Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Па што земате такви млади играчи ако не им гарантирате место? Само да заработите од нив и да ги праќате во Сасуоло?

И оној Пјаца бе колку глуп играч. Тогаш не одби и отиде во тим каде има поголема конкуренција, а кај нас лесно ќе си фатеше место во првиот тим и да напредува. Го повредата и позајмицата во Шалке, му падна цената и сега нека го нудат насекаде.
So me prasa mene, sinkir jas gi zemam.

Vo sekoj slucaj e dobro da imas mladi igraci, eden ke se pogodit.
Ama tim koj atakuva na LS i osmo skudeto po red nemoze da se osloni na mladi igraci so malce iskustvo.
 
толку е добар овај Ариас шо го потпишаа Атлетико, за најдобар играч бил избран во Холандската лига изминатава сезона. Читајќи ги критиките по социјалните мрежи за него 11 мил. би требало да бидат грабеж 26 години има плус.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Макс Мејер, талентот од Шалке, два месеци клуб не може да најде, изгледа за Кристал Палас ќе потпише.
 
Ич не ме чуди Реал да го пушти Модрич. Пред некое време се пишуваше за во Баерн, а во обратна насока Алкантара. Лапотеги сака да го користи Ковачич, а тој притиска премногу за да смени клуб. Ако гледаат едино спас во продажба на Лука за да го предомислат Ковачич да остани. Плус Перез само на профит размислува, цело лето негира секаква поврзаност со некој трансфер.
 
Големи трансвери се спремаат во позадина помеѓу најакиве клубови очекувам до почетоков на премиер лигата за десетина дена многу имиња да сменат тим.Челзи,Јунајтед,Барса,Реал,Баерн,Јуве,Интер и ПСЖ ке разменат една до две звезди плус Савич може да улета во некоја комбинација.
Челзи-Куртоа,Канте,Хазард,Мората,Батуш
Јунајтед-Рохо,Погба
Барса-Мина,Рафиња,Пако
Реал-Хернандез,Модрич,Ковачич
Баерн-Тиаго,Видал,Левандовски
Јуве-Ругани,Стураро,Пјанич,Пјаца+Калдара и Игуаин
Интер-Весино,Марио,Перишич
ПСЖ-Рабиот,Гуедеш,Кавани
 
Пишав неколку пати, нема да ме чуди уште еден клучен играч да замине од Реал после Зидан и Роналдо.

Читам ретардирани мислења сеа низ интернетов сеа дека не вредело да се дадат 70 милиони за Модриќ кој веќе бил пред пензија. Пирло беше во 10 пати полоша физичка спрема па одејќи пешки издоминиа во Јувентус, Модриќ е машина во споредба со тоа моментално. Истиот муабет ко со Роналдо. Таков играч вреди и 150 милиони. Интер би му бил одличен фит со Хрватите таму.

Иако и без него Интер има одличен трансфер рок. Склопуваат тим кој има доволна ротација да не се откаже од Серија А и да не биде декор во ЛШ. Одбраната им е топ, екстра лев бек, добар дефанзивен десен бек (Џони нема потреба да се жали веќе за бекојте), стоперите топ.

Средниот ред ќе им е убедливо најдобар во Италија во тандем заедно со Јуве ако дојде еден од Видал или Модриќ, и Брозовиќ игра ко на СП. Борха Валеро е шеф за Серија А и на овие години, Весино е одличен играч кој ќе напредува, Наниголан исто ко Валеро.

Нападот им е проверен со најдобриот напаѓач во Серија А прошливе сезони, плус Перишиќ, едино на десно крило немаат асален играч.

Сепак, во споредба со тоа што го имаа, постигнуваат ептен добар напредок летово.

За разлика од нив, Милан... па и подобро за нив што немаат толку активен пазар ко брукањето лани, вака бар само со Игуаин ќе биде проверено.
 
Има некоја сериозност во муабетите дека Зидан е на stand by да го замени Мурињо во Јунајтед ако овој лошо ја почне сезоната?

Колку што знам Sun први ја објавиле веста, а како што читам тука од подобро упатени форумџии Sun не е многу релевантен извор.
 
Некои од овие работи се како во животот.

Некој ќе ти рече добар си ама почекај да видиме овај шо ќе направи и ти ќе му речеш кој те ебе.

Сигурно Зидан ќе чека месеци да виде шо ќе напраи Мурињо па и тогаш дали ќе го викнат.

Додека не потпиши договор или преддоговор ништо не е сигурно.

Ако му се работи за пари утре ќе најдит работа.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Зидан моментално може да си го излади една година како ништо, и наредната сезона да бира кај сака да оди, буквално да бира. Во пол позиција е пред сите тренери во наредниот период. Јас мислев ќе се местеше да ја превзима Франција за европското 2020, али сега со успехот на Дешамп тешко да го тргнат овој.
 
Мене ми мириса дека се мести за во Јуве. Едино Алегри годинава да направи кикс и да отпадни 1/8 во ЛШ јас мислам дека ќе го набркаат ради Зизу. Со самиот трансфер на Роналдо тоа се најавува. И Роналдо да биди катастрофа(чисто сумњам) само Зидан(после САФ) испада дека знае најдобро да ги користи неговите способности. Тоа дека ќе оди во УТД е според мене чиста глупост и вест да го уцвикаат малце Моу за да седи мадро. Еве денес нова и подобра изјава за младите.
 
Иако и без него Интер има одличен трансфер рок. Склопуваат тим кој има доволна ротација да не се откаже од Серија А и да не биде декор во ЛШ. Одбраната им е топ, екстра лев бек, добар дефанзивен десен бек (Џони нема потреба да се жали веќе за бекојте), стоперите топ.

.

Бекојте никогаш не се гаранција дека ќе успеат ,посебно не во Интер каде после Мајкон со години се мачи да најди барем надпросечен бек ..Кансело беше малце подобар но со него управата ја заеба уште од самиот старт.

Од 2014 навака секое лето Интер ги менваше двата бека и ниту еден не се погоди се до Кансело па нема никаква гаранција дека ќе се погодат и Асамоа со Вршаљко..Додо,Џонатан,Телеш,Монтоја,Переира,Далберт,Елкан..и кој уште не се претера па пак играа Нагатомо и Ди Амброзио ....затоа ќе почекам да почни сезоната,да изиграат едно 10-тина натпревари па ќе даваме заклучоци
 
Не се занесувајте каков Модриќ во Интер :LOL: кога за него ќе се испотепа пола ПЛ да го донесе а и Баерн со ПСЖ нема лесно да пропуштат таква прилика..

И таа мала шанса да отиде во Интер ќе се случи само Икарди лета во спротивен правец
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom