на продажбата на нивните производи, па дури сега вложуваат во развој на нови технологии.

Електрични возила имало одсекогаш, но не и такви што може да поминат 400 км со едно полнење. Голема разлика за успех на производот на пазарот.
 
B

Bafra

Гостин
Истите субвенции за Тесла важат и за сите. Нешто нејасно?
Тебе изгледа не ти е јасно. Збориме за субвенциите што ги добива Тесла од државата, преку 4 милијарди, а не само ти ако се решиш да купиш електрично возило.

А тоа кој им е крив на големите автопроизводители што не прават електрични возила сам се негираше со последната реченица. Значи направено имало, ама немало интерес, затоа реков, маркетиншки е заслужен за нивно користење. Плус државата сигурно нема (не може) цело време да субвенционира купување електрични возила. Што кога ќе престане ....
И за Никола Тесла кажуваат дека се возел во кола со кутија од каде била напојувана со енергија.

Кога Боинг или Тојота најавуваат дека ќе градат фабрика со 5000 вработени, државата дава субвенции за фирмата. Со Тесла не е ништо поразлично.
Правилата важат за сите.
Очигледно Тесла изгради масивна фабрика без претходно искуство во дејноста, без претходен капитал.
Ова кај си го прочитал ... и сакаш да кажеш Тојота и Боинг се глупави на економски план, не знаат да направат пресметка и стратегија како ќе им се одрази во иднина таа инвестиција :cautious:

Супер, тогаш тоа што го напиша досега дека некој имал поволности ти е сосем погрешно. Како успеваш да се негираш самиот себе во еден пост не ми е јасно.
Прекини да спинуваш. Ти напиша :
Тоа што другиве производители на ракети и автомобили не сакаа да издвојат средства за развој (заради што би им се намалил профитот) сега ќе го трпат со жестоката конкуренција што ја добијаа.
Јас ти одговорив дека си грешка и немаш познавања, и после јас сум се негирал :facepalm:

Доколку не беше СпејсИкс и Маск, ќе летаа скапи ракети за една употреба со децении. Ете ти еден јасен, кристален пример за развој на технологија што немаше да ја гледаме со децении ако не беше Маск.
Немало до сега таква ракета или не била во функција од економски побуди кај останатите производители ??
Значи ако не открил нов систем, или поефикасна да е, не е развој, туку поевтина ама на сметка на државата. Во што е подобра од Маск него од Боинг или Руските :toe: ...
До вселенската станица Мир, не знам кои ракети ги користат за носење на опрема и астронаути. Ако почнале на Маск за иди ми дојди ми, ОК. Ама ако не, за каква цел и корист се на Маск, освен за вселенски туризам ... :confused:

Ене Јапанците успешно слетаа роботи на астероиди. Овие не сум прочитал нешто waooo да направиле со нивните производи.

Истиот случај е и со Тесла. Накратко, конкуренцијата не вложуваше во развој на електрични возила, Тесла вложуваше (приватни средства!), ги извади на пазарот и во секој сегмент каде конкурира Тесла, конкуренцијата забележува пад на продажбата на нивните производи, па дури сега вложуваат во развој на нови технологии.
Првин пишуваш дека другите не ги занимало, па после им паѓала продажбата o_O .
Баш ќе видиме сега од кога ги присилија Германците да произведуваат, што повеќе ќе се вози Тесла или остали.
Кај нас сум видел доста хибриди,1 bmw i8, а Тесла 2 имам видено.
А за Тесла електричните автомобили, најтопло ти препорачувам да си купиш еден. Ама исто купи си и кожни ракавици и топли чизми, зашто во зима тешко и 100км да поминеш. Пријател мој има видено во Австрија (скијачки центар) како полицаец со сопственикот туркаат Тесла. Ги прашал што е работата, му рекле епа кога е студено, батеријата брзо иде капут или па одма се празни :toe: . Таква технологија и ние имавме, ама ја викавме Југо :D
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Тебе изгледа не ти е јасно. Збориме за субвенциите што ги добива Тесла од државата, преку 4 милијарди, а не само ти ако се решиш да купиш електрично возило.
Значи не е само Тесла. Ако Мазда одлучеше да гради фабрика за електрични возила со 5000 вработени како што прави Тесла, ќе ги добиеше истите придобивки како и Тесла. Ако Рајтеон одлучеше да гради ракети за транспорт на карго до МВС ќе ги добиеше истите средства како и СпејсИкс.
Пак ќе повторам, условите важат за сите. Но тие субвенции што ги добива Тесла се ситница во споредба со она што имаат вложено во последните неколку години. Знаејќи ги огромните трошоци, ретко (никоја?) компанија не се одлучи да прави таква голема инвестиција, пошто нели, профитот им беше помил. Ова не важи за Маск, кој секоја пара што ја има ја вложува повторно во развој.

А тоа кој им е крив на големите автопроизводители што не прават електрични возила сам се негираше со последната реченица. Значи направено имало, ама немало интерес, затоа реков, маркетиншки е заслужен за нивно користење.
Напротив, интересот за електрични возила е голем, но не ги произведуваат доволно бидејќи автопроизводителите се потпираат на возилата на внатрешно согорување, т.е. дебелиот профит што иди со нив. Последен и најконкретен пример за ова е случајот со Шевролет Болт, возило за кое има огромен интерес, но Шевролет не го произведува во доволен број за да ја задоволи побарувачката.

Плус државата сигурно нема (не може) цело време да субвенционира купување електрични возила. Што кога ќе престане ....
Субвенциите важат за секој производител што ќе понуди електрично возило и важат до 200 000 продадени возила (ова за САД). Тесла продаде над 200 000 возила, што значи субвенциите за Тесла возила престануваат. И покрај тоа побарувачката на Тесла расти.

Ова кај си го прочитал ... и сакаш да кажеш Тојота и Боинг се глупави на економски план, не знаат да направат пресметка и стратегија како ќе им се одрази во иднина таа инвестиција
Пишав погоре, субвенциите се само мало делче од целата инвестиција. Некој не сака така лесно да се откажи од профитите.

Немало до сега таква ракета или не била во функција од економски побуди кај останатите производители ??
Значи ако не открил нов систем, или поефикасна да е, не е развој, туку поевтина ама на сметка на државата. Во што е подобра од Маск него од Боинг или Руските :toe: ...
До вселенската станица Мир, не знам кои ракети ги користат за носење на опрема и астронаути. Ако почнале на Маск за иди ми дојди ми, ОК. Ама ако не, за каква цел и корист се на Маск, освен за вселенски туризам ...
Лансирање со ракета на УЛА (ULA) или Аријана чини повеќе од 150 милиони долари. Лансирање на ракета од СпејсИкс чини 60 милиони долари. Скоро три пати помалку. СпејсИкс ги прави ракетите да бидат реискористени, што дополнително ќе ја спушти цената. СпејсИкс самите си ја изградија ракетата. Смешно е да зборуваме дали има развој.

Патем, овие погоре набројаните компании даваат услуги (лансирање на сателит, сонда и сл.) а не градат летала (сателити, сонди) за истражување, комуникација и сл.
Мир е одамна на дното на Пацификот.

Првин пишуваш дека другите не ги занимало, па после им паѓала продажбата o_O .
Баш ќе видиме сега од кога ги присилија Германците да произведуваат, што повеќе ќе се вози Тесла или остали.
Кај нас сум видел доста хибриди,1 bmw i8, а Тесла 2 имам видено.
А за Тесла електричните автомобили, најтопло ти препорачувам да си купиш еден. Ама исто купи си и кожни ракавици и топли чизми, зашто во зима тешко и 100км да поминеш. Пријател мој има видено во Австрија (скијачки центар) како полицаец со сопственикот туркаат Тесла. Ги прашал што е работата, му рекле епа кога е студено, батеријата брзо иде капут или па одма се празни :toe: . Таква технологија и ние имавме, ама ја викавме Југо
Ти ако имаш еден производ, продажбата оди одлично, ќе вложиш огромни суми жртвувајќи голем профит само за да направиш друг производ?

Да, има еден куп глупи муабети за Теслите. Не палеле во ладно. :LOL:
Затоа се најпродавани во една од најстудените земји во Европа, Норвешка.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Примерот со електичниов тротинет од погоре е исто како јас да појдам во Епл и Андроид темите и да напишам дека нема никакви иновации, мобилни телефони имало и во 1973. Motorola FTW!!!

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
B

Bafra

Гостин
Значи не е само Тесла. Ако Мазда одлучеше да гради фабрика за електрични возила со 5000 вработени како што прави Тесла, ќе ги добиеше истите придобивки како и Тесла. Ако Рајтеон одлучеше да гради ракети за транспорт на карго до МВС ќе ги добиеше истите средства како и СпејсИкс.
Пак ќе повторам, условите важат за сите. Но тие субвенции што ги добива Тесла се ситница во споредба со она што имаат вложено во последните неколку години. Знаејќи ги огромните трошоци, ретко (никоја?) компанија не се одлучи да прави таква голема инвестиција, пошто нели, профитот им беше помил. Ова не важи за Маск, кој секоја пара што ја има ја вложува повторно во развој.

Напротив, интересот за електрични возила е голем, но не ги произведуваат доволно бидејќи автопроизводителите се потпираат на возилата на внатрешно согорување, т.е. дебелиот профит што иди со нив. Последен и најконкретен пример за ова е случајот со Шевролет Болт, возило за кое има огромен интерес, но Шевролет не го произведува во доволен број за да ја задоволи побарувачката.

Субвенциите важат за секој производител што ќе понуди електрично возило и важат до 200 000 продадени возила (ова за САД). Тесла продаде над 200 000 возила, што значи субвенциите за Тесла возила престануваат. И покрај тоа побарувачката на Тесла расти.

Пишав погоре, субвенциите се само мало делче од целата инвестиција. Некој не сака така лесно да се откажи од профитите.

Лансирање со ракета на УЛА (ULA) или Аријана чини повеќе од 150 милиони долари. Лансирање на ракета од СпејсИкс чини 60 милиони долари. Скоро три пати помалку. СпејсИкс ги прави ракетите да бидат реискористени, што дополнително ќе ја спушти цената. СпејсИкс самите си ја изградија ракетата. Смешно е да зборуваме дали има развој.

Патем, овие погоре набројаните компании даваат услуги (лансирање на сателит, сонда и сл.) а не градат летала (сателити, сонди) за истражување, комуникација и сл.
Мир е одамна на дното на Пацификот.

Ти ако имаш еден производ, продажбата оди одлично, ќе вложиш огромни суми жртвувајќи голем профит само за да направиш друг производ?

Да, има еден куп глупи муабети за Теслите. Не палеле во ладно. :LOL:
Затоа се најпродавани во една од најстудените земји во Европа, Норвешка.
Вчера викам чекај да прочитам и позитивните работи за Маск и компаниите.
За пејпал имав слушнато, ама не знаев дека е роден во Ј.Африка :D

За ракетите нивни, НАСА ги користела за испорака на залихи до В.Станица, мислам беше Фалкон 9 и било поевтино него ли сама НАСА да ги развива. Што е нормално за секоја работа кога државна фирма би ја правела е поскапа, поспоро и понеефикасно. (y)
Не сретнав колку пари ја чини НАСА што ги користи Руските, би требало да е поевтино, но зашто да зависиш од Руси и таму да идат парите.

Значи за ракетите има корист што добива пари и се поразлични од другите (y) .

За хиперлупот тоа би било интересно доколку профункционира, но од безбедносен и здравствен аспект како ќе биде рано е да се знае. (y)

Сите други работи, фирми и производи тапа џонсон, плус зависни од државни субвенции. (n)
Овде убаво е објаснато:
https://www.google.com/amp/s/business.financialpost.com/opinion/lawrence-solomon-how-teslas-elon-musk-became-the-master-of-fake-business/amp

Тоа ти е исто како да кажеш Голдман Сакс и за осигурување АИГ се успешни и секоја чест, а Леман браќата глупаци. Голдман и АИГ добија небројани милијарди државна помош а после и регулации само во нивна полза. И другите можеа, требаа и ги исполнуваа условите да добијат, ама некој одлучил само овие, остали кључ на врата.
Последиците сега ги осеќа цел САД а и светот.

Примерот со електичниов тротинет од погоре е исто како јас да појдам во Епл и Андроид темите и да напишам дека нема никакви иновации, мобилни телефони имало и во 1973. Motorola FTW!!!

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Добар пример. Значи мобилни имало, војската првин ги користела и овчарите во Финска :D . Другите не гледале потреба да ги имаат. И на тач Епл мислам не ги измислил. Во тој момент немало интерес, народ немал потреба, економијата сеуште немала потреба.
Епл повеќе е заслужен за маркетиншки промовирање на истите. Дури и за дел од неговите производи требало деценија додека народ ги прифати, да се пробијат на пазар. Но не сум сретнал да добивале државни пари ни производителите ни купците за нивните производи.
Едно е сам да вложуваш пари за развој, а после државата да ти плаќа за користење на производот, а друго е државата прво да ти даде пари за развој, плус после за користење на тој производ.

А моторола треба да им си благодарен. Да не биле нивните инвестиции и развој, тешко и другиве ќе постигнеле нешто.
Пред неколку години бев на Македонија 2025, таму беше Мајк Зафировски кој работел во Моторола и поради него беше дојден член од тогашната фамилија главни сопственици на Моторола. Па беше добро искуство да се слушне од него лично за развојот, стратегијата итн итн.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Сите други работи, фирми и производи тапа џонсон, плус зависни од државни субвенции. (n)
Овде убаво е објаснато:
https://www.google.com/amp/s/busine...n-musk-became-the-master-of-fake-business/amp
Имам прочитано многу глупости за Маск, но најверојатно славата и/или успехот привлекуваат негативни луѓе. Стандард.

Биографијата на Маск вика дека сите пари од продажбата на Пејпал ги вложил во СпејсИкс и Тесла. За момент само размисли какви придобивки има/ме од Пејпал. Времето на СпејсИкс и Тесла допрва доаѓа.

Текстот од погоре е од Lawrence Solomon, скептик за глобалното затоплување (не можеше нешто подобро да најдиш?) и автор на следнава статија, велосипедот загадувал:

Ban the bike! How cities made a huge mistake in promoting cycling

Понекогаш се прашувам како вакви идиоти стигнале на позициите што ги имаат.

За субвенциите и поволностите пишав погоре, но намерно не пишав за сите субвенции што ги добиваат автомобилските гиганти за моторите со внатрешно согорување и за нафтената индустрија.

Сумата што само нафтената индустрија ја добива како субвенција е ненормално поголема отколку било кои субвенции што ги добива Маск заедно со целата еколошка индустрија (производители на соларни и ветерни електрани).
Проценките се дека тие пари се 5 трилиони долари на годишно ниво!
И тоа ова е само за нафтената индустрија која е тесно поврзана со автомобилската индустрија. Само во Германија неколку билиони долари одат директно во автомобилската индустрија како субвенции.

Да ги имаше Маск истите услови како и остатокот од авто индустријата денеска ќе беше трилионер.

Што е нормално за секоја работа кога државна фирма би ја правела е поскапа, поспоро и понеефикасно. (y)
Конечно во нешто да се согласиме. :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.669
Поени од реакции
38.847
Добрата работа е што Маск прави нешто корисно за луѓето, за разлика од другите авто компании кои уште сто години би произведувале дизели со еуро 3 само да штанцаат пари, Тесла со тоа што почна прва со масовно производство на електрични коли ги мотивираше овие големиве малце да размислат и дека ако не се адаптираат на пазарот ќе станат изумрен вид и еве гледаме се повеќе нови електрични коли, кои по 2020 нагоре уште више ќе ги има. Само за Бафра кој не верува во глобалното затоплување и секој пат кога ќе го запали голф тројката што ја има оди до ауспухот да се изнадише чист ваздух тоа е будалаштина Маск што го прави и целта му е само да ги украде милијардите на американците.
 
Јас сум ПРОТИВ за било какво субвенционирање од државата. Тоа на крај секогаш го плаќа народот. Никаде не сум спомнал дека другите автомобилски гиганти се чесни или што ти ја знам.

За тој Соломон појма немам кој е и што е, ама многу просто е напишано за секој да сфати супштината која ја зборам за субвенциите. Се што напишал, точно е, а последиците сите ние останатите си ги плаќаме.

Збориме што добро видело човештвото од тие производи. Пејпал не е спорен а не е ни муабет. Ракетите ете видов дека ги користи НАСА до МИР да носи залихи, а кај да е, ќе почнат и астронаути. Времето ќе покаже дали фирмите на Маск ќе просперираат или без субвенциите ќе ојдат курбан.

Ти не сум сигурен дали си глуп или си трол. Најверојатно првото ама еве ќе си речам дека си второто.

Доколку малку уклучиш мозокот че сфатиш колку врска немаат електричните автомобили со зелена енергија. Нема да те учам, остани си "трол".
А голф ниту сум имал, ниту планирам да имам, многу ми се тесни и нереално скапи возила.

Големиве Маск НЕ ги мотивираше. Тоа се гледа од стстистиката, секаде кадешто државата прекинала субвенции на електрични возила, продажба е НУЛА или едноцифрена.

Сега власта ги присилува да се префрлат, ама тоа СКАПО ќе ги чини тие држави и народот што живее таму. Работни места ќе се намалат, поскапи се, субвенции не може да траат бесконечно, како што е пример со Данска, Хонгконг и слични.
Баш ме интересира колку народ после 2020 ќе вози електрични возила, а и од кои извори ќе се добива таа струја. Зашто на пример во УК само, доколку се префрлат на електрични коли, ќе треба бар 5 нуклеарни централи да направат за да задоволат пикот.
Ај се продолжи да се правиш смешен, зашто за паметен треба уште многу да читаш :pipi: .
 
не знам дали си будала или се правиш? Од каде сега нуклеарни централи почнаа да ти се гледаат? Тука збориме за возила и нивното штетно влијание, ама гледам тоа немаш капацитет да го сфатиш. Али не ти замерувам, сигурно си од оние ликови што сметаат дека и пушењето е здраво и дека све се тоа измислици за да се уништи тутунската индустрија.
 
Аааа ти си бил од тие што треба да им се црта....
Ако имаш илјадници електрични возила, како ќе покриеш количина на електрична енергија за да се наполнат .... Затоа иди малку прочитај, па исмејувај ме. Вака само сам се пеналиш :P
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482

Планот е да се искористат во систем со обновливи извори на енергија како склад на самата енергија. Од технички аспект најголемата негативност на обновливите извори (сонце,ветер) е нивната непредвидливост и неможноста да се складира таа енергија.
Дури и пак да се генерира енергијата од конвенционални извори подобро е загадувањето да е во област кај што не живее никој него во самиот град.
 
Ок, штом си свесен за обновливата енергија, како ќе се справиш кога нема да биде доволно енергија од тие извори....
Притоа да не заборавиме дека и тие се субвенционирани :sneaky:

А за загадувањето што го напиша, како прав Македонец. Шо го вртам комшијата само мене да ми е убаво (y)

Битола нека се гушат, се додека Скопјани имаат доволно струја во било кое време. :D
Така можеш ама за последиците ако не ти, твоите деца и внуци ќе ги осетат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Ок, штом си свесен за обновливата енергија, како ќе се справиш кога нема да биде доволно енергија од тие извори....
Притоа да не заборавиме дека и тие се субвенционирани :sneaky:

А за загадувањето што го напиша, како прав Македонец. Шо го вртам комшијата само мене да ми е убаво (y)

Битола нека се гушат, се додека Скопјани имаат доволно струја во било кое време. :D
Така можеш ама за последиците ако не ти, твоите деца и внуци ќе ги осетат.
Не си ми јасен, сакаш поеколошко а криво ти е што се субвенционирани? Ако не ајде да останеме со струја на јаглен, дизели низ град и да живееме во смог зашто е најефтино?
Има доволно потенцијал од сонце,ветер и хидро ако не целосно бар во голем број да се заменат конвенционалните горива. При тоа дури и кај тие конвенционални има разлика во загадување, не се сите централи изградени во населени места како РЕК а има централи и што помалце загадуваат ( гасни пример). Па сеа напраи математика дали е поголемо загадувањето од тие централи или од милион возила што ти брчат под нос?
Единствен проблем во целата работа со екологијата е цената, луѓето си живеат од денес за утре и не сакаат да плаќаат поскапа струја или поскапи возила за да живеат еколошки. Па мора да ги принудиш со субвенции и тн, бидејки никој не го боли коа ќе му земеш индиректно пари преку буџет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom