Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
G
ko.png
Не е најдобро да се гледаат како апсолутни броеви ама сепак, ТОП7 акциите сите имаат горе доле добар раст на добивка закључно со кв2 2018.[DOUBLEPOST=1535350767][/DOUBLEPOST]https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/08/82186/
Од есен легално ќе купуваме имоти во странство
Објавено: 25-08-2018, 11:03
Zaev-Cipras-2a.jpg

Македонија наесен и формално ќе влезе во втората фаза од процесот на асоцијација и стабилизација со Европската Унија. Оттогаш македонските граѓани ќе можат легално да купуваат имоти во странство и да вложуваат во странски хартии од вредност. Мрднувањето од првата чекалница за ЕУ доаѓа по рекордни 14 години, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас му вети на македонскиот премиер Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во јануари годинава, дека Грција нема да ја блокира Република Македонија да ја почне втората фаза. Првата фаза почна на први април 2004 година.
Дипломатски извори од Брисел за „Независен весник“ брифираат дека формалното потпишување на одлуката ќе се случи есенва, не наведувајќи повеќе детали.

Во заедничката изјава по 14. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската Унија, кој се одржа на 13 јули годинава, стои: „Советот, исто така, го поздравува претстојното преминување во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација“.

Од Народна банка објаснуваат дека со формализирањето на влезот на Македонија во втората фаза од стабилизацијата и асоцијацијата со ЕУ, резидентите освен што ќе можат да вложуваат во недвижности во странство, да издаваат и да регистрираат во странство домашни хартии од вредност и удели од резидентни инвестициски фондови без претходно да добијат одобрение од Комисијата за хартии од вредност, ќе можат да вршат и упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство и да издаваат и регистрираат странски должнички хартии од вредност со рок на доспевање над три години во Македонија.
Конечно!:oleee:

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/08/82186/
На формалната одлука за преминување во втората фаза недостига само датум

„Треба да се има предвид дека терминот ‘хартии од вредност’ е релативно широко дефиниран во Законот за девизно работење, во членот 2, односно покрај акциите и обврзниците како конвенционален вид на хартии од вредност, овој термин ги опфаќа и деривативните финансиски инструменти и странски инвестициски фондови како поспецифични облици на финансиски инструменти“, укажува Народна банка.

Како целиот сет на измени ќе се операционализира, од Народна банка упатуваат дека е во надлежност на Министерството за финансии, кое би изработило измени на Законот за девизно работење, заради прецизирање на новините со влезот во втората фаза на ССА. Народна банка само ќе изврши соодветно приспособување на одредени подзаконски акти кои се во нејзина надлежност во насока на операционализација на овие одредби.

Во моментов, барем законски, граѓаните на Македонија не смеат да имаат недвижности во странство.

„Во согласност со чл. 11 од Законот за девизното работење, резидентите не можат да вложуваат во недвижности во странство. Исклучок се дипломатските, конзуларните и другите претставништва на Република Македонија во странство. Во согласност со истиот член од Законот, резидентите кои вложиле средства за стекнување сопственост на недвижност во странство (дипломатските, конзуларните и другите претставништва на Република Македонија во странство), се должни во рок од 60 дена од денот на настанување на правната основа за стекнување на недвижноста да го пријават вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Централниот регистар“, ја објаснуваат постоечката регулатива од Народна банка.

Анита Салтировска
 
Последно уредено:

Може ќе ги подизвадат дел од 5 -те милијарди евра што ги чуваат по банките.
 
Се надевам дека конечно ќе се легализира и тоа. А дали ќе има бегство од депозити, најверојатно лека полека ќе има само премногу не очекувам веднаш. Што некој зголемува средства во инструмент со 1% камата тешко е дека ќе се одлучи на нешто поризично. Како и да е редно е и ние да станеме нормална држава а не финансиски резерват.
 
Колку многу флуктуации има кај градежниците.
 
Денес Гранит +3% , Бетон +5 %
Ги знае некој резултативе пред време излеа , се очекува веројатно конечно да тргнат работите како што треба ...
 
Исто помислив. Ги чекаат последните 5 минути на 31.08 да ги објават извештаите. А некој што ги има информациите, си купува со време. :yid:
 
Ако продолжи Гранит со продажбата на акции од КМБ може тоа да го објасни растот на цената на акцијата. Очекувам пак да имаат лош квартал, првиот имаше оперативна загуба.

Сепак мислам дека ќе има корекција надолу кога ќе се објави извештајот.
Tnb i kmb denes nekoj si napravi dobar shopping. :)
 
Ако продолжи Гранит со продажбата на акции од КМБ може тоа да го објасни растот на цената на акцијата. Очекувам пак да имаат лош квартал, првиот имаше оперативна загуба.

Сепак мислам дека ќе има корекција надолу кога ќе се објави извештајот.
Od kade toa deka Granit gi prodava akciite na KMB?
 
ajmoo denes 10.000 akcii na 5150,00 si izigra dobro covekot ja nauci berzata :)
Cifliganec gi ima dadeno vo zalog KMB za kredit vo TNB da si dokupi pa bara sto poeftino DA DOKUPI :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom