Ги разгледував изминативе страни и воопшто не сум изненаден што главна тема е Gree и дали климата имала еднореден или двореден изменувач. Во одсуство на независно тестирање останува да се проценува способноста на греење на климата преку индикатори како тежина на надворешна единица, изменувач и слично. Најголемата маана во случајов е непостоењето на Eurovent сертификат за Gree или пак независни тестирања.
Еден од ретките независни тестови кои ги сретнав беше
https://www.test.de/Klimageraete-Nur-jedes-zweite-ist-gut-4722766-0/ но и тој се однесува на 2014.
Генерално моето сегашно мислење за Hansol е дека цената од 46000 без монтажа е во рамките на она што го нуди, или можеби малку преценет.
Малку ми е нејасно како Hansol со 1,3кг и 43кг надворешна единица има номинален топлотен капацитет од 4KW, 0,6KW минимален и 5KW максимален.
Fujitsu 12LMCA со 850г и 26кг надворешна единица успева да извади номинален капацитет од 4KW, минимален од 0,9KW и максимален од 5,3KW so 3.1KW на -7 за 3.000 денари помалку.
Panasonic 12RKE 990г и 34кг надворешна единица успева да извади номинален капацитет од 4KW, минимален од 0,8KW и максимален од 5,1KW so 3.3KW на -7 за 7.000 денари помалку.