Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој од постарите колеги да ми каже кај кои професори да ги слушам следниве предмети(да објаснуваат убаво).
-Алгоритми и податочни структури
-Компјутерски мрежи
-Интерактивни апликации
-Интернет програмирање
 
АПС - Предавања било кој, вежби Бојана.
КМ - Предавања Соња/Мишковски, вежби Ристе.
ИА и ИП немаш избор, ротираат и професорите и асистентите. Пример за ИА - една недела ќе биде Ивица, следната Лошковска.
 
Ај да прашам и тука
4та сум во корчагин насока ПМБ, прашањето ми е дали ќе се снаоѓам на финки со оглед на тоа дека бев пмб и нели не ги учев сите оние математики што се учат во пма. Дали нешто многу влијае предзнаењето од смерот средно за учењето на факултетот или не?
поздрав

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Јас 0 од математиките сум ги учел во средно. Ептен различна струка бев. Малку ќе ти бидат необични на почеток, ама со одвојување на голем дел од времето, материјалот ќе се совладе. На вежби и предавања ќе ги следиш подобрите професори и асистенти што го држат предметот. Тоа што нема да ти биде јасно, ќе може да прашаш на консултации кај професорот или асистентот. Ич да не те мачи недоволното предзнаење!

п.с. една порака и за бруцошите што го следат форумот
Честа грешка што многу студенти ја прават (вклучувајќи се и себе си) на почетокот на студирањето е недоволната посветеност кон учењето т.е. средношколските навики. Учев 2-3 дена пред колоквиум, што се за смеење од денешна гледна точка. Треба да се загрее сточлето секој викенд и да се вежба материјалот што бил предаван тековната недела. Нека е со среќа студирањето :)
 
Распоред планираат ли да извадат? Пак иста песна и годинава изгледа. Сите распореди ќе ги даваат ден и помалку пред полагање
 
Распоред нема и што да правиме утре да се сликаме?
 
Распоред нема и што да правиме утре да се сликаме?
Ако си бруцош, тогаш ова е одлично интро за тоа како ќе изгледа студирањето на ФИНКИ, добивање на резултати, распореди и сите работи кои треба да се очекуваат во одреден рок од надлежните лица.
 
Ние сме добиле распоред за полагање 3 часа пред одржување на самиот испит, а предметот го слушаа повеќе од 200 студенти. Ова што пуштија нешто помалку од 24 часа пред да се одржат предавањата, би рекол дека е очекувано.
 
Ако може некој да каже мислење за професорите...
Алгоритми и податочни структури - Мишев д-р Анастас
Компјутерски мрежи - Мирчев д-р Мирослав
 
Прва година...Уплав ме фаќа...дајте малку кажете за тоа од каде се учи, дали има книги, дали се професорите разбрани :)
 
Дали можам да си ја сменам групата и да бидам заедно со цимеров или тој да ја смени зависи како ќе одговара? xD[DOUBLEPOST=1538486460][/DOUBLEPOST]
Прва година...Уплав ме фаќа...дајте малку кажете за тоа од каде се учи, дали има книги, дали се професорите разбрани :)
Како што почнавме богами уплав сите не фати уште од прв ден....
 
Дали можам да си ја сменам групата и да бидам заедно со цимеров или тој да ја смени зависи како ќе одговара? xD[DOUBLEPOST=1538486460][/DOUBLEPOST]
Како што почнавме богами уплав сите не фати уште од прв ден....

Можеш, оди на molbi.finki.ukim.mk

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ако може некој да каже мислење за професорите...
Алгоритми и податочни структури - Мишев д-р Анастас
Компјутерски мрежи - Мирчев д-р Мирослав
Мирчев е многу одговорен професор и секогаш достапен на консултации. Проблем е што знаењето што го поседува потешко го пренесува на студентите и посетеноста на предавањата е ниска. Мој совет е да не го менуваш. Ако сакаш полесно да го разбереш материјалот, слушај кај Соња.
Од друга страна, при ниска посетеност, слободно може да си прашаш што не ти е јасно. Кај Соња рачунај дека 30 минути пред предавањето треба да си фатиш ред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom