R.I.P. Oliver Dragojević

  • Креатор на темата Креатор на темата Atomic™
  • Време на започнување Време на започнување
И у што е тука големината жити све? Музичари треба да се големи луѓе, над политики, над омрази...

Мене лично ми беше побааги антипатичен као лик и досаден као пејач, ама мислев да не коментирам....додека не го прочитав ова и го видов на вести сега пред малку. Сабајле гледав на истава телевизија како Васил Хаџиманов и Матија Дедич како беспрекорно соработуваат, прво како луѓе, па после како музичари.
Имал овој некој личен мотив тоа да не го праи или белградската публика не го есапела за жив? Што е причата?

Не знам баш која е причината, бидејќи Оливер не зборел за тоа, но Оливер Мандиќ во едно инттервју има изјавено дека доколку направи концерт во Белград дека ке му ги убијат синовите (Е сега колку е точно може само да нагаѓаме)[DOUBLEPOST=1533046501][/DOUBLEPOST]
LoL, кој нормален ги споредува нив двајца.
Каков црн ДиноМерлин...Ме изнасмеја.

Друже верувај ми аца лукас, цеца и остали звезде гранда кај сељачанава наша имаат поголема репутација од нив двајцата. Мада пак знае дино мерлин да ги полни салите по Балканов...
 
Друже верувај ми аца лукас, цеца и остали звезде гранда кај сељачанава наша имаат поголема репутација од нив двајцата. Мада пак знае дино мерлин да ги полни салите по Балканов...
Полнење сали баш и не е некоја мерка за тоа кој колку вреди на уметнички план, за тоа си има критичари.
Полнење сали е мерило за тоа кој колку вреди на економски план, а мнозинството сељачаната не ми се ама баш никаков репер.
 
Оливер Драгојевиќ не може да се споредува со Аца Лукас, Цеца, Дино Мерлин. Сепак се пеачи со целосно различна музика и публика на концерти.
Кај Оливер се иде на концерти за да се слушне приказната во текстот, уживање во музиката седејќи на столче иако има и некој песни за играње. Додека пак кај другиве пред се Аца Лукас и Цеца повеќе е да се пие алкохол, да мрдаат колкови, газови, и да се паѓа у трансови од текстовите за неверство и што ти ја знам друго.
 
Оливер Драгојевиќ не може да се споредува со Аца Лукас, Цеца, Дино Мерлин. Сепак се пеачи со целосно различна музика и публика на концерти.
.
Да, благо кажано.
 
Човекот сепак си остана на зборот, колку и да ми смета малку дури и на мене. Има ли денеска такви луѓе, кажете ми?
Околу кариерата и самата личност, доволно е кажано.

Секогаш ќе биде тука со нас, тоа е.
 
Ептен ми е драго што му присуствував на неговиот последен концерт во Скопје, кога дојде во Борис Трајковски со Џибони. Жалната реалност е дека сите мои и наши екс ју музичари полека ги газат годините и им се одбројуваат настапите кај нас и воопшто, затоа и гледам да не пропуштам ништо на личности кои ми се драги. Можам да му знам стотина песни, а пак да не ги знам сите, можам да имам стотина негови омилени песни, а пак да заборавам да наведам некоја која ми е омилена. Оливер почивај во мир

 
Нека почива во мир. Нема да се правам голем фан, сепак не му ја слушав многу музиката. Како и да е Cesarica и Trag u beskraju секогаш ќе ги сакам.
 
Нека почива во мир, иако вторпат слушам за човеков.
Првиот пат слушнав како ми кажаа дека бил од едните со полош карактер.
 
Лесна му земја.
@Anon
Шо е бе ова Anone само умирачки..
Де Avicii, де овој раперот од Америка, де Stephen Hawking...
Таѕна Г0Дин@ :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom