СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Репрезентација ко Англија која се смета за крем во фудбалот не смее да се задоволи со борба за трето место при ваков сплет на околности и лаган жреб до финале. Па еден Португал кој е само Роналдо, при ваков жреб немаше да се задоволат со испаѓање во полуфинале. Значи како што реков, англичаниве имаа пенал кој тешко дека ќе го добијат во блиска иднина.
Баш напротив на овој светско никој ама никој не ја рачунаше Англија за крем на фудбалот. На предходните светски и европски да. Ама оваа година не беше тој случај. Ретко кој и даваше шанси група да помине и ги утепаа од зезање кога го извадија списокот со кој дојдоа на светсково. Така да ова и те како беше изненадување што дојдоа до тука и огоромен успех за оваа генерација на фудбалери кој ги има Англија.
 
Бадељ заслужува појќе минути .....Човекот претходно супер играше.
 
Англичаните собирале потписи за 16 Јули да е неработен ден...
Нека им биде...Сеа покрај тоа шо ќе пијат од ќеф ќе пијат и од мука....

За Лука и Ракитиќ веќе знаеме, али какви топки делеше вечерва јебениот Марсело Брозовиќ, па би му купил маица од тие ретардираните што ги рекламира. :cuc:

Многу ја крена формата, последните месеци во Италија, играта на Интер од него зависеше.
 
Еј дај бе олабавете со селските коментари, предобра беше утакмицава како и општо целото првенство со исклучок на 2-3 меча. Неизвесност, шанси, емоции, све имаше денес. Англија на хартија нема тим за кој пред почетокот на првенството би рекол дека може да игра финале, па ни 1/2 финале, али ете дечките стигнаа до тука сосема заслужено. Пред да серете и да се правите паметни нека ви текне на шансата на Кејн во прво, тука да погодеше за 2-0 други муабети ќе се тераа сега.

Ептен ми е мерак за Хрватска, мислев дека ќе ги стигне заморот ама напротив, покажаа дека имаат и менталитет и квалитет да играат финале. Ми се допадна уште пред почетокот што беше ставен Брозовиќ во првата постава, изгледа увиде селекторот дека ептен мртви беа на претходните два меча и немаа некако идеја во нападот, плус Модриќ го трошеа премногу.

Перишиќ конечно изигра добра партија, алелуја да му ебам тоа ужасната фаца, и ова не го мислам ради голот, него ради целокупниот придонес и во напад и во одбрана. Брозовиќ мислам дека пак беше меѓу играчите со највеќе истрчани километри на натпреварот, ко и увек.
Стриниќ е најслабиот лев бек на планетата земја, Пивариќ за него е Роберто Карлос, не знам кој кур го играат нон стоп... Ако игра и во недела прва постава тешко му се пишува против Мбапе.

П.с. Броз би го убил ради катанецот, значи сместа го отстранувам од репрезентација и го праќам на Голи Оток да поседи 30 години.
 
Ja84ktP.gif


 
Се ќе разберам, ама ова омразава на рандом следачи на фудбал од Македонија према Англија..
Во право си. Заслужено изгубија. Секоја и чест. Стварно нема потреба од рандом омраза.(y)
 
Ако играч кој ти е најдобар во нападот чоукнува на најбитните мечеви а претходно лечи фрустрации со маалски екипи, што е друго освен преценет?
... и да, тоа со менталната нестабилност задржи си го за домашните.

Па да имаше некој меѓу домашниве кој гледа фудбал и да го избереше Јувентус како омилен клуб поради некоја си причина (грд и негледлив фудбал полн со лежење, дајвање и симулирање плус е најкорупмиран клуб во светот) би се обидел да им помогнам, сигурно не би оставил да ескалира една таква ситуација до купување црнобели дресови да кажеме. За среќа тоа не е случај.

Ваков или онаков на крај ќе ја понесе титулата најдобар стрелец на СП а константно веќе 4-5 сезони дава 30+ голови во сите конкуренции, ама тоа сигурно те буни, играч што дава голови да биде ценет, како е тоа можно, зошто?
 
давајте статистика за претрчани километри, хрвативе играат ко симеоне да ги тренирал. мислам дека денеска почнаа многу споро и неможеа да си ги поврзат сопствените редови. како шо одеше утакмицава се повеќе и повеќе трчаа, невозможно и нелогично ми е мене ова. алал вера
 
Англија...
Дадоа гол, и во прво полувреме како-така туркаа.
Имаа неколку солидни шанси, но за жал без реализација.
Во второ полувреме се олабавија, без конкретни напади.

Хрватска...
Споро почнаа, но по голот "ставија во петта", и така до крајот.
Тимски дух и желба за победа. [emoji106]
Двојно повеќето шутеви (во гол и околу гол) се' кажуваат.
Драго ми е дека се финалисти.
Честитки! [emoji106]
 
На Англија им фали некој ЦМ играч барем минимум две класи послаб од Модрич и Ракитич.
Во наредниве 5 години јас не гледам таков играч да излезе од тимовите во ПЛ, може Фоден од Сити или да се молат Вилшер формата да си врати кога ги издоминира Чави и Иниеста:D.Се додека не најдат добар плејмејкер, кој може да држи посед и да контролира темпо, џабе им е.
 
Последно уредено:
Па да имаше некој меѓу домашниве кој гледа фудбал и да го избереше Јувентус како омилен клуб поради некоја си причина (грд и негледлив фудбал полн со лежење, дајвање и симулирање плус е најкорупмиран клуб во светот) би се обидел да им помогнам, сигурно не би оставил да ескалира една таква ситуација до купување црнобели дресови да кажеме. За среќа тоа не е случај.

Ваков или онаков на крај ќе ја понесе титулата најдобар стрелец на СП а константно веќе 4-5 сезони дава 30+ голови во сите конкуренции, ама тоа сигурно те буни, играч што дава голови да биде ценет, како е тоа можно, зошто?
Епа еве еден таков ментално нестабилен ја однесе Хрватска во финале додека другиов дава 30+ гола со Вотфорд, Саутемптон и друга боранија.
 
психа ги маваше англичаните после примен гол, и против Колумбија ќе го сркнеа ама денеска апла се гледаше. инстантно нозе му се пресекоа.
 
Азар----------------Ѕуба----------------Мбапе

-----------------------Модрич------------------------

---------------Канте---------------Ракитич------

Ернандез---Мегвајер--Варан---Павард

----------------------Пикфорд----------------------


Според мене најдобрите 11. Најдобар играч Модрич.
Ѕуба намерно го ставив оти другите напаѓачи ми беа мех. Кејн голови од пенали и на среќа, последнава утакмица се изгуби. Лукаку добар во групи, послем против Јапонија и Франција не се виде. Жиру да не зборам. Манџа ми беше онака.
Азар најдобар беше во Белгија, против Франција само он пробуваше. Други леви крила немаше.
За Мбапе и средината да не коментирам, јасно е искинаа.
Левите бекови најслаби на првенствово. Само Ернандез беше добар.
Позади Мегвајер искина, најдобар кај англичаните, Варан исто добар иако можеше некој од Ловрен или Вида.
Десни бекови јаки скоро сите. Павард, Трипие, Вршаљко, Мение. Се одлучив за Павард заради тоа што е ново име и заради голот.
Пикфорд или Лорис. Пикфорд ги спасуваше неколку пати за тоа он.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom