Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bafra

Гостин
Да земеме хипотетична (но и можна реална) ситуација за три лавчиња кои ќе се родат и чуваат во заробеништво и кога ќе пораснат ќе ги оставиме во природа и на слобода. Реално сите три бргу ќе умрат затоа што немаат поим што е тоа слобода, не знаат да ловат (никој не ги научил-храната ја добиваат на готово), не се тренирани за живот во природа и се им е непознато и туѓо.
Кој тоа не држи во заробеништво од 1945 па навака ... Ако е заробеништво зашто народот не проба да се ослободи ...

Кој тоа е должен да те образува, освен родителите и самиот. Ако од 1991 па досега не сфатиле дека системот е корумпиран и не искористува, сите книги се џабе.

Лавчињата кога ќе почнат да им кркорат цревата, да видиш како ќе почнат да трчаат по се што се движи. И не споредувај животни со луѓе кои им е дадена свест, можност да мислат, да расудуваат итн итн.

Народ што не го образуваш и што бил со векови под туѓи ропства да очекуваш да знае кога, како и за кого да гласа кога во суштина изборот е мизерен (помалото зло) е несериозно и да се помисли. Не случајно сите светски преродбеници (од сите народи) акцентот го ставале на образование и едукација, без тоа немаш ништо. Какво е нашето (не)образование не мора да дискутираме.
Значи таков ни е менталитетот ама не значи дека тој е непроменлив.

Кој го расипа образованието... Самите ние, сакаме сите децата да ни имаат 5ки, па врски се фаќаат уште од градинка.
Кога се воведе Кембрич програмата се бунеше некој дека е ретардирана...
Зар треба некој да те образува, па да знаеш дека не е нормално:
- пратениците покрај платата да добиваат 10.000+ евра само за идење на работа. Сите други признато им е во висина на јавниот превоз.
- фатени во криминални дејствија и никому ништо
- самите си се издаваат какви криминали направиле и никому ништо
- деца не добиваат можност за лекување во странство за сериозни болести или немање услови да постават дијагноза. Додека на Протуѓер и останати со плава крв, за најобична интервенција на државен трошок во странство.
- трошење милиони за најнови автомобили за да се возат административци
- потрошени и задолжени 500 милиони евра за 10км пруга према Бугарија
- за тоа што 90% од судиите се корумпирани и врапчињата знаат а никој не бара нивна смена/казна
- да фрлаш ѓубре пред зграда
- да леташ на црвено /пешачки.
Итн итн, ја сфати поентата, НИКОЈ не се буни, само ако им кажат од штаб.

Ај порано немале интернет, потешко било за шетање, ама сега и покрај интернет која е неограничена можност за образование, покрај слободни граници и евтини летови да кажуваш сме необразовани, не си во право.
Кога идеме во странство сите можни правила ги почитуваме, а дома ко варвари.
Тоа сме ние, никој не ни е крив, сме одбрале таков начин на живот, со малку труд да живуркаме, да изиграваме жртви, да се надеваме господ ќе среди.
Ако сакаш промени МОРА труд и енергија, мора жртва некаква да направиш. А да викаш САД, Турција, Русија ни се криви е смешно.
Сите земји во дел од историјата биле заробеници па не се сите ко нас нели :D


Ако немаш избор, гласај и напрај го НЕВАЖЕЧКО. А не, ај помалото зло. Помало во моментот, ама да знаеш како лесно станува невидено зло.

За децата нема бесплатни или квалитетни лекови, бесплатни градинки у слободно место, бесплатна храна во школите, ама за политичарите и нивните хирови одма се наоѓаат пари.
Еве мал пример, Шеќеринска дала 500.000 денари во невладина на советник на Зајко... За кој К војниците кои офкаа дека немале основна опрема не се бунат а и ние со нив.
Пазарџиите биле среќни, ќе плаќале сега одреден износ, а ќе им се смета бенефициран стаж. Нели сме рамноправни пред устав, зашто за нив бенефициран... Плус за некоја година кога ќе излезат на виделина проблемите со пензиските фондови баш да видиме дали ќе добива-ат/ме сразмерно пензија.

Затоа следи ја изреката, кога си во Рим, прави како Римјаните и наврти капата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.688
Поени од реакции
16.895
Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на Лазо Велковски, процедурата за патувањето не била целосна
Министерството за внатрешни работи соопштува дека министерот ќе поднесе предлог до Владата за разрешување на Директорот на БЈБ.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од МВР.

-Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, стои во соопштението на МВР.

Јао Стивен Спилберг го.на да јаде !!!!
па што не ја прател со полициско комбе со решетки на задните врати или во крајна нужда со блиндираниот мерцедес ( ако е слободен, инаку со него се сслика внуката на зајко, керката на вЦко)
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
На фб страната - Чичко Кумплуг има мн јака слика се пресмеав. Грујчо - Ви реков ќе ме барате!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
Интересно, најпосетувана тема на форумов ол тајм е Бугарско државјанство (процедура и потребна документација).
Прегледај го приврзокот 195039
Повеќе и од темата резервирана за случувања во државава, "Смилковско Езеро" и било што останато на форумов.Тоа значи дека изминатава полу-деценија, секој граѓанин во МКД во просек по 3.5 пати ја има отворено темава и просечниот граѓанин повеќе бил заинтересиран на оваа тема отколку посуштински теми во нашава држава.Во друга смисла на зборот, повише кур го болело дали ќе стане бугарин отколку што се случувало во земјата.Ме интересира и би сакал да знам како може просечниот граѓанин изминатава деценија да бил заинтересиран за бугарски пасоши а денес истиот да е против организирање на референдумот.Me интересира како бугарско државјанство звучи попримамливо од промена на име, дали "признавањето" дека предокот на просечниот македонец бил бугарин е побезболно од промената на името?Дали мислите дека со начинот на размислување на просечниот граѓанин во нашава држава би можеле да опстанеме како држава без влез во НАТО и ЕУ?
...прашање колку посетители на ова тема на форумов биле македонци, така да ти не можеш да дадеш просек, туку може администратор на форумов според ИП адреса, да каже колку немакедонски никови се вртеле овде ете едноставно за пропаганда за добивање бугарски пасош, како прво
Бугарскиот ќе си го чуваш в џеб.Си влегол со МКД, ќе излезеш со МКД.
...не е вистина дека повеќе кур ги болело дека ќе станеле бугари, отколку случувањата во земјата, ете тие не се откажувале од македонскиот пасош и националноста како Македонец, едноставно си ја користеле шансата да си купат BMW и AUDI и некое џипче за безпари од Бугарија и да се курчат тука фаќајќи и подобра женска и оставајќи подобар бизнис дојам, па голем работа ако си додадат уште една националност - бугарско и да стане Бугарин, јас лично познавам такви луѓе со Бугарски пасош кои ми ја потекоа Стојна за ЕУ, а подалеку од Банско на зимовање не биле, како второ:D
Ако аплицираш преку член од закон кој не бара отпуст од предходно државјанство како што е например член 15 преку кој што одиме сите, Не мора да се откажуваш од македонско и српско државјанство, и ќе можеш и бугарско да земеш. Легално државјанства можеш да имаш колку сакаш АКО законодателството на тие држави дозволуваат повеќе државјанства, а за твоја среќа Македонија Србија и Бугарија го дозволуваат тоа но ако аплицираш под одредени членови на закон.
...дури дечките иделе до трето, па и четвро државјанство ако се можело, без откажување од македонското, тоа не значи дека се откажува како Македонец, како сакаш да ја извртиш работата, би прашала пак која е твојата цел? оти види ваму, тој ако е и Македонец, Бугарин, Шпанец по националност тоа не значи дека Македонија нема да ја биде, ама ако смениш име и ќе ја нема Македонија ќе биде Сверна Балканска прашање сите да останат еднонационални како Македонци државата што ќе биде ако ќе ја нема Македонија со своето име МАКЕДОНИЈА, ќе си бидат северно балканци, а овде малцинството ќе си останат со својата националност и со минимален нивни процент ќе ни го шупчат секој ден?
...и никој не спомнува зимање и на грчко државјанство од многу негрци ем неегејци по никаков основ, екс „локални патриоти“ дежаву од 2001 год, неодамна се отидени во Грција и станале Грци и к _р ги боли што се случува во МкД!

...и уште нешто, стравот од разни напади како двојазичност, федерализација ...Нато нема да ни го реши проблемот што сите толку Нато па Нато, ТОЈ не се меша во конфликт меѓу нејзини членки, пример со Грците и Турците во Кипар... што мислите ако влезиме во Нато не може да ти се повтори насилен влез на паравојска од држава што е исто милениче на Нато :pos: или ситуации како...овој радиоактивен отпад мора да го земате ....или овие мигранти вие мора ги згрижите ....или мора да бидете вака и вака опремени со толку пати ќе ни бидете должни....:misticen:
...прашање,
во Втората Светска Војна, кои највише човечки жртви дал? и чија заслуга е уништување на Нацистичка Германија и ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СВЕТОТ? м?
рекоа ...да не се повтори , НИКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ, а како што гледам веќе е заборавено... :facepalm:



 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Волку оставки и разрешувања во бјрм нема од 1991 до 2017 колку последнава година дена, до сега се безгрешни беа фунционериве.
Имало исто како и сега. Можеби ќе го разрешат што немора да значи бидејќи е предлог а и да го разрешат ќе го стават некаде директор како сите до сега и овие. Од секогаш имало вакви работи но вешто се криеле, проблемот е што после големата победа на локалните и поддршката од ЕУ зедоа залет и мислат дека се незапирливи. И не е само овој колку има вакви што злоупотребуваат службени коли, дури никогаш ни не ги враќаат наработа дење ноќе, одмори, празници ...
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.641
Чекај сеа мрднатиов дали ќе го прифати разрешувањето или "нема да го дава" како Каевски :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
...
во Втората Светска Војна, кои највише човечки жртви дал? и чија заслуга е уништување на Нацистичка Германија и ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СВЕТОТ? м?
рекоа ...да не се повтори , НИКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ, а како што гледам веќе е заборавено... :facepalm:



Не можеш бре, Бијонфче, да забораиш нешто што не го ни знаеш.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Имало исто како и сега. Можеби ќе го разрешат што немора да значи бидејќи е предлог а и да го разрешат ќе го стават некаде директор како сите до сега и овие. Од секогаш имало вакви работи но вешто се криеле, проблемот е што после големата победа на локалните и поддршката од ЕУ зедоа залет и мислат дека се незапирливи. И не е само овој колку има вакви што злоупотребуваат службени коли, дури никогаш ни не ги враќаат наработа дење ноќе, одмори, празници ...
Да да, исто како на вељановски синот и ќерка му. За мијалкови ич да не праиме муабет, тие и деца од втори братучеди им возеа службени аута.
Било како убаво е да се види дека се даваат оставки, разрешувања враќање на грантови итн, за едно 50 години може и ќе станеме нормална држава ако продолжи ваквиот тренд, само под услов да не се вгнездат во секоја наредна влада криминалците од дпмне, ќути јас мислев ај каде без грешни туку и се оперирани од срам македонскиве функионери и политичари.
Ама не било така.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Да да, исто како на вељановски синот и ќерка му. За мијалкови ич да не праиме муабет, тие и деца од втори братучеди им возеа службени аута.
Било како убаво е да се види дека се даваат оставки, разрешувања враќање на грантови итн, за едно 50 години може и ќе станеме нормална држава ако продолжи ваквиот тренд, само под услов да не се вгнездат во секоја наредна влада криминалците од дпмне, ќути јас мислев ај каде без грешни туку и се оперирани од срам македонскиве функионери и политичари.
Ама не било така.
Истите фаци ротираат 20 години по сите партии и тоа е тоа копи пејст.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
И "докторката" фати Русија...
:facepalm:
...јас кажувам историски факти јас не зборувам ЗА СЕГА, ако историјата ти е слаба точка не значи дека ќе гориш во гасна комора или ќе се направи сапун од тебе? во МКД испогинаа толку Македонци како борци но на никого не им се знае гробот, сите де во српска, де во бугарска војска ...и кога дојде време да се знае МАКЕДОНЕЦ, АЈДЕ СЕГА ЌЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ од тоа оти Нато ќе не брани да не нападне „некој“ а кој не нападна до сега ( во понова историја да не речам вчера) и од каде? и кој им рече да не нападнат?истите тие што треба утре да им се крстиме.. а бе трагикокомедија :facepalm:
... некни кон мене дојдоа едно 5,6 кучиња онака како волци, немав време да реагирам...морав да се решам дали да бегам некаде да се скријам, дали да викам за помош или да им се пуштам онака со цела снага и глас онака уличарски... се решив за трета опција и ја расчистив ситуацијата иако срцето 200 на саат, што мислиш, да се свртев да бегам или да барав помош што ќе се случеше? читај меѓу редови (y)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
Не можеш бре, Бијонфче, да забораиш нешто што не го ни знаеш.
...пааа не знам, ајде кажи ти што знаеш, оти сигурно не си заборавил...зашто? и пред колку време- која година? си се преселил од каде и зошто? те читав на еден пост :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom