Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
13 август 2013
Мислења
8
Поени од реакции
2
Здраво. Интернетот неколку недели наназад ми е 1/2 мегабити download, на Магента 1М сум и треба да биде БАРЕМ 7/8 и толку и си беше иако живеам во село и користиме вифи од повеќе уреди. Но веќе сега не се мрда од 1/2. Во контакт центар ми тврдат дека е или до тоа што повеќе уреди користиме или што живеам во село а не близу центар или некој сл изговор и не ни пробуваат да помогнат. Стварно не знам што да правам, некој совет? :/
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

Па во право можат да бидат доколку селото е далеку од локалната телекомуникациска централа преку која ти пристигнува телекомуникацискиот сигнал.

Како капак на сето ова, Магента пакет - кој опфаќа и Интернет и MaxTV - само дополнително го ослабнува сигналот, така да - во право се`, навистина не може ништо дополнително да се направи за да се подобри сигналот.

Држете се` настрана од Магента пакети доколку живеете во село, освен ако живеете во близина на локалната телекомуникациска централа.
 
Сфаќам :/ За ова не знаевме кога ја земавме услугата, не беше ништо од тоа спомнато тогаш. Дури подоцна кога почнавме проблеми да имаме...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Сфаќам :/ За ова не знаевме кога ја земавме услугата, не беше ништо од тоа спомнато тогаш. Дури подоцна кога почнавме проблеми да имаме...
Во салоните - не само на Македонски Телеком, туку и општо на било кој телекомуникациски оператор - никогаш не обрнуваат внимание на техничката изводливост за пакетот за кој корисникот потпишува обврзувачки договор, приоритет е да се врзи постоечкиот/новиот корисник со обврзувачки договор.

За волја на вистината, на помладите кои работат во салоните воопшто не им даваат инструкции за да вршат проверка за јачина на сигналот на конкретната адреса, единствено мораат да проверат дали постои основна техничка можност, односно пристап до приклучок, или не.

Проблемот настанува кога постоечки корисник кој користел само фиксна телефонија или само Интернет, одлучил да додаде и MaxTV или да земе Магента пакет. Кај постоечките корисници не се врши проверка на техничка можност бидејќи веќе се поврзани.

Техничка можност се проверува само кај нови корисници кои не користат ниту фиксна телефонија, ниту Интернет, ниту MaxTV од Македонски Телеком, и во такви околности монтерот/техничарот кој ќе го поврзува корисникот, мора да провери дали сигналот на конкретната локација е доволно јак и стабилен за пакетот кој корисникот го одбрал.

Инаку, секако дека има и исклучоци кај кои на нов корисник му одобриле пакет за кој однапред се знае дека технички не е изводлив поради слабиот сигнал на конкретната адреса.

Доколку услугата не е достапна согласно со техничките спецификации на пакетот што сте го зеле, а од Македонски Телеком не можат да го решат проблемот, тогаш нареден чекор е поднесување приговор до АЕК, но во најдобар случај можат да ви помогнат предвремено да се исклучите, односно пред да ви истече обврзувачкиот кориснички договор, а не и да помогнат во решавање на проблемот со слабиот сигнал.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.507
Поени од реакции
679
Здраво. Интернетот неколку недели наназад ми е 1/2 мегабити download, на Магента 1М сум и треба да биде БАРЕМ 7/8 и толку и си беше иако живеам во село и користиме вифи од повеќе уреди. Но веќе сега не се мрда од 1/2. Во контакт центар ми тврдат дека е или до тоа што повеќе уреди користиме или што живеам во село а не близу центар или некој сл изговор и не ни пробуваат да помогнат. Стварно не знам што да правам, некој совет? :/
Поднеси писмен приговор до Телеком а не само со јавување во контакт центарот
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Колку ви е брзината за download на Internet&TV M пакетот?
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ја доби некој оваа порака?
20180808_200157.jpg
Менито видов како изгледа, и може да кажам дека сум фасциниран. Конечно изглед од 21 век, а не оној што го тераат со таа си розевкаста боја уште од кога искочи Max TV.
(Иначе сликава ја сликав кај тетка ми во Струмица, случајно се појави па ја фатив. Кога ќе се вратам во Скопје после одморот ќе проверам дома и кај моите 2 IPTV уреди, па ако треба ќе ви кажам како е, дали сум задоволен или не.)
Може да се види како изгледа новиот изглед во Видеотека > Max TV Упатство.
Што мислите за оваа надградба?
Добар ли е новиот дизајн или не?
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Ставив интернет и Тв пакет од Т-Хоум во петокот и ми кажаа дека во текот на демот треба да добијам интернет. Веќе е недела и уште немам интернет, дали имал некој ваков проблем?
Имаат број 24/7 што им работи човек да се јави да провери или ќе треба да се чека?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Ставив интернет и Тв пакет од Т-Хоум во петокот и ми кажаа дека во текот на демот треба да добијам интернет. Веќе е недела и уште немам интернет, дали имал некој ваков проблем?
Имаат број 24/7 што им работи човек да се јави да провери или ќе треба да се чека?
Пред недела дена сменив пакет и за саат време ми беше направена промената.

Јави се на 122
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Зошто телеком не воведат некој пакет за домашен интернет преку 4G? Барем за население кое нема можности за оптички интернет и поголеми брзини. Еве јас од центар на скопје сум оддалечен само 7 километри по воздушна линија што е премногу малку, но жичано имам еден скапан АДСЛ што едвај стига 7 мбити. На лаптоп преку хотспот од мобилен стигам 50 мбити без никаков проблем. Барем нека воведат некои пакети со по 50 Мбити преку 4G. Возможно ли е ова? Бидејќи секако на некои места нема да стигне оптика уште 10 години кај нас...
 
Од телеком 4G не очекувај за домашен интернет, пошто сите знаеме какви се.
Иди со Неотел. Они имаат доста солидни 4G брзини а и рутерчето изгледа кул.

Има некој од Драчево да има 50/50?
Нели немаа Телеком во драчево оптика?
Знам читав по стари постови дека немале пуштено кабли до таму.
Едино вип што имаат оптика, ама таа не завршува кај крајниот корисник, па затоа брзините не се А - симетрични, бидејки до крајниот корисник мрежата завршува или преку бакарен или преку коаксијален кабел. Вип нуди оптика до дом, ама тоа е од некој си Lite паќет каде што интернетот оди преку мрежата на Телеком.
Е сега ако Телеком имаат пуштено оптика до драчево нормално е, можноста за максимална брзина да биде до 1 гигабит во секунда.
Ама, се обложувам дека на 90% од корисниците на Телеком, кои што се врзани на оптичката мрежа, за домашни услови не би избрале/немаат изберено гигабитен интернет.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Зошто телеком не воведат некој пакет за домашен интернет преку 4G? Барем за население кое нема можности за оптички интернет и поголеми брзини. Еве јас од центар на скопје сум оддалечен само 7 километри по воздушна линија што е премногу малку, но жичано имам еден скапан АДСЛ што едвај стига 7 мбити. На лаптоп преку хотспот од мобилен стигам 50 мбити без никаков проблем. Барем нека воведат некои пакети со по 50 Мбити преку 4G. Возможно ли е ова? Бидејќи секако на некои места нема да стигне оптика уште 10 години кај нас...
Ќе треба да ги прашаш во некој од салоните за хибриден Интернет - тоа е комбинација од ADSL/VDSL заедно со 4G Интернет, за што ќе ти дадат посебен рутер на користење.

Нели немаа Телеком во драчево оптика?
Знам читав по стари постови дека немале пуштено кабли до таму.
Едино вип што имаат оптика, ама таа не завршува кај крајниот корисник, па затоа брзините не се А - симетрични, бидејки до крајниот корисник мрежата завршува или преку бакарен или преку коаксијален кабел. Вип нуди оптика до дом, ама тоа е од некој си Lite паќет каде што интернетот оди преку мрежата на Телеком.
Е сега ако Телеком имаат пуштено оптика до драчево нормално е, можноста за максимална брзина да биде до 1 гигабит во секунда.
Ама, се обложувам дека на 90% од корисниците на Телеком, кои што се врзани на оптичката мрежа, за домашни услови не би избрале/немаат изберено гигабитен интернет.
Се читаш ли себеси дете ?

Токму АДСЛ значи Асиметрична Дигитална Претплатничка Линија.

Оптичкиот Интернет е` симетричен, а бакарниот Интернет е` асиметричен.

И не, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не е достапна во Драчево, но се шири низ Кисела Вода, па можеби Драчево ќе дојде на ред во 2019 година - ама само можеби.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Ќе треба да ги прашаш во некој од салоните за хибриден Интернет - тоа е комбинација од ADSL/VDSL заедно со 4G Интернет, за што ќе ти дадат посебен рутер на користење.
Дали секаде е можно ова да се изведи? Мене ме дели само една улица од оптичкиот интернет, а воздушно сум далеку нецел километар од централата на Телеком во нашиот град. Дали да одам да прашам во нивниот салон?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Дали секаде е можно ова да се изведи? Мене ме дели само една улица од оптичкиот интернет, а воздушно сум далеку нецел километар од централата на Телеком во нашиот град. Дали да одам да прашам во нивниот салон?
Прашај ги, ако живееш на помалку од 1 километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, тогаш би требало да имаш техничка можност за VDSL Интернет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom