Македонска берза

Н

невидливио

Гостин
Здраво и јас планирам да почнам со инвестирање/тргување на берза, би почнал со 2000-3000 EUR и секој месец би сакал да инвестирам дополнителни 500-600 EUR.

Целта ми е да остварам профит на среден рок 5-10 години.

Немам искуство со тргување на берза, Ве молам да ми дадете некој совет.
- Прво прочитај некој учебник од оние што се основни за економија. Самуелсон, Менкју на пример се ок автори. Околу 1000 страни се ама не се залудни. Ќе те научи да размислуваш за понуда побарувачка, да црташ графикони као што треба. Исто помага да предвидиш камати и инфлации и слично
-Потоа земи некоја книга учебник за финансиски пазари односно берзи. Во таквите книги одат подетално што и како. Ама пак се основи. тоа ти е едно 500 до 1000 страници.
-е откако ќе го совладаш тоа вид од Бенџамин Грахам има он за инвестирање, ми се чини неговата стратегија е уште нај ок. Можеш и некоја друга за стратегија да ја проучиш ако не ти се допаѓа неговата.
-Исто е пожелно и некои основи на сметководство да знаеш.
-корисно е ако знаеш и математика и физика добро пред се тука мислам на моделирање... Знае да ти се најде корисно.

Е после откако ќе ја имаш оваа теорија зад себе и знаеш што правиш и што значат цените можеш да почнеш па ќе видиш сам што и како. Времето ќе те учи. Ќе пратиш блогови на познати економисти, твитер, претплата на некои странски сајтови со анализи, форуми да го опипаш пулсот на малите инвеститори...И така натака

Имај во предвид дека Исак Њутн еден од најголемите умови изгубил во свое време големи пари...така да треба и малку среќа[DOUBLEPOST=1535241282][/DOUBLEPOST]За да не испадне дека ова е некоја теорија еве ти личен пример мој како знаењето од овие книги ми спаси солидн сума на пари иако не сум економист

Октомвриот лани еден мој многу близок пријател ми пристапи и ми рече ај брат бит коини да купиме. Поим неам колку беа ама знам растеа ко луди.
Ок се заинтересирав и видов дека во самиот дизајн имаат дефлаторни тенденции. И заклучив дека нема шанси на бизниси да им биде коин примарна валута. Јер дефлација и бизнис не одат заедно. Има и други проблеми ама овој е онака најлесен да го воочиш.
Потоа кога пробав да оценам на колку да влезам, на колку да излезам, колку е ризикот. Одговорот на овие прашања беше немам појма односно страшно несигурни оценки беа. Заклучок: Тоа е шпекулација, а не инвестиција. И не влегов во биткоини иако скоро два месеци другаров ме гњавеше да купиме заедно или да му дадам заем. Се покажа како добра таа одлука.

Најбитно според мене е да се разграничи помеѓу инвестиција и шпекулација.
Кога размислував дали да влезам во берзава пошо расте и тоа мошне помислив на следниве ризици:
-близу 50 посто званичен долг. надворешен долг не така мал. Со години минус на тековна сметка. бдп раст 0. Бајаги поврзаност со Турција. Намалување на даноци нема. За најмногу од една година, а може и порано Европејците ќе мораат да ги креваат каматите пошо почна инфлација да ги гризи. Името најверојатно нема да се смени,а со тоа знаеме дека си доаѓа изолација, можеби и санкции ви краен случај. И што е најбитно сеуште има меѓу популацијата оптимизам некој, а криза и шпекулативни напади удираат баш тогаш кога повеќето не ги очекуваат. За шок терапија и аранжман.
-значи ова се ризици онака со пола око што се гледаат, а не се мали. А за возврат на овие општи ризици колку би била добивката и растот во следниве неколку години? Никој не може да каже, ама под 40% годишно не треба да се прифаќа. А тука се и ризиците од самите акции значи, од самите фирми и стопански гранки во кои работаат.
Според мене се премногу големи ризици за да може купувањето на рандом акции да се нарече инвестиција. Повеќе мириса на шпекулација иако сигурно има по некоја поединечна акција што е отпорна на ризициве и ги исполнува критериумите за инвестиција наместо шпекулација. Ама тоа долгорочно онака 10 години плус.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Еве еден совет од чичо Буби. Тоа под услов да не почнете да студирате економија и финансии :)

На берза може да се заработи, ама и да се изгуби. За аматери поверојатно е второто. Тоа бидејќи се натпреварувате со професионалци и маркет мејкери...отприлике како да седнете на партија покер со профи играчи, а вие не ги знаете ни правилата

Заради тоа е најпаметно да инвестирате во високоликвидни компании, бидејќи таму е поверојатно дека цената е реална. Кои се тие? Оние кои го сочинуваат МБИ 10 индексот. Може да ги најдете на линков https://www.mse.mk/mk/content/13/3/2010/structure-of-index-mbi10

Меѓу овие акции, не сите се со ист ризик. Што значи ризик? Ризик значи колку може цената на акцијата да отстапува од вредноста на индексот: поголемо отстапување - поголем ризик.

Ако ги поделиме на мал среден и голем ризик доаѓа вака некако

Мал ризик ГРНТ МТУР ТЕЛ
Среден ризик АЛК СТБ КМБ НЛБ
Голем ризик МПТ ТТК ОХБ

Како ќе си го оформите портфолиото зависи од апетитот за ризик. Теоретски може да купите 1/10 од секоја акција, и ондак ризикот ќе ви биде 1. Во случајот немате толку пари (пошто не се исплати да се ставаат по 15-20К на акција, ради трансакциски трошоци и практичност), така што би препорачал да одберете 3 од горенаведените.

Јас да сум би лупнал на ТЕЛ АЛК и НЛБ моментално, а вие како сакате. Со среќа!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Мал ризик ГРНТ МТУР ТЕЛ
Среден ризик АЛК СТБ КМБ НЛБ
Голем ризик МПТ ТТК ОХБ

Со среќа!
Фина анализа Буби, само си можел ГРНТ да го рангираш во среден ризик, особено после големиот пад на градежништвото годинава.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Мал ризик ГРНТ МТУР ТЕЛ
Среден ризик АЛК СТБ КМБ НЛБ
Голем ризик МПТ ТТК ОХБ
Искрено и јас мислам дека Гранит е во графа на не толку сигурни, особено дека има доста осцилации во последно време ( распон од 10%).
Чисто да пријавам дека пред неколку дена купив неколку акции од НЛБ на 14100.
Мислам дека може да биде и под 14.000 ама не гледав попаметна акција во моментот за инвестирање.
Мојата анализа одеше во размислување дека Гранит би можел да падне на 700-750 и тогаш би била добра можност за влез таму, ТЕЛ и МПТ ги избегнувам.
Алкалоид и КМБ имам нешто, но сметам дека нагло и пораснаа акциите без некој пособен основ и постои можност за корекција.
ТТК ми беше во фокусот, ама одлуката падна на НЛБ
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
40
Поени од реакции
40
Ви благодарам на одличните и опширни совети!

Кој брокер го користите? Ве молам да препорачате некој.

Од досегашното кратко истражување што го направив ми изгледа дека Комерционална Банка има најефтина тарифа. (до 2.000.000,00 ден. 0,75% мин. 150,00 ден. по трансакција)

Дали сите брокери имаат електронски систем на кои може да се тргува во реално време или некои работат само со физички уплати?

Ве молам да ми појасните за трансакциските трошоци, пример доколку наеднаш купам 100 акции од TEL на 275 ден., тоа се 100 * 275 ден. = 27500 ден. за акциите + 0.75% за брокерот = 27706 ден.

Дали ми е точна математиката за трансакциските трошоци и дали има некои други трошоци?

Поздрав
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Не ти е точна. Имаш плус трошоци за берза и ЦДХВ. На комерцијална е некаде околу 1.05% со овие трошоци
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ова ти е провизија на трансакција од 40.000 денари, плус 200 денари трошоци за налог за префрлување пари во КМБ
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Штом сакате да почнете, за почеток вратете се барем едно 100 страни назад и читајте.
Со среќа и се надевам ќе бидете успешни
Малку се 100, тоа би го опфатило само последниот период.

Или од почеток или барем од 300тата страница. ;)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Малку се 100, тоа би го опфатило само последниот период.

Или од почеток или барем од 300тата страница. ;)
Од 0-100 пишува колку е супер берзата од 100-200 пишува дека берзата е превара и пропадната работа од 200-300 та има нешто за фундаментални анализи од 300-600 само фалење кој ја купил која акција...на кратко сиже на темава.:D
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.507
Поени од реакции
8.196
Мене едно ме интересира да прашам, може звучи дебилно, ама сепак.

Знам дека Македонија е срање држава во многу сегменти и можеби берза не е најдобра опција за инвестирање поради ризици од сите страни, мал праг на исплатливост, нестабилност, неизвесност и тн .
Прашањето е следново.
Доколку одлучам да поминам месеци во проучување на берзата и се поврзано со неа (а спремен сум за тоа иако неколку месеци проучување се малку), колку би бил минималниот "солиден" буџет за влез и инвестирање на берза?
Дали би препорачале на некој што има пример 3к евра на страна да ги вложи на берза ? Дали таа сума е ок за почеток? Или тоа е смешна цифра ?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Јас пропуштив многу добро време на берзата сметајќи дека се под 10-20.000 евра е ниско и не вреди за енергијата и трудот. Згрешив. На пример во тоа време STB се продаваше по 200 денари. Со цифра од 200.000 денари можеа да се купат 1000 акции од STB. Денеска со сите поминати дивиденди и моменталната пазарна цена би се направиле некои 1.400.000 денари или 7x почетната инвестиција.

Од денешен аспект гледано: Добра е секоја трансакција која е над 500 евра, затоа што се сведуваат трошоците на минимум. Со 3.000 евра може да имаш 6 позиции, или 3. Важно е да инвестираш во компании што добро работат.

Сепак јас, бар во моето портфолио за позиција ги рачунам таму каде што сум над 5.000 - 6.000 евра. Сметам дека таа сума е доволна точно сум ја проценил, да добијам некоја релевантна награда. Сепак некој за релевантни ги сметаат само оние акции каде имаат над 1.000.000 денари. Секој според можностите.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Мене едно ме интересира да прашам, може звучи дебилно, ама сепак.

Знам дека Македонија е срање држава во многу сегменти и можеби берза не е најдобра опција за инвестирање поради ризици од сите страни, мал праг на исплатливост, нестабилност, неизвесност и тн .
Прашањето е следново.
Доколку одлучам да поминам месеци во проучување на берзата и се поврзано со неа (а спремен сум за тоа иако неколку месеци проучување се малку), колку би бил минималниот "солиден" буџет за влез и инвестирање на берза?
Дали би препорачале на некој што има пример 3к евра на страна да ги вложи на берза ? Дали таа сума е ок за почеток? Или тоа е смешна цифра ?
Берза ти е најдобра можна легална опција во МК за инвестирање. Подобро нема...
И нема баш минимален влог. Реално ако ги одземеш фиксните трошоци за трансакција (може некој ќе објасни поточно) да не ти се над 2% за што мислам дека окулу 500евра е доволно.Така да во праска речиси и да нема минимален влог...остај ги народните “глупотворби“ дека милиони ти требаа. А за што би ставил пари со 3К евра можеш било што да земеш бидејќи е неколку пати над цената за најскапото парче акција како например ФЕРШ, МТП и РЕПЛ. Најдобро е сам да си читаш и да си одлучиш. Берзански советници се наплаќаат...
Еве ти една едноставна и бесплатна стратегија што можеш да ја направиш сам. Види кој се 20-30 најликвидни акции и секогаш купувај во ТОП 3 тие што порасналае најмногу за 6 месеци и проверувај на 6 месеци кој најмногу пораснале и ротирај. Наједноставна стратегија што функционира, а не треба време и некое посебно знаење.
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Можеби и не е толку скапа


Винарската визба „Тиквеш“ оваа година планира да откупи околу 30 милиони килограми квалитетно грозје, што е двојно повеќе од минатата година.

Можеби ама на овие цена мене не ме гледаат со вакви долгови и добивки. Ако пак мислат да земат 10м евра кредит за откуп и процесни трошоци тогаш се ке биде бар дупло оти гледам ланското грозје уште не е исплатено. Дополнително Свето одбивал БИП пиварата да ја префрли на Тиквеш ке ја развива преки м6.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Секој сам треба да си постави одредени цели и да вложува според нив, сепак тоа и не е така мала работа ако нема познавања од тоа како функционира берзата. Уште потешко е ако немаш познавања од економија/сметководство. Пробајте да ги прочитате некои од билансите и потоа објаснувањата што одат со нив.

Дури и да имате мал влог, тоа не значи дека нема да продолжите да инвестирате па со текот на времето може да се добие убава позиција во некоја компанијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom