Друже, лош пример ти е ова. Како што ти потенцирав, Фројд НЕ ЗНАЕЛ дека кокаинот има адиктивна природа и кога се уверил дека има, продолжил самиот да внесува наркотици и така ги докажал својствата на анестетикот и антидепресантот. Фројд е во топ научници што си го ризикувале животот и телото само за да се посветат на науката како Марија Кири Склодовска итн.
За проблеми со IBS & IBD (проблеми со стомакот) се користи медицинска марихуана а не кокаин или хероин така што може да се лажеме дека Курт Кобејн користел кокаин за стомакот.
Смешно е како се пробува по секоја цена да се оправда користењето на наркотици како кокаин и хероин, макар некој и животот му се распаѓал пред очи. Кога некој има проблем со депресија или со своето психичко здравје, оди на психијатар како што жена оди на гинеколог кога има проблеми со циклусот, многу е просто но кај нас се` уште вирее „што ќе кажат комшиите“ синдромот.
Поентата мене ми беше да му одговорам на членот кој имплицираше дека ако земаш дроги, тогаш не размислуваш. Се согласувам дека ја малку во афект го спомнав Фројд како пример за човек кој очигледно размислувал, а и користел дроги. И, се согласувам дека може не е адекватен пример. Примерот со Курт Кобејн, реално него не му дале дијагноза за проблемот, а човекот бил во болки. Можеби пробувал други методи. Може пробувал марихуана, лекови и сл. Не знаеме. Може само хероин (кој го користел) му помогнал со болката. Никој од нас лично не знае колку му била болката, што се пробал и како му било. Така што, стварно мислам дека не сме во ситуација да го судиме.
Тоа сакам да кажам јас, дека не треба да ги судиме овие луѓе зошто има различни фактори зошто дошле таму кај што дошле. Јас се согласувам дека дроги се лоши и не треба да се користат, но, и луѓето кои ги користат го знаат тоа и се согласуваат. Еве еден клип што го гледав пред некоја година од бездомник кој ради болки почнал со апчиња, изгубил работа, па преминал на хероин. И он сам си кажува дека знае што му прави дрогата и како стигнал кај што стигнал, како треба да излезе. Не е глуп. Сам си кажува дека посакува никад да не бил во ситуација да проба опиодни дроги и дека сензацијата е толку јака, што го натерала да се откаже од се.
https://www.youtube.com/watch?v=H6ZFzEW7_Q4
Наука кажува дека не сите исто реагираме на дроги, а и психолошки не сите имаме зависни карактери. Јас можам да пробам дрога и да не станам зависен. Ти може да пробаш кокаин, па хероин и во гроб. Не се фиксни овие работи. Затоа не треба да се суди ако некој заглави. Треба да проба да се разбере зошто се случило тоа и да проба да му се помогне. Не да се вика дека е глуп. Јас стварно не гледам како тоа е продуктивно. Очигледно дека ако луѓе и во денешно време во современи општества од секакви сфери и општествени слоеви заглавуваат со дроги тоа не е научна фантастика, туку реалност за многу.
А тоа со психијатар. Се согласувам дека треба да се оди на психијатар. Јас мислам и дека ако не пати човек од депресија треба да оди на психолог, ако може да си го дозволи тоа. Но нема гаранција дека ќе ти го решат тие луѓе проблемот. Јас знам две личности, една жена, друг маж, кои откако ги изгубија своите деца станаа тешки алкохоличари. Едното дете беше тинејџер, на типот бебе. И двајцата идеа по психијатри, па ништо не им помогна и се фатија за шише. Жената се влечеше по клиника, бардовци и ништо. Може да им бил достапен хероин и тоа ќе пробале. Шишето им било најблиску па со тоа ја ублажувале болката. Не може да се знае различни трауми што можат да направат на различни психи. А и не секој проблем има решение. Од некој работи психата незаздравува кај некои луѓе.
Да не проба да се разбере индивидуална ситуација и да се рипа до заклучоци е знак на незрела личност. Тој што има проблем со дрога има причини зошто го има, не му паднал од небо. Не е хумано да се отфрли тој човек како глуп, неинформиран и сл.