Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.551
- Поени од реакции
- 5.230
Ти врска немаш што пишувам. Пишав претходно, ПАРАВАН за испумпување државни пари, торко еден. Милијарди добиени се, а што е постигнато.
Ајна Маск, кога толку размислувате, толку и заслужуваме.
Условите за субвенции што ги има Маск се истите што ги имаат и останатите компании и поединци.
Градиш фабрика за 5000 вработени, автоматски добиваш попусти од еден куп држави. Без разлика дали се викаш Рено, Ербас, Тесла или Ејпл.
Субвенциите за електрични возила важат за сите производители. Дел користи Нисан, дел Шевролет. Тоа што не произведуваат ни приближно возила колку Тесла (а можат) е друг проблем.
Договорот со НАСА за транспорт на карго и астронаути важеше за еден куп компании. На крајот условите ги исполнија само 3-4 компании меѓу кои и SpaceX. Со таа разлика што Боинг наплаќа двојно повеќе за истата услуга, ама ај...
Развојот на моментално најмоќната ракета го платија сами иако владата се понуди да ги подмири трошоците.
Значи правилата важат за сите. Тоа што другиве производители на ракети и автомобили не сакаа да издвојат средства за развој (заради што би им се намалил профитот) сега ќе го трпат со жестоката конкуренција што ја добијаа. А можеа да ја избегнат ако вложеа навреме.
Да, не носи декади напред со развојот на куп технологии. Не заради што е генијалец, туку заради што никој досега не се обиде, во страв да изгуби профит.