Контактни леќи

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
Ни јас не сум задоволна од Букурешт. Воопшто. Жал ми е што сум стапнала таму.
Докторката беше типично оговарачко настроено жениште, прегледите и се смешни, да не кажам никаква апаратура, плус како и членот пред мене, откога сменив леќи со наочари, сега одам да менам диоптер на секои 6 месеци пошто глупачата ми утнала и мене диоптер.
Јас мислам дека секој приватен е поарен од овие што работат таму.
 
Мој најдобронамерен совет е да не идеш воопшто во таа поликлиника.Прегледот таму и во приватна ординација е неспоредлив.Идев долго време во Букурешт и најсикрено жалам што некад сум идел таму,премногу се заостанати.Кога се префрлив на меки леќи осетив дека не глеам ко што треба,мислев да не е одреден период на адаптација али траеше цело време тоа.Откако отидов во приватна ординација и имав нормален преглед испадна дека во Букурешт ми го утнале диоптерот за цел степен!!Докторот не можеше да се начуди.
Нормално дека тие во Букурешт ќе ти кажат да земеш преку нив зошто лапаат процент они од тоа.
Мој совет ти е Д-р Ристовски во Капиштец,2-3 години идам и сум презадоволен.Прегледот е 500 денари(за првпат може и 800 да е)али барем знаеш дека ќе ти направат детален преглед.Претпоставувам дека има и други квалитетни приватни ординации али само кај него сум бил и одлично е.
Јас бев и тука во кавадарци и таму ист диоптер ми кажа сакам сега да ги купам векје преку глава ми е од прегледи ке ослепам скроз додека почнам да носам иначе ти благодарам за предлогод
 
Ни јас не сум задоволна од Букурешт. Воопшто. Жал ми е што сум стапнала таму.
Докторката беше типично оговарачко настроено жениште, прегледите и се смешни, да не кажам никаква апаратура, плус како и членот пред мене, откога сменив леќи со наочари, сега одам да менам диоптер на секои 6 месеци пошто глупачата ми утнала и мене диоптер.
Јас мислам дека секој приватен е поарен од овие што работат таму.

Пошто 3 пара леќи ги носам 6 месеци секад кога и мењам леќи идам кај докторот на преглед.Не сум обврзан да правам преглед туку можам само да си нарачам леќи.Али за секој случај си правам преглед.Исто и да напоменам дека откако идам во приватна ординација потполно ми се стабилизира диоптерот,во Букурешт ми беше во постојан мал раст.
 
Дали некој има искуство со медика плус за преглед за леќи?
 
Вчера бев во оптика и ми препорачаа леќи од AirOptix. Користи некој, какви се?
 
јас одам на преглед во Офталмос (Ophthalmos) поликлиника во Скопје , се наоѓа веднаш до Италијанска амбасада во близина на Рекорд. Инаку претходно долги години бев со наочари и во меѓувреме диоптерот многу ми порасан и ми се јавија цилиндри на двете очи , секако и претходните оптики што сум ги посетувала ми давале погрешен диоптер со што не ми се подобруваше ситуацијата постојано бев со вртоглавици и слично ,,за да на крај ко од Господ испратени случајно да отидам во Офталмос - преадоволна сум од прегледите и испитувањата , пред се - односот кон пациентите, и по нивна препорака си ставив леќи , и не им беше јасно како до тогаш на толку голем диоптер не инсистирале и не ми препорачале леќи како би ми стагнирал истиот , значи порано да сум отишла кај нив би го спречила тоа растење .
Инаку воодушевена сум од леќите - некоја нова генерација се , се ставаат еднаш и се носат 40тина дена БЕЗ ДА СЕ ИЗВАДАТ , со нив се правиш - спиеш , се бањаш (сао со затворени очи да не ти влезе вода) итн. Измислени како за мене - без тоа досадно брцање во очи постојано. Јас се преродив, прво зашто точен диоптер ми воспоставија , второ од револуционерново решение , трето од односот на докторот и останатиот персонал таму.
Поскапи се од другите леќи - и цената им варира во зависност од вашиот диоптер и тоа дали имате цилиндри на очите , кај мене излегоа 6000 ден. 3 пара леќи , истите се за период од 4 месеци. имате и само еден пар да купите ама така поскапо ви доаѓа , а уште поевтина варијанта има за 6 пара леќи ама тоа околу 9000 ден беше што мене ми р многу за оддеднаш да ги дадам.
Значи - препородена сум и сметам дека треба д аго споделам тоа со сите кои имааат такви маки.
 
Добро кој е проблемот, во цитираното го имаш одговорот.
Ако сте ебени мазохисти кој уживаат да се мачат во животот идете порачујте од Vision Direct

1.Значи на сајтот ги плаќате леќите и поштарината.

2. За недела дена ви се јавуваат од DHL Македонија да ве обавестат дека е стасана пратката и дека истата треба да се царини.

- Се пополнува Полномошно Ќе ти го дадат на Email кое треба да го испечатиш и пополниш и да им го пратиш на DHL
- Детално објаснување на мејл или писмено што има во пратката
- Доказ за плаќање према испраќачот. Извод од банка, Плакање на Paypal и сл.
- Изјава за вредност која ќе ти ја дадат на Email испечатена пополнета и потпишана и пратена во DHL
- Доколку немаш DAP, CIP, CPT ознаки на Invoice-от од VisionDirect ќе ти прерачунаат паушална вредност за давачките према државата.
- Дозвола за увоз од Министерство за Здраство во огринална форма.

Услугата за царинење е 1500ден. + давачките кон државата.

Ете ти. Добар провод до ДХЛ, Министерство за Здраство, Барање Принтери, Пополнување, Скенирање документи, Идење до Банки, Земање Изводи. Исполнет и квалитетен ден. Секако таквото уживање ќе треба да го платиш и со некој 2000 и кусур денари. Секое болно задоволство има цена.

Јас веќе ги нарачав леките и сега чекаат на царина(тоа е кога не се читаат форуми навреме ), па сакав да те прашам како се добива документот -Дозвола за увоз од Министерство за Здраство во огринална форма., дали треба да се достави лично во министерство(каде поточно), дали е тоа посебен формулар кој треба да се пополни, или може да се испрати обично барање по пошта(кои податоци им се потребни)?
 
Не ги земав леќите, ги вратив, така да незнам ништо од процедурите кој треба да ги поминеш за да ги земеш... али за секој случај биди спремна и крвна слика да ти побараат....
 
Теоретски треба да одиш до Министерство за Здравство и да им го побараш документот, прилично е едноставна процедурата. Не се сеќавам дали бараа некои документи, за секој случај можеш да ја испринташ порачката.
Иначе ако количината е за лична употреба (ако не е цела палета или осумсто парчиња де) не треба таква дозвола за увоз, ама тие во пошта се тули недопечени и замараат. Ова е информација од Министерството, мене ми бараа таква дозвола за еден пар штаки и кога отидов во Министерство се изначудија и рекоа дека освен ако не е некоја голема количина за продажба апсолутно е непотребна таа нивна дозвола.
 
Не ги земав леќите, ги вратив, така да незнам ништо од процедурите кој треба да ги поминеш за да ги земеш... али за секој случај биди спремна и крвна слика да ти побараат....
За да избегнеш такви ситуации пред да порачаш ќе побараш пратката да ти стигне обично преку пошта (или ќе ги прашаш дали може така) не преку ДХЛ или ФедЕкс или други слични компании.
 
Ма јасно беше декларирано дека ќе ги пуштат преку DHL
Проблемот што не се информирав и се излажав затоа што при нарачката од VisionDirect јас веќе платив поштарина на самиот сајт!!! а притоа леќите не чинеа повеќе од 45€!!!

Јас стварно незнам на кој начин функционира лоповлукот зван DHL. Ако некој роднина ти пушти документи од рецимо Германија и тој плати 10€ за транспортот логично е истите да ти стасаат на домашна адреса и ти да го испоштуваш примо-предавањето со еден потпис а не да правиш анализи на ДНК и да проверуваш дали си дустабанлија за една мочана пратка.
DHL никогаш!
 
Истото ми се случи и ги вратив назад. после тоа месец дена пребарував доставувач што користи пошта обична и најдов. А ДХЛ сакаат да се прават дека работат се по закон и се држат до некои глупи и нелогични процедури. Се разбира крајната цел секогаш им е да ќарат нешто ама смешна е сумата што сакаат да ја лапнат.
 
Zdravo decki imam recept za naocari: -075 na ednoto so axis 94 i -.0.5 na drugoto so axis 62. Pd mi e 61.
E sega jas dadov recept za naocari : -0.5 axis 94 so - 0.25 axis 62. Pd 61
Zosto sakav da ne e skroz jakiot recept, prasanjeto mi e dali AXIS ostanuva isto? Ili dokolku e prepisan poslab malce diopter od vistinskiot, dali AXIS vrednostite se menuvaat ili ostanuvaat isto?

Kaj mojot recept za ocila go napisav istiot AXIS, a isto taka imam i cylindder na dvete oci
 
Здраво
Значи носам леки од веќе 2 години, користам меки леки безбојни( soft lens), имам диоптер -4.25. Обично летниот период ми се појавува алергија односно чешање на очите и морам да ги извадам леките, поради цветањето на дрвјата, користам 3 врсти капки 10 дена, и чешањето престанува, еден пар леки носам некаде околу 3 месеци, дневно без прекин по 15-16 часа најналку, но откако престанав со капките по 2 месеци чешањето повторно ми се врати у тоа најизменично на двете очи, некој ако имал сличен проблем да ми даде совет!!!
Благодарам
 
Здраво дечки, потребен ми е совет.. Имам краток вид долго носев очила ама сфатив дека не се за мене и одлучив да си побарам леќи. Пред 6 месеци отидов на очен лекар и ми ги дадоа AirOptix Astigmatism леќите..

Се е ок додека ги носам не осеќам ништо ама само по неколку секунди откако ќе ги ставам очите ми се закрвавуваат, ми се појавуваат како крвави ресички на белките. Отидов кај докторот ми даде нова течност за миење и ми даде и капки ама ништо не помогна, кога отидов пак ми рече тоа е нормално во почетокот.

Арно ама еве веќе 6 месеци си шетам со крвави очи, и неможам да ги носам повеќе од 2-3 часа бидејќи изгледам како да сум плачела со денови.. Во што е проблемот, сеуште ли не ми се навикнаа очите или едноставно моите очи не ги поднесуваат леќите?

Инаку водам максимакна грижа за нив, ги мијам пред и после ставање и сите тие работи, ги мијам рацете ја менувам течноста секој ден, во овие 6 месеци ги сменав 3те пара што ги имав купено а требаше да ми траат за цела година, и со сите е исто..

Што да правам? Не ми се оди пак кај докторов бидејќи не ми изгледа баш како заинтереиран за мојава состојба иако во мојов град е познат како најдобар.. Да пробам со некои други леќи но не ми се ризикува пак да фрлам 6000+ денари за повторно да ми се случува исто. Дали постои некакво решение, ве молам за помош? :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom