Сфаќам :/ За ова не знаевме кога ја земавме услугата, не беше ништо од тоа спомнато тогаш. Дури подоцна кога почнавме проблеми да имаме...
Во салоните - не само на Македонски Телеком, туку и општо на било кој телекомуникациски оператор - никогаш не обрнуваат внимание на техничката изводливост за пакетот за кој корисникот потпишува обврзувачки договор, приоритет е да се врзи постоечкиот/новиот корисник со обврзувачки договор.
За волја на вистината, на помладите кои работат во салоните воопшто не им даваат инструкции за да вршат проверка за јачина на сигналот на конкретната адреса, единствено мораат да проверат дали постои основна техничка можност, односно пристап до приклучок, или не.
Проблемот настанува кога постоечки корисник кој користел само фиксна телефонија или само Интернет, одлучил да додаде и MaxTV или да земе Магента пакет. Кај постоечките корисници не се врши проверка на техничка можност бидејќи веќе се поврзани.
Техничка можност се проверува само кај нови корисници кои не користат ниту фиксна телефонија, ниту Интернет, ниту MaxTV од Македонски Телеком, и во такви околности монтерот/техничарот кој ќе го поврзува корисникот, мора да провери дали сигналот на конкретната локација е доволно јак и стабилен за пакетот кој корисникот го одбрал.
Инаку, секако дека има и исклучоци кај кои на нов корисник му одобриле пакет за кој однапред се знае дека технички не е изводлив поради слабиот сигнал на конкретната адреса.
Доколку услугата не е достапна согласно со техничките спецификации на пакетот што сте го зеле, а од Македонски Телеком не можат да го решат проблемот, тогаш нареден чекор е поднесување приговор до АЕК, но во најдобар случај можат да ви помогнат предвремено да се исклучите, односно пред да ви истече обврзувачкиот кориснички договор, а не и да помогнат во решавање на проблемот со слабиот сигнал.