Абе на страна од референдумот, дајте решение за некој ваков дневен проблем: во ЈП Македонски Шуми во Прилеп имаме уплатено за дрва, уплатени се уште од зимата, а еве дојде и следната зима и немаме добиено, не знам кога планираат да ни донесат, ако досега не донесоа кога беше суво, сигурно нема да успеат кога ќе почнат врнежите. Од она што разбрав по познаници и роднини, преку 60% од луѓето немаат добиено дрва, а демек директорот на ЈП Македонски Шуми имал фирмичка која доставува дрва приватно и неговите камиони работат со полна пареа, а државните скоро и да не носат, едноставно те носат до ситуација да ти пукне филм и ќе одиш да си ги купиш од приватниците по цена повисока за 400-500 денари за метар кубен.
Ај ако има некој инфо од медиуми нека им пушти муабет да расчепкаат околу ова, ова е претпријатие каде сите партии како што доаѓаат на власт си вработуваат стотици нови партиски војници, буквално не се знае ни кој јаде ни кој пие, а се крадат милиони секоја година и еден куп луѓе остануваат извисени без да добијат дрва.