Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
А пробале ли овие Тамара, Билбилов, Маријана Станојковска и ред други фаци од јавниот живот што делеле со него и работа и приватен живот да му помогнат, на некој начин да го отргнат од тие работи ?
 
C

Castiel

Гостин
А пробале ли овие Тамара, Билбилов, Маријана Станојковска и ред други фаци од јавниот живот што делеле со него и работа и приватен живот да му помогнат, на некој начин да го отргнат од тие работи ?
Епа тоа е проблемот никој не се обидел да му помогне. Еве и овој тука што галами и кажува како му бил близок кога го прашав зашто не му помогнал дур беше жив прашува што да му помогнел. Битно сеа тука е најгласен а дур бил живот не се ни обидел да му помогне. Џабе му е сеа галамење толку. Тоа е тоа лицемерство.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Епа тоа е проблемот никој не се обидел да му помогне. Еве и овој тука што галами и кажува како му бил близок кога го прашав зашто не му помогнал дур беше жив прашува што да му помогнел. Битно сеа тука е најгласен а дур бил живот не се ни обидел да му помогне. Џабе му е сеа галамење толку. Тоа е тоа лицемерство.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Од она што јас видов во медиуми на погребот имаше многу малку естрадни уметници. Видов тука беше Драган и Мартин Вучиќ, Дани, Мартин од Некст Тајм, Билбилов, Сашко Коцев, Ламбе, Маријана Станојковска, Слаткар.... не ги видов Тамара, Елена Ристеска, Ристо Самарџиев, Јана и Ана Стојановска.. можеби директно отишле на гробиштата но ги немаше на поворката додека го носат на гробиштата (вечното почивалиште)
 
C

Castiel

Гостин
Од она што јас видов во медиуми на погребот имаше многу малку естрадни уметници. Видов тука беше Драган и Мартин Вучиќ, Дани, Мартин од Некст Тајм, Билбилов, Сашко Коцев, Ламбе, Маријана Станојковска, Слаткар.... не ги видов Тамара, Елена Ристеска, Ристо Самарџиев, Јана и Ана Стојановска.. можеби директно отишле на гробиштата но ги немаше на поворката додека го носат на гробиштата (вечното почивалиште)
Џабе биле повеќето. Чист пример Елена ристевска постира скриншотови како и бара дует да напраат да му помогне си ја крене кариета и му удрила игнор. Ама битно сеа тажи многу она.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Бејби, Елена, Билбилов...
Муабетот ми е дека сите ставија скрин шотс од тоа што тој им пишал ама никој не стави од тоа што и дали му вратиле, што ги прави хипокрити.
На тој од Весна се гледа дека му вратила...Сега колку е искрена во тоа не навлегувам, но жената се гледа дека му вратила.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.891
Алкохолот може да биде во еден единствен случај поштетен од хероинот, а тоа е поради тоа што е општествено и социјално прифатлив во друштвото, дури и е препорачан во меѓучовечки интеракции и како таков носи некој вид на прикриена опасност за која многу не се зборува. Хероинот сам по себе е ѓавол и најлошо нешто што можеш да си го направиш на себе, не можам да разберам како уште во 2018. година покрај толкав спектар на дроги мора баш по хероин да се посегне. Разбирам да запалиш, разбирам да кркнеш и да отидеш на журка, да повлечеш некоја линија уз жестоко и слично, али хорс за кој кур ќе ти е?[DOUBLEPOST=1531316999][/DOUBLEPOST]
Не ти е срам да спамираш едно исто? Да причекаме резултат од обдукцијата, па после дали ке ве има во темава со гнасниве лаги што ги ширите.
Види, јас ја разбирам до некаде твојата фрустрација и реакција, навистина. Но, не можеш да спречиш народ да пишува, сепак такви се луѓето, тоа е сасвим нормална појава. Од другата страна, ова се општествени проблеми за кои треба да се разговара, да не се бутка под тепих, да не се игнорира. Нема ние на кајгана да спречиме нешто, или да промовираме антидрога вредности и слично, но сепак погрешен пристап е да се игнорира загуба на млад живот и причината која довела до тоа, ме разбираш, посебно поради тоа што се работи за хероин. Ене некој пишал претпоставувам за хероин го праеле викендашки и не праел толкава депресија. ДА, во 99 посто од случаите така и се навлекуваат. Често го зимаат и за спуштање, тие што шмркаат бело ко ќе се нашмркаат претерано, па параноите и несониците ги решаваат со роба, што е многу многу погрешно и неразбирливо за мене.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Ристеска е дно дна. Ова не е ништо од нејзината глупоќа. Имаше муабет дека барала пари за да се појави на саат време и да помрмка нешто за новогодишниве празници за болни дечиња. Не е темата за неа, али сепак, да се знае дека е гној од човек.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Па не пишал (кој и да е тој) нешто непознато и нешто што се случува првпат. Копрофагијата, лицемерието и леењето крокодилски солзи при вакви настани се сеприсутни. Ако се додаде на тоа и некој тон простотилак и многу глупост (и беда, мизерија и сл.), ете ти македонска естрада.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Лицемерието е една од најлошите човечки „болести“. Не е ова само за јавни личности, мада секако дека за нив е поизразено. И онака кога ќе почине некој човек тие што до вчера кога бил жив најмногу го оговарале и му збореле зад грб најмногу плачат и кажуваат жалопојки. Сум видел и осетил и сам такво нешто, за мои блиски луѓе кои починале.

Нека почива во мир Влатко. Секогаш е жално за млад човек. Па и да имал такви пороци, си правел лошо на себеси, сам си пресудил... Нема што другите да солиме памет сега кога е прекасно.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.382
Поени од реакции
9.208
Финатата со покажувањето разговори не ја разбирам. Да има врска нешто со смртта да дава некоја информација или да докажува нешто ок, ама тотално небитни муабети да објавиш, па уште и кај што не си вратил? И да си вратил што? Демек некоја болна потреба за внимание, па да не им ги украде 5те минути починато лице сакаат да докажат демек сега тој е топ вест ама видете мене ми пишуваше јас сум фацата.

Иначе јас сум да не постојат вакви теми зошто ги претвараат обичните луѓе во матичари, форензичари, судски вештаци, судии, адвокати, поротници, месии, богородички и тн и тн...

Нема потреба кога ќе пише некој да пребара за некој настап или песна на Влатко да му излезат овие глупости за завери, превари, убиства, самоубиства и атентати. Нека почива во мир, ама во мир навистина, жално е млад човек да замине рано, а додека бил жив негова работа што правел.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
читам па и да пишам нешто....НЕ Е ОВА НЕШТО НОВО...човек кога сам ќе си пресуди од глупост купена за пари.Ова се дешава и кај обичните млади лица од онаа средна или најниска класа,кога ќе им понудат такво нешто и кога ќе ги навлечат е понекогаш и во првиот пат со лоши вакви крајни последици и...Амин. Ама овде дека е за некоја важна јавна личност ај ќе тупиме со приказни а за оние 3 класа никој ни чул ни разбрал. Поточно нивните си ЗНААТ,домашните и првите другари ама кријат...што криете бре (абдали) што не сте пробале да спречите. Како тоа починале млади лица 16-17-20 години и..и од што не сакаат да кажат а се знае од ДРОГА. Имам до сега два вакви случаеви каде починаа деца а се крие од нивните од што.Еден случај на дете во моја зграда во населба Хиподром го најдоа мртво во подрум се предозирал или како се вика. ИЛи ај му текнало ќе се симнам во подрум да умрам на 18 г. Друг случај на мој познаници и пријатели исто така се заврши со СМРТ во населба Капиштец на младо дете ама и ден денес не бре не се кажува-признава од што а и глувците знаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom