Јас едно те прашувам ти друго одговараш и затоа последен пат ќе те прашам.
Како ќе биде принципот победник со победник ако Левица (или друга рандом надетничка партија) освои најмногу албански гласови???
ВМРО-ДПМНЕ почитуваше непостоечки принцип, фантазија, бесмислица и затоа беа шутнати од ДУИ (без разлика доброволно или недоброволно) со реченицата дека таков принцип не постои и навистина не постои.
За другото немам што да дискутирам нема никогаш да се разбереме се додека грешките се бараат кај други ама никако кај себе.
Јасно ти кажав дека „победник со победник“ е дело на ДУИ. Не ме прашувај мене за тоа, туку нив. Јас не бев поддржувач на таа идеа. Само ми беше многу смешно кога лани ги лижеа своите плуканици. Ако јас дадам збор, нема шанса да си го погазам, како мивките од ДУИ. Тие ако беа „мажи“, немаше да се однесуваат како женски полови органи. Но, и тие беа натерани на тоа. Кој им е виновен! Значи, јас не сум оној ко треба да одговори за „победник со победник“, туку ДУИ.
А ВМРО ДПМНЕ беа „шутнати од ДУИ (без разлика доброволно или недоброволно)“ со образложение дека биле за СЈО, а првите не биле. Да пукнеш од смеа. Какво самопонижување, какво самодеградирање, да служиш за потсмев на секој кој ја памети 2006 г.
Не знам како појасно да ти одговорам. Не е тоа мој предлог, ниту сум го поддржувал. А го поддржуваше СДСМ, странски дипломати, во земјава и странство. Па ти види колку било тоа фантазија.[DOUBLEPOST=1533653561][/DOUBLEPOST]
Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на Лазо Велковски, процедурата за патувањето не била целосна
Министерството за внатрешни работи соопштува дека министерот ќе поднесе предлог до Владата за разрешување на Директорот на БЈБ.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од МВР.
-Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, стои во соопштението на МВР.
Јао Стивен Спилберг го.на да јаде !!!!
Леле, леле... ќерка му требало да „иде у Грчка“ со службено возило. Ауууу... дефинитивно оваа власт е шампион за производство на афери и скандали. Неверојатно. Па медиумите нема да можат да постигнат да ги објават сите. Толку многу гафови во единица време.. за Гинис.
Досега се воздржував од коментари за овој случај, а и за многу други, мислејќи дека има и доста шпекулации. И не само за овој случај,, туку години наназад. Ама, ова е веќе официјално соопштение. Машала. Колку сме расипана држава. Не Reset, туку Shut down ни треба. Па после да се притисне Power..