Ех
@teneke тенеке, јас барем стенкам, вие офкате. Има разлика
Дај боже јас да сум грешка па да офкам после, бар населението нема да страда. Ниту еден мој пост не се ни потруди да го оспориш, да докажеш не е така, за разлика сите ваши постови и тврдења, покажав дека веќе се случиле во минатото и кога СО2 било помалку од денес.
Не објасни колку % учествува СО2 во стаклената градина, како тоа пропушта сончевата топлина од горе или па воопшто не добиваме топлина од сонцето
, а од долната страна СО2 не дозволувало да се лади земјата.
Не објасни ни на мојата реплика на твој пост дека црно ни се пишува со затоплувањето и покрај сите досегашни мерки од страна на државниот систем:
Чекај малку, што е ова сега, зар досегашните мерки СО2 кредитите
немаат ефект ...
Изгледа ќе треба други мерки да се превземат, како што планираат во Канада, секое домаќинство да си плаќа бидејќи емитува СО2
Многу други работи кои ги прашав, нормално на игнор, ќе ве снема на неколку дена. Сепак логиката треба да активирате, па да се чита, вака само залепи графиконче, некое тврдење, за кое одма се наоѓа контра аргумент, исмејувај се со другиот и
.
И покрај сите докажани и недокажани (ама очигледни) лаги од страна на државниот систем, луѓето сеуште слепо му веруваат
.
Се прашувам зашто душогрижници како вас, доброволно не плаќате СО2 данок, не возите електрични или хибридни возила, немате фотоволтаици, ветерници, топлотни пумпи. Или битно е да се збори, да си ја исперете совеста, а други нека работат, мислат и менуваат. Типично за човек, сите други луѓе да се сменат, само тој да остане ист.
Јас длабоко се извинувам што на вас фанатиците , верувачи во државното тврдење "глобалното затоплување предизвикано од човекот" ви го нарушувам системот на верувања. Нема да се повтори, аман немој само на клада да ме ставате.
Вие сигурно знаете како доаѓа а и кои се последиците од промена на половите, од движење на полот кон Англија, знаете и за влијанието на сонцето и the wobble of the earth. Сигурно знаете и зашто со намалување на сончевите дамки доаѓа до зголемена вулканска активност итн итн.
Веќе едниот верник ми објасна и "докажа" дека сите сегашни климатски промени биле последица од глобалното затоплување, а не само зголемување на температурите и топење на мразот. Додуша промени некои ставови врска сонцето ама онака срамежливо
Третиот верник изгледа прави планови како да спречи рудникот да почне да функционира.
Следно што тврдење што чекам е, дека зголемувањето на површините под мраз е исто последица на глобалното затоплување.