Сеуште се мислам, дали можеби Монпелје имаше лоша утакмица, или ние со овој тим со огромни промени и заминување на клучни играчи, играме така лесно, комбинираме, се браниме.. Скоро перфектно.
Времето ќе даде одговор, а јас имам нешто да дополнам:
Дали сме свесни како народ, каков тим и клуб имаме у земјава, каков колектив, играчи, стручни лица, услови, публика..
Ние сме пример у Европа, за борбеност, за тимска игра, за тоа како не се откажуваме, за тоа како грми во Јане.. и за уште милион работи, децата мали низ Европа се вљубени у великанот Вардар, гледат идоли у моменталните играчи..
Овој Вардар заслужува полна сала и во Сеха Лига.
И уште нешто ќе речам, со зборoвите на Ел Команданте:
Почит!