Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Со подобар болид да заостануваш 30 поени.. Под итно клоци на двајцава. За Алонсо да не праам муабет дека лагано ќе освоеше, еден Рикиардо да беше во Ферари сезонава па ќе земеше титула.
Премногу мани покажа Фетел сезонава, единствено нешто му е на сува трка и чиста патека пред себе што знае да вози најбрзи кругови. На дожд не знае, малце кога е ставен под притисок не знае. На страна оваа трка,
25 поени ги изгуби сам коа се улета по дождот во Германија. И му даде на Луис гратис 7 (25 место 18). Покрај сите глупости сезонава ќе беше 2 бода во предност, ама човекот се заби у банкина иако имаше 10 секунди пред Луис. Епа чорба.
 
Е па сега.. ако Ботас не вози како шо вози (како шо ке му наредат од бокс) тогаш вгодина уопште нема да вози или ке вози за Заубер, тој го знае тоа, и Кими затоа е толку време во Ферари само шо во случајот Ботас врши подобра работа од Кими

Фетел ми делува веќе како да нема ментална цврстина да се бори за титулата. Вакви глупости не се простуваат. Колку да го мразам Хамилтон, се гледа дека има човекот победнички менталитет и најбитно смиреност за пак да биде шампион.

Е то е разликата меѓу нив, кога е напред Ветел баш е брз ке направи разлика и потоа само менаџира, ако се доближи Луис овој пак ке нагази и мајсторски го прави тоа, ама кога е под притисок како денес не е прв, зад него Луис - пука. Кими подобро се носеше со притисокот од Луис, не попушти ама беше поминат кога веке се виде дека не оди работата т,е, дека гумите отидоа. Би рекол дека ова беше грешка на клубот а не на Кими, беше повикан во бокс, тој послуша - нормално и после видовме сите.
 
Со подобар болид да заостануваш 30 поени.. Под итно клоци на двајцава. За Алонсо да не праам муабет дека лагано ќе освоеше, еден Рикиардо да беше во Ферари сезонава па ќе земеше титула.
Премногу мани покажа Фетел сезонава, единствено нешто му е на сува трка и чиста патека пред себе што знае да вози најбрзи кругови. На дожд не знае, малце кога е ставен под притисок не знае. На страна оваа трка,
25 поени ги изгуби сам коа се улета по дождот во Германија. И му даде на Луис гратис 7 (25 место 18). Покрај сите глупости сезонава ќе беше 2 бода во предност, ама човекот се заби у банкина иако имаше 10 секунди пред Луис. Епа чорба.
Алонсо изгуби титула од Фетел пошто не можеше да го помине Петров цела трка во 2012, да не се правиме дека е господ за овие иако он си мисли за себе дека е господ. Убаво го спушти Магнусен со изјавата вчера после квалификации.

За Фетел се согласувам.
 
Зборуваме дека Алонсо лагано би тепал и освоил титула во ваков ферари ко шо е денес, тогаш кога Фетел освои титула пред Алонсо - тој РедБул со тогашниот Ферари - разликата како е како сега Мекларен со РБ, не ти е споредбата баш на место
 
Зборуваме дека Алонсо лагано би тепал и освоил титула во ваков ферари ко шо е денес, тогаш кога Фетел освои титула пред Алонсо - тој РедБул со тогашниот Ферари - разликата како е како сега Мекларен со РБ, не ти е споредбата баш на место
Да, во право си за ова. Моментално Алонсо сигурно би имал подобар перформанс од Фетел да е на негово место. За титула не знам, опасни се Хамилтон и Мерцедес, додека ваму само Алонсо би бил опасен Ферари му е хендикеп :ROFLMAO:
 
Уште не можам да укапирам како може да бидне толку глуп. Еве не знам кеве ми. Вака глупо и болно немаме изгубено од Сингапур лани. Има уште 8 трки, ама 32 поени оди анулирај ги.
П.С Прави свап Рикиардо со Ветел, што e многу многу е. Рикиардо со овој болид и негова смиреност ке беа тука со Хамилтон до крај на сезонава. Кими не го хејтам ако идеше пооштро да одбрани овој ке го притискаше од позади ке не можеше да се брани секако, или ке се бранеше и ке ги пукнеше гумите и ДНФ уште помалце поени за у конструктори.
 
Почит за Кими што бил на времето ама за кур не го бива веќе. Ни да претрка ни да одбрани позиција, ја не знам што мајка бара уште у Ферари. Мерцедесиве не се побрзи од Ферари годинава, а Хамилтон во 2 круга му избега 5 секунди. А, да не збориме колку се глупи у Ферари со тактика. Детска фора од Мерцедес им пуштија за влагање у бокс и Раиконен ако не се лажам прв беше у бокс после Фетел у прв круг. И уствари шо е тактиката на Ферари? Чекаат потег од Мерцедес. Со такви глупости срамота е да се надеваат на титула.
 
Дефинитивно Ферари а и Ветел не заслужуваат титула вака. 0 од константност. Дел и Ферари, на тркава паднаа на играта на Мерцедес за да може Ботас да го кочи Кими, претходната трка го е*ат Кими со гориво во квалификации (дали намерно не навлегувам, ако е така епа чорба, еве се ви се враќа), а и куп други трки претходно каде правеле фатални грешки со стратегијата. Имаш болид кој целосно е во можност ако не и во поголема предност од Мерцедес а си зад нив 30+ бода. Минатата година што се сјебаа во Сингапур се сјебаа, ама следни 2 трки тимот уништува, што со моторот во квалифициите во Малезија (тоа мислам беше проблем) па Вет стартува последен, што со свеќицата у Јапонија итн... Епа ваква работа на Мерцедес еднаш им се деси у толку години во Австрија само.

Ветел приказна сам за себе, коа е под притисок секад паѓа уште повеќе. Во Германија поклонче за Мерцедес. Денес јбг, што толку форсираше еб*го, Кими е прв кој ти е од ист тим, па и Хам да биде втор, он трет не е голема фрка у сендвич е британецот, Ботас далеку назад дури зад Верстапен, тимска од него поддршка нема, тоа се виде колку е во полза БОТ-РАИ-ХАМ за Мерцедес.

Кими мислам не е фер да го обвинуваме за изгубеното прво место. Да, можеби требаше да притисне повеќе во дуелот со Хамилтон, но на 10 (колку ли и да беа) круга со постари гуми ризик е, башка голем блистеринг имаше на задната лева. Проблемот беше што постојани беше зад Ботас, а се скоро исти со перформанси болиди, сите знаеме огромен проблем е следењето друг болид сезонава ако имате слични перформанси, и секогаш доаѓа до прегревање на истите при следење на болид пред тебе ако е <1s разликата, а со прегревањето доаѓа и блистеринг и тоа е тоа.
 
Еве кaкo изгледaa гумите нa Кими. И викaте требеше дa притисне пoвеќе? Oк.
2d4acc7864967fe20d1d4f6125e4779f.jpg


Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Еве кaкo изгледaa гумите нa Кими. И викaте требеше дa притисне пoвеќе? Oк.
2d4acc7864967fe20d1d4f6125e4779f.jpg


Sent from my LG-H830 using Tapatalk
А како да не изгледаат, кога со нов сет на гуми, 6 круга не можеш да го поминеш Ботас кој е на гуми стари 30 круга? На толку кочење, секако дека ќе изгледаат.
Не што не го помина, ни напад немаше никаков.
 
Алонсо е крив го уништи детето со резултатите, не успеал никој досега во ниедна екипа да го победи Алонсо..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom