Контактни леќи

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки, потребен ми е совет.. Имам краток вид долго носев очила ама сфатив дека не се за мене и одлучив да си побарам леќи. Пред 6 месеци отидов на очен лекар и ми ги дадоа AirOptix Astigmatism леќите..

Се е ок додека ги носам не осеќам ништо ама само по неколку секунди откако ќе ги ставам очите ми се закрвавуваат, ми се појавуваат како крвави ресички на белките. Отидов кај докторот ми даде нова течност за миење и ми даде и капки ама ништо не помогна, кога отидов пак ми рече тоа е нормално во почетокот.

Арно ама еве веќе 6 месеци си шетам со крвави очи, и неможам да ги носам повеќе од 2-3 часа бидејќи изгледам како да сум плачела со денови.. Во што е проблемот, сеуште ли не ми се навикнаа очите или едноставно моите очи не ги поднесуваат леќите?

Инаку водам максимакна грижа за нив, ги мијам пред и после ставање и сите тие работи, ги мијам рацете ја менувам течноста секој ден, во овие 6 месеци ги сменав 3те пара што ги имав купено а требаше да ми траат за цела година, и со сите е исто..

Што да правам? Не ми се оди пак кај докторов бидејќи не ми изгледа баш како заинтереиран за мојава состојба иако во мојов град е познат како најдобар.. Да пробам со некои други леќи но не ми се ризикува пак да фрлам 6000+ денари за повторно да ми се случува исто. Дали постои некакво решение, ве молам за помош? :(
Каква течност користиш?
 
Може да добијам одговор? :(
 
Може да добијам одговор? :(

Не може да е нормално да се шеташ со крвави очи толку време. Јас иам носено тврди леќи, не од оние меките, што се ко стакло во очи, па не сум имала такви иритации.
Оди кај друг лекар, пробај и со други леќи ако ти дадат, али ако ти се прави така постојано, врати си се пак на наочари.
 
Отидов кај друг доктор и ми ги препорача Pure Vision Comfort, 1 пар да ги пробам да видам дали ќе ми одговараат.. Дали некој ги користел до сега?
 
Колку што сум упатен јас, единствен кабинет за контактни леќи е во поликлиника Букурешт во Карпош. Можеби веќе 15 год одам таму, уште кога леќите беа табу тема. Професионалност имаат голема. Незнам што мислат други но јас би го упатил секој на преглед таму. Моментално работи една докторка. Да не дојде до забуна значи не е очен кабинет туку за леки. Државен кабинет.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Др Данка уште е во Румунска болница?
 
Дали некој има порачувано леќи од оваа страна? Цените за леќите со цилиндар им се многу поефтини од тие што ги најдов кога бев прв пат на преглед (пред месец-два), а и од тие што ми ги кажа докторката(бев во Букурешт, не ми текнува името).
 
Не знам за леќи со цилиндар, ама на сајтов обичните се бааги поскапи од оние шо ги купував јас.
 
Здраво,
Јас носам меки контактни леќи веќе 8 години и досега сум немал никаков проблем. Диоптријата не е голема -1.50 но очила носам само по дома, а за надвор ставам леќи. Ги користам Air Optix и не ги носам повеќе од 8 часа на ден. Доколку некој сака совет нека ми пише слободно. Иначе случано најдов еден сајт поврзан за контактни леќи, очила, болести вајда е нов. optometrija.mk
 
Препорака од каде да порачам контактни леќи најобични, без цилиндар и сл? Месечни или тримесечни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom