Имам идеја, да направам малку поинтересно да ни е тука на форумов. Секој ден ќе објавувам по една - две информации за една компанија која мислам дека е интересна како инвестициска можност, но поради некои причини не е во главното поле на интерес кај инвеститорите. Уште од сега ќе кажам дека на крај нема да напишам за која компанија се работи, но некој што има доволно читано, и има искуство како инвеститор можеби ќе ги поврзи информациите и ќе ја препознае.
Првата информација е: Компанијата во првото полугодие од 2018 година оствари раст на добивката од над 60% во однос на идентичниот период лани.
2. Сеуште пазарната цена е под номиналната цена под која се издадени акциите, иако во меѓувреме компанијата растеше дома (ќерки фирми со 100% учество) и отвори и неколку претставништва во странство.
3. Компанијата секоја година ги вработува ТОП5 - ТОП10 (просек 10.0) студентите од соодветниот факултет.