- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.955
- Поени од реакции
- 116.522
Овие играчи немаат врска со Сунинг освен Марио. Откако се тука овие газди се ругани од тебе, Гуарин и Александар, не знам можда има и некој друг ама вие тројца сте најредовни. Да, и јас сум ги пцуел кога имало потреба, ама вие ги пцуете константно, еве и ден денес ви се криви за се нешто.ffs сакаш кратко?
Таидер, Мвила, Роландо, Марио, Габриел, Шакири... - сите до еден сум ги ругал дека се просек и дека ќе флопнат, а ти за сите си се трескал в гради и си се расправал со мене.
Мислам дека сум јасен.
Значи прво и основно треба да сфатите во каква ситуација не преземаа Сунинг, на сред лето, не се знаеше кој пие и кој плаќа. И еве ги, после две сезони, и тоа за мене првата они не ја започнаа од почеток, сме неколку скалила погоре на секој можен план, нарочито направивме бум од маркетингшки и финансиски аспект.
Второ, и јас ги сакам Де Брујне, Хазард и Погба во тим, ама муабетот е колку се реални тие во сезони кога Интер не игра ЛШ и не стои добро на финансиски план. Како ќе привлечеш таков играч во таква ситуација? Што ќе му кажеш, еј Де Брујне ела брат играј за нас иако завршивме 7-мо место, место 10 милиони во Сити ќе зимаш 4 кај нас ама ќе бидеш прв играч заедно со Икарди. Едноставно во таква ситуација мораш да зимаш играчи ко Кандрева, Шкринијар, Весино и да се надеваш дека добро ќе се погодат, односно тука доаѓа до израз осетот за играчи на спортскиот директор и скаутите. Ете лани се погодија скоро сите сем Далберт, изигравме добро и се пласиравме во ЛШ. Епилогот е очигледен, Наинголан, Врсаљко, Азамоа, интерес за Модриќ, нешто што до лани беше можда смешно и апсурдно. Да не влезевме во ЛШ на местото на горенабројаните ќе беа Паредес, Стриниќ, некои си анонимуси од Шахтјор и Динамо Киев и ќе акавме глава од земја.
За мене трансфер периодот до сега е одличен, а ако го потпишат и Модриќ ќе им дадам 10ка, без оглед на тоа што не земаа крило на местото на Кандрева.