- Член од
- 9 јули 2018
- Мислења
- 777
- Поени од реакции
- 638
Значи русиве поголеми македонци од нас самите испаднаа.Руските агенти протерани од Грција нуделе поткуп за масовни протести
Двајцата руски агенти кои беа протерани од Грција минатата недела, според пишувањата на Фајненшл Тајмс се обвинети дека преку бизнисмени се обиделе да поткупат функционерите од локалната власт, православни свештеници, членови на културни здруженија и екстремно десничарските групи низ северниот дел на земјата, за да се вклучат во протести против Договорот потпишан меѓу двајцата премиери Ципрас и Заев минатиот месец.
Се верува дека руските дипломати исплатиле пари на екстремно десничарски групи преку локален грчки бизнисмен. „За 20 000 до 30 000 евра, можете да купите голема подршка во места како што е Александрополис, каде што невработеноста е висока“ изјавил жител за весникот.
Планот на руските агенти бил откриен кога при при обид за поткуп на грчки воен офицер, тој го пријавил инцидентот на неговиот командант.
„Русите сакаа да предизвикаат прекин на разговорите за Договорот“, изјавил висок грчки дипломат за Фајненшл тајмс. Тие го засилија своето нормално мешање во (грчките региони )Македонија и Тракија, изјавил дипломатот за весникот.
Грчката Влада соопшти дека нема да толерира однесувањето со кое се прекршуваат грчките закони. Официјални претставници во Москва предупредија дека Русија ќе возврати реципроцитетно и ќе протера двајца грчки дипломати.
„Мислам дека ова е без преседан“ изјавил грчки официјален претставник за Фајненшл Тајмс. „Дури и во екот на Студената војна, Грција не потера дипломати од Источниот блок“. Грција исто така одлучи да не протера руски дипломати кога тоа го сторија повеќе европски сојузници за труењето на агентот Скрипал и неговата ќерка.
Фајненшл Тајм во текстот пишува и дека со „ Договорот се стави крај на спорот поради кој Македонија цели 27 години не можеше да се приклучи на НАТО и да започне преговори за пристап со ЕУ“ и потсетува на протестите организирани од националистите низ грчките градови.
https://novatv.mk/ruskite-agenti-proterani-od-grtsija-nudele-potkup-na-grupi-za-protest/
П.С не скокајте знам дека ради интерес го прават, ама мнозина тука пишаа дека немале никаков интерес.[DOUBLEPOST=1531659248][/DOUBLEPOST]
Ако до крајов на годинава, не го смениме името односно не ги направиме уставните промени, договорот пропаѓа и не се предвидени никакви санкции заради тоа. Уште повеќе дури и да помине(а нема) тогаш Грците ако не го ратификуваат пак пропаѓа без санкции. Без успешен референдум нема да може да го спроведат таќе да им останува единствена опција да ги намолат дпмне и троа полнење кутии. Тешко.Мислам дека не им беше целта да се прославува нешто, туку да видат колку се расположени луѓето за референдум, а ова само уште повеќе долеа масло во огнот, очигледно на народот му е скурчено и од едни и од други, па ќе мора чика Аљи да ги пали авиониоте. СДСМ со коалиционите багаж партии си има стандардно гласачко тело од околу 250-300.000 луѓе, е сега за успешност им се потребни уште околу 600.000 луѓе. Но без разлика дали ќе биде успешен или неуспешен референдумот, ние ќе мораме да го смениме името затоа што нашиот премиер потпиша меѓународен договор под капата на ЕУ, ако не го промениме името ќе јадеме еден куп санкции и ќе бидеме страшно изолирани. Единствена шанса за спас ни е ова име да не помине во грчкиот парламент - но веројатно ние дотогаш ќе ја извршиме промената на името.
Последно уредено: