A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
jas go resiv zvonev 1234 edno 10~15 pati vo tekot na edna nedela, i mi stavija javna ip adresa 212.110 xxx xxx i nemam poveke problem ....
Ок фала, планирав да им вртам ама ќе морам викенд, на работа сум до 6..
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Имам смарт тв во собата но не ми го фаќа вифито до твто е има проблем, а кога е на ЛАН кабел си работи добро, па сакав да прашам имам еден лан кабел во истата соба што ми оди до компјутерот па дали од тој кабел може да се стави некој адаптер(како на сликава) и да докупам уште еден лан кабел и да го поврзам твто со лан кабел ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

Идејата е добра и остварлива, но нема да функционира со рутерот, на крајот на краиштата, во мрежната порта на рутерот влегува еден мрежен кабел и рутерот го третира тој мрежен кабел како мрежен приклучок кон само еден мрежен уред, а не кон два мрежни уреда.

Во пракса изводливо е` еден мрежен кабел да се подели на два мрежни кабли, бидејќи мрежниот кабел доаѓа со 8 жички од кои само 4 се потребни за трансфер на податоци, додека останатите 4 се потребни за употреба кај гигабитни порти, односно за побрз трансфер.

Па така, изводливо е да се искористат првите 4 жички од еден ист мрежен кабел за еден мрежен приклучок, а вторите 4 жички од истиот мрежен кабел да се искористат за втор мрежен приклучок, а сплитерот од сликите го прави токму тоа - го дели сигналот од првите 4 жички и од вторите 4 жички на два различни мрежни приклучоци, така што може едниот приклучок да се поврзи со компјутерот, а другиот приклучок да се поврзи со телевизорот.

Но од другиот крај на кабелот и понатаму ќе имаш само еден мрежен приклучок кој ќе влегува во рутерот, а рутерот нема да знае дека на една иста порта се поврзани два различни мрежни уреда.

Така да, поисплатливо ти е` да викнеш електричар кој се разбира од мрежни кабли и да ти го подели постоечкиот мрежен кабел на два различни мрежни приклучоци - но и на двата краеви од мрежниот кабел, така што ќе мораш да употребиш две мрежни порти на рутерот, а не една како што е сега.

Друга опција - оваа најмногу ти ја препорачувам за да не се замараш многу со мрежниот кабел, е` да купиш мрежен свич. Поврзи го мрежниот свич со мрежниот кабел кој сега е поврзан со компјутерот, па со дополнителни мрежни кабли поврзи ги компјутерот и телевизорот со свичот. Позитивна работа кај свичот е тоа што нема потреба од никакви конфигурирања или софтверски дотерувања, само го поврзуваш како што е прикажано во самото упатство кое ти доаѓа со свичот и проблемот ти е решен.
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Имам смарт тв во собата но не ми го фаќа вифито до твто е има проблем, а кога е на ЛАН кабел си работи добро, па сакав да прашам имам еден лан кабел во истата соба што ми оди до компјутерот па дали од тој кабел може да се стави некој адаптер(како на сликава) и да докупам уште еден лан кабел и да го поврзам твто со лан кабел ?
Друга опција - оваа најмногу ти ја препорачувам за да не се замараш многу со мрежниот кабел, е` да купиш мрежен свич. Поврзи го мрежниот свич со мрежниот кабел кој сега е поврзан со компјутерот, па со дополнителни мрежни кабли поврзи ги компјутерот и телевизорот со свичот. Позитивна работа кај свичот е тоа што нема потреба од никакви конфигурирања или софтверски дотерувања, само го поврзуваш како што е прикажано во самото упатство кое ти доаѓа со свичот и проблемот ти е решен.
Ист проблем имав,и купив мал свич (околу 500~600 денари од сетек,можда и помалце) и го врзав смарт апаратот преку LAN кабел,и си работи ТОП.
Не се замарај со електричари и земи иди еве кај е капитол (или кај и да живееш) иди и купи си.
Лесно е за врзување,само кај мене е проблемот што го руши угледот на малиот стан... (Барем така мисли мајками со тоа налупаните кабли позади креветите xD)
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Фала ви многу за одговорите @Dexter26 @The Wild Boy
ако може да ми пратите линк од свичот дека не знам како изгледа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Фала ви многу за одговорите @Dexter26 @The Wild Boy
ако може да ми пратите линк од свичот дека не знам како изгледа.
Еве ти примери за мрежни свичеви, лично ти го препорачувам вториот - поскапиот - бидејќи доаѓа со гигабитни мрежни порти.

http://www.anhoch.com/product/38421/tenda-switch-8port-10100-s108

http://www.anhoch.com/product/40205/tenda-switch-5port-101001000-sg105
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Фала ви многу за одговорите @Dexter26 @The Wild Boy
ако може да ми пратите линк од свичот дека не знам како изгледа.
Слика стига веднаш.[DOUBLEPOST=1531255040][/DOUBLEPOST]@Mr Bean ^.-
20180710_223250.jpg 20180710_223211.jpg 20180710_223226.jpg
(Иначе вака изгледа мојот, а за линк не успеав да најдам од сетек, па провери ги оние на Dexter што ги прати погоре)
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Еве ти примери за мрежни свичеви, лично ти го препорачувам вториот - поскапиот - бидејќи доаѓа со гигабитни мрежни порти.

http://www.anhoch.com/product/38421/tenda-switch-8port-10100-s108

http://www.anhoch.com/product/40205/tenda-switch-5port-101001000-sg105
Тоа некако скапо ми е 790 ден , дали ова би вршело работа?

http://s.aliexpress.com/UnE7fQ3a?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Тоа некако скапо ми е 790 ден , дали ова би вршело работа?

http://s.aliexpress.com/UnE7fQ3a?
Е па нека не ти биде скапо, ете ти го и поевтиниот свич за 460 денари.

Во основа било каков свич ќе ти заврши работа, без разлика колку ќе те чини, поскапиот свич од 790 денари е подобар бидејќи нуди поголеми мрежни брзини.
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Е па нека не ти биде скапо, ете ти го и поевтиниот свич за 460 денари.

Во основа било каков свич ќе ти заврши работа, без разлика колку ќе те чини, поскапиот свич од 790 денари е подобар бидејќи нуди поголеми мрежни брзини.
Фала ви и на двајцата ќе земам еден од овие што ми ги препорача
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
1 дел. - напишано околу 12 тука.

Да не има некој проблем со брзината на интернетов? Од вчера нешто заебава. Симнува со 1.8 мб/с, а треба со 10х од ова.
Само кај мене е, или има уште некој проблем со спорт нет?
Реон Карпош 4.

455гб иам трансфер, така да брзината треба уште да е default.
За оваа која сега ја имам, треба да сум со 2х од моменталниот трансфер.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Апдејт 1 - дополнето околу 17:00

Се јавив и добив одговор дека сум на ПАКЕТ 15 интернет, наместо 150/5

СС од последна сметка, електронска

ДОбивам одговор сум сменил пакет, и сега гледам следно
СС 2

Идеја? Решение?

Стои датум вчерашен, а не сум сменил пакет, ниту планирав, ниту планирам, само затоа што ВИП има 100, додека овој од близу што уште го имам 150/5.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Апдејт 2

После 10минутно чекање на линија, ми викаат се десила грешка......Има налог за корекција, направен по поплаката.....
Сакам да прокоментирам нешто, но не знам што.....

п.с. Фала до належните за „акцијата“ :)
 
Член од
5 февруари 2018
Мислења
11
Поени од реакции
1
Здраво,
од 1ви се селам во Скопје во Аеродром веднаш на почетокот па сакав да ве прашам колку сте задоволни од студентскиот пакет дали вреди да го земеме?
-------------------
ЕДИТ:
ако не е добар пакетот дали е можна оваа варијанта? кабелска од ВИП,а кабелски интернет од телекабел?
.Благодарам однапред.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Здраво,
од 1ви се селам во Скопје во Аеродром веднаш на почетокот па сакав да ве прашам колку сте задоволни од студентскиот пакет дали вреди да го земеме ? И ако не, некоја погодна варијанта до 800-900 денари .Благодарам однапред.
Ако се селиш конкретно во населба Аеродром, а не во некои од населбите/селата кои спаѓаат под општина Аеродром, подобро поврзи се на Неотел.

Доколку ви треба само фиксна телефонија и Интернет, Нет 20 пакетот со месечна претплата од 790 денари, или Нет 30 пакетот со месечна претплата од 990 денари ќе ги задоволи твоите потреби.

https://neotel.mk/net-20/

https://neotel.mk/net30/

Лично би ти го препорачал Фибер 50 пакетот бидејќи доаѓа преку оптички телекомуникациски приклучок, со што имаш загарантирани симетрични Интернет брзини и стабилен сигнал, но тој чини 1.090 денари месечно.

https://neotel.mk/fiber50/

Слободно игнорирај ги намалените цени прикажани на веб сајтот на Неотел, бидејќи тоа се привремени попусти кои траат само до крајот на 2018 година, а од 1 јануари 2019 ќе продолжат да важат редовните месечни претплати кои ги спомнав.

И се разбира, сите пакети кои ги посочив се достапни за спомнатите месечни претплати само под услов да потпишеш 2 годишен обврзувачки договор со Неотел.

Друга алтернатива ти е Телекабел, кои ти нудат аналогна и дигитална кабелска телевизија по редовна месечна претплата од 450 денари, а најевтиниот пакет за кабелски Интернет го нудат по редовна месечна претплата од 500 денари.

http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телевизија/ценовник-за-телевизија/скопје

http://telekabel.com.mk/index.php/mk/интернет/кабелски-интернет/lightspeed

Најевтиниот пакет за оптички Интернет, Телекабел го нудат по месечна претплата од 600 денари, истиот доаѓа со послаба брзина во споредба со нивниот најевтин пакет за кабелски Интернет, ама затоа па доаѓа со симетрични Интернет брзини и со стабилен сигнал.

http://telekabel.com.mk/index.php/mk/интернет/оптички-интернет/optic-20

Не знам дали Телекабел дозволуваат да користиш само кабелски Интернет или само оптички Интернет од кај нив, без притоа да користиш и кабелска телевизија.

Доколку дозволуваат, а истовремено доколку ти треба и фиксен телефон, тогаш одбери го или најевтиниот пакет за кабелски Интернет, или најевтиниот пакет за оптички Интернет, и додај на редовната месечна претплата дополнителни 100 денари за фиксната телефонија - не земајќи ги во предвид и телефонските повици од фиксниот телефон кон други оператори, кои секако се наплаќаат дополнително.

http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телефонија/ценовник-за-телефонија

И се разбира, најдобрата предност кај Телекабел е тоа што не те врзуваат за нив со потпишување на обврзувачки кориснички договор, односно можеш да се исклучиш од нив кога сакаш без воопшто да плаќаш било какви пенали.

Јас лично би одел со Неотел, но сепак парите се твои и ти треба да направиш математика кој пакет од кој оператор ти е` најисплатлив и најприфатлив, но прими го мојот совет и држи се настрана од Вип, од почетокот на 2018 година почнаа да се прикажуваат себеси како најголеми измамници, поголеми дури и од Македонски Телеком - кои барем не се обидуваат да глумат дека задоволството на корисниците им е` на прво место, со оглед на фактот дека нивните пакети за Интернет и телевизиски услуги и понатаму остануваат меѓу најскапите во Македонија.
 
Благодарам на опширниот и многу корисен одговор. Инаку, доколку кабелскиот интернет на Телекабел е задоволително стабилен би одела со тоа затоа што искрено во мојот сегашен дом имам интернет со брзина 10Mbps што ми е задоволителна со оглед на тоа дека има стабилност која ми е многу побитна моментално . Ако веќе би требала да бирам кај Неотел сигурно би одбрала малку поскапо ,фибер си е фибер ,но сеуште немам потреба од такво нешто. Ми останува уште утре да прашам дали Телекабел даваат можност за нивни кабелски интернет со комбинација со кабелска од друг оператор.
Благодарам уште еднаш
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Здраво,
од 1ви се селам во Скопје во Аеродром веднаш на почетокот па сакав да ве прашам колку сте задоволни од студентскиот пакет дали вреди да го земеме?
-------------------
ЕДИТ:
ако не е добар пакетот дали е можна оваа варијанта? кабелска од ВИП,а кабелски интернет од телекабел?
.Благодарам однапред.
Ако се селиш конкретно во населба Аеродром, а не во некои од населбите/селата кои спаѓаат под општина Аеродром, подобро поврзи се на Неотел.
Го доби одговорот.
Неотел имаат 50% попуст, а ако сакаш врски одма у пп, може тој 50% да се дуплира, без проблем.
Иначе, доста имам напишано за тоа како одат работите, и колку тоа Неотел се навистина добри, во темата за Неотел. Слободно провери, и ќе видиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom