Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали поднесе молба и ако да дали доби одговор? Јас уште од понеделник чекам одговор и не знам дали треба да ги бркам по канцеларии за одговор или само да чекам (надежно) да одговорат.

Ќе ти вратат, чекаат прво сите молби да ги соберат па после одговараат.
 
Мислење за предметиве? Што се учи, како се полага?
Интерактивни апликации.
Интернет програмирање.
ИТ системи за учење.
ИТ системи за учење е лесен предмет за положување, НО, многу захтевен.
1. Предавањата се задолжителни (носат 20% од оцената). Ако те нема на списоците, ќе мораш многу повеќе поени да правиш на етест + проекти.
2. Имаш 2 проекти за правење (по еден од колоквиум), исто така захтевни што одзимаат време. Тимски се проектните, така што во сите маки барем ќе се дружите.
3. Дел од материјалот е интересен, но, постојат такви делови што ќе ти се смачи да седиш 4 часа слушајќи го предавањето.
Сумарно, ќе изгубиш многу време за предметот, но нема да имаш потенцијални маки со оценката како што е случај со лошковска и нејзиниот предмет Интернет програмирање. Колку и да научиш основи на Јаваскрипт, од истата жена може да имаш трауми. А од друга страна, ако тоа те влече, слободно слимни си курс на Удеми (пиратериски ќе го побараш), па многу повеќе ќе научиш. :) ИП значи лесно се поминува колоквиумот со солидни поени, но тука постои (не)задолжителен проект што е претерано захтевен и ќе ти одземе можеби и недели за да го средиш комплетно. Од друга страна, истиот тој проект го оценува СЛ и големи се шансите да ти стави негативни поени (од положен да преминеш во паднат, а целта ти била повисока оценка). Да заклучам, одбегнувај ја женава ако сакаш да имаш подобро искуство со факултетот.
Интерактивни ако го одбереш, нема да погрешиш. Корисен предмет е.
 
Последно уредено:
Дали поднесе молба и ако да дали доби одговор? Јас уште од понеделник чекам одговор и не знам дали треба да ги бркам по канцеларии за одговор или само да чекам (надежно) да одговорат.
Немам се уште ..
 
Ако е ист новиот како стариот вовед во информатика тогаш многу е лесен.Прв колоквиум се учи нешто историја и libreoffice. Втор колоквиум се некои апликации за слики како scribus глупости и многу е лесно. Се полага теорија и пракса
https://mf.edu.mk/sites/default/files/voved_vo_kompjuterskite_nauki, MEUKIM014.pdf
 
ИТ системи за учење е лесен предмет за положување, НО, многу захтевен.
1. Предавањата се задолжителни (носат 20% од оцената). Ако те нема на списоците, ќе мораш многу повеќе поени да правиш на етест + проекти.
2. Имаш 2 проекти за правење (по еден од колоквиум), исто така захтевни што одзимаат време. Тимски се проектните, така што во сите маки барем ќе се дружите.
3. Дел од материјалот е интересен, но, постојат такви делови што ќе ти се смачи да седиш 4 часа слушајќи го предавањето.
Сумарно, ќе изгубиш многу време за предметот, но нема да имаш потенцијални маки со оценката како што е случај со лошковска и нејзиниот предмет Интернет програмирање. Колку и да научиш основи на Јаваскрипт, од истата жена може да имаш трауми. А од друга страна, ако тоа те влече, слободно слимни си курс на Удеми (пиратериски ќе го побараш), па многу повеќе ќе научиш. :) ИП значи лесно се поминува колоквиумот со солидни поени, но тука постои (не)задолжителен проект што е претерано захтевен и ќе ти одземе можеби и недели за да го средиш комплетно. Од друга страна, истиот тој проект го оценува СЛ и големи се шансите да ти стави негативни поени (од положен да преминеш во паднат, а целта ти била повисока оценка). Да заклучам, одбегнувај ја женава ако сакаш да имаш подобро искуство со факултетот.
Интерактивни ако го одбереш, нема да погрешиш. Корисен предмет е.
Оваа година најверојатно нема да има проект по Интернет програмирање така му кажала Лошковска на консултации на еден колега, но најубаво некој да ја праша уште еднаш...
 
И да нема, пак ќе ја искусат. Не сакам да означам колеги од форумот што иако имаа дадено точни одговори, таа како ненормална им ги скрати поените и на увид не знаела зошто им скратила. Нормално, поените не им ги дава :)
Ова го пишувам за Интерактивни и Кориснички интерфејси, бидејќи по ИП е задолжена само за проектите и организацијата на испитот (најлоша организација што може да се случи).
 
Знам и јас имав Кориснички интерфејси оваа година и го положив без да правам проектна која е незадолжителна (за среќа :D) така да знам дека крати на проектните многу. Токму и заради тоа што кратела многу поени и колегите се жалеле на тоа, затоа и немало да има проект по Интернет програмирање сега најверојатно :)
 
Последно уредено:
Знае некој кога отприлика ќе треба електронски да се пријави семестар?
 
Ke bideme izvesteni preku mail ili pak ke objavat na site-ot.
Знам тоа, ме дупи мејлот понекогаш не ги добивам сите пораки на време па да не испуштам случајно, затоа прашав.
 
За оние што се преместиле во друга насока , треба до служба да се оде за во икноу да се смене за внесување нов семестар? (Уште ја пишува старата насока) ?

Едит:
Предвреме прашав , ама ете го средиле тоа.
 
Последно уредено:
Што мислите која е подобра варијанта за трет семестар КНИ со оглед на тоа што имам Веројатност + Алгоритми:
1. Интерактивни + Интернет програмиње
2. Интерактивни + ИТ Системи на учење
3. Интерактивни + Напредно програмиње
4. Нешто друго?
 
Moже некој да ми каже Бази на податоци кај кој професор е најдобро да се слуша и каква е разликата во полагање? Кај едни гледам на компјутер се работи, кај други на лист. А исто ме интересира и колку Алгоритми е поврзан со овој предмет затоа што го немам положено.
 
Не е поврзан. Кај Кире/Слободан мислам дека ти е најдобро да слушаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom