Прво (најстаро) сеќавање

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен мало бев и само се сеќавам на моментот кога се шетав со моите(не знам точно каде,ама мислам Буњаковец) и пробував црвени чевлички.:)
 
Па бев изгледа 3 или 4 години... Знам бевме на гости во стан. И тој човекот (да не речам домаќинот) ми вика ама да слушнат и старците мојте... Пссст не кажувај на никој со мене после ке одиме во зоолошка градина. И јас кефој ке одам во зоолошка. Кога дојде да си одиме... Се акав од земја, нееејјкам домааа ке одам во зоолошка. Ех ко ке ми текни.
 
хмммм обожавам да ја раскажувам оваа случка кога сум била мала :vozbud:
дошло време да се одвикнам од цуцла и еден ден мене ми ја снема, ја барав секаде, плачев викав ама ништо, и стоев на ѕидот над куќата на баба ми држејќи ја во раце мојата омилена кукла, еден гумен волк. И ми рекоа дека волкот ми ја изел цуцлата, ја кога почнав да викам, и и ја откорнав главата на куклата :pos2: :pos2: :)
 
Памтам како уште првиот пат кога се качив на точак со 2 тркала знаев да држам рамнотежа. Се учев со пони и уште не слезена ги наговорив комшивчината да се тркаме. Бев толку улава и палава што со најголемата брзина која можев да ја постигнам тогаш, поминав меѓу две жени раздалечени една од друга 75 см и веднаш пред една кола во вожња. Жените успеејаа да спиштат но не и да видат кој беше :icon_lol::kesa:
 
хмммм обожавам да ја раскажувам оваа случка кога сум била мала :vozbud:
дошло време да се одвикнам од цуцла и еден ден мене ми ја снема, ја барав секаде, плачев викав ама ништо, и стоев на ѕидот над куќата на баба ми држејќи ја во раце мојата омилена кукла, еден гумен волк. И ми рекоа дека волкот ми ја изел цуцлата, ја кога почнав да викам, и и ја откорнав главата на куклата :pos2: :pos2: :)

Хахахахах лудница friend. :)

Иначе и со мене вака слично една случка имаше од тоа одвикнување од цуцли. Зошто сум носела по три. Две во рацете и една на врат закачена со приврзоче... И никако да се откажам од нив.
Па мајка ми и ставила букова сол и ми ја дала едната.
Сум почнала да вриштам и да викам: „Мамооо, ова е лутооо!“
И мајка ми: „Па да, сега цуцлите лутат, ти голема си веќе, затоа.“
И од тогаш не сакав да ги видам. :)
Не се сеќавам јас на тоа ептен мала сум била ама од шо ми имаат кажувано моите.
 
Ова не смее да биде заборавено. Секогаш кога ќе завршев со нужда викав од веце готовоооооооо :pos:
 
Ги отворив очите и се наогав на кревето.Беше вечер.Мајка ми си дојде од работа и отиде горе да јаде а јас отидов со неа.Се ми беше некако ново.Ја гледав првпат својата куќа.Мислам дека сте го доживеале чувството кога првпат влегувате во некоја куќа.Тоа ми е првото секавање
 
Кога имав 3години избегав од дома хахаха бев кај тетка ми на гости и знам дека после тоа си добив ќотек хехехехехе :):):):):):):) нема тоа никогаш да го заборавам!!!Уште од мала сум била луда :)
 
Хехе..интересна тема...Ех, не знам колку имавме..Можи 5-6 години, ама памтам ко денес да беше..Си игравме со брачеда ми кај неа дома..уствари, не си игравме, се тепавме, ама онака, беснеевме, демек да видиме која е посилна..И..ко ќе видиме шо да видиме...Така дур се тепавме, и ја манав глата (ПОјма неам од шо)..и почна да течи крв...Леле мајко...Паники, паники...:):)И ај..некако се смиривме..И како сеа да кажиме дека и ја дупнав глата...Можи нема да не остат да играме пак заедно:):)И ај некако се извадовме..демек од фиоката ја мана..или не знам шо...Ако го прочиташ ова(а сигурна сум дека ќе го прочиташ)Маче извинииииииииии!!!!!!:):):)На нејќење беше..Сама знајш:)
 
Имавме по 7 години,не 5-6, и ме акна од ѕидот. Шетав со бела голема газа на глата една недела...ама забавно беше :) Простено бе злато :)

Инаку лош спомен ми е ко плачев пред вратат од градинката оти не можев да ја отворам сама.И не знам колку време сум плачела се дури не ме слушнале внатре негователките и ми отвориле..
 
:oftopic: Фала Маче..Сеа поубо ќе спијам..:):)(не дека не спиев):P
 
Некои 2 години сум имал, се сеќавам дека седев на плажа во Грција со мајка ми а татко ми излегуваше од море и имаше залепени алги по нозете.
 
Еееее имав околу година и нешто,не се секавам најубаво колку имав,ама беше кај мене на слава,а башка дека јас сум роден у ВМРО-вска фамилија,на слава,јас на маса пејам "Една мисла имаме" од Војо Стојановски и "Бисер балкански" таа не се сеќавам од кого беше... Многу чудна работа,ама на тоа се сеќавам... И ете сеа од мене музичар бидна...хаха
 
Многу чудно, се сеќавам на некои работи кога сум имала 2-3 годинки и од тогаш до 6 години ништо не се сеќавам. Паметам на 2-3 годишна возраст, кога бевме на одмор во Грција, го паметам буквално секој детал, секој муабет, прошетка, плажата, лулашките и фонтаната. Ама буквално се. Знам паметам многу бев среќна, толку среќна што никој не можеше да ми ја наруши таа радост.:helou:
 
Памтам на една журка.....отидов со тато,се вратив со мама!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom