Ти имаш грешка во начинот на кој го прелистуваш веб сајтот, бидејќи во спротивно ќе знаеше дека Internet пакетите се` едни пакети, а Max Optic пакетите се други пакети.
Internet пакетите - S, M, L, XL - се` поранешните Call & Surf пакети, односно доаѓаат со Интернет и со бесплатни телефонски повици кај фиксната телефонија и да, доаѓаат со поголема граница на месечниот Интернет сообраќај.
Max Optic пакетите - Start, Giga - се` истите Max Optic пакети од порано со кои не се добива попуст на фиксната телефонија, односно се плаќа дополнително за фиксна телефонија доколку корисникот планира да ја користи, а границата на месечниот Интернет сообраќај е` помала.
Исто така, Internet пакетите ги опфаќаат и бакарните ADSL/VDSL телекомуникациски линии, и оптичките телекомуникациски линии, додека Max Optic пакетите ги опфаќаат само оптичките телекомуникациски линии.