Ако се селиш конкретно во населба Аеродром, а не во некои од населбите/селата кои спаѓаат под општина Аеродром, подобро поврзи се на Неотел.
Доколку ви треба само фиксна телефонија и Интернет, Нет 20 пакетот со месечна претплата од 790 денари, или Нет 30 пакетот со месечна претплата од 990 денари ќе ги задоволи твоите потреби.
https://neotel.mk/net-20/
https://neotel.mk/net30/
Лично би ти го препорачал Фибер 50 пакетот бидејќи доаѓа преку оптички телекомуникациски приклучок, со што имаш загарантирани симетрични Интернет брзини и стабилен сигнал, но тој чини 1.090 денари месечно.
https://neotel.mk/fiber50/
Слободно игнорирај ги намалените цени прикажани на веб сајтот на Неотел, бидејќи тоа се привремени попусти кои траат само до крајот на 2018 година, а од 1 јануари 2019 ќе продолжат да важат редовните месечни претплати кои ги спомнав.
И се разбира, сите пакети кои ги посочив се достапни за спомнатите месечни претплати само под услов да потпишеш 2 годишен обврзувачки договор со Неотел.
Друга алтернатива ти е Телекабел, кои ти нудат аналогна и дигитална кабелска телевизија по редовна месечна претплата од 450 денари, а најевтиниот пакет за кабелски Интернет го нудат по редовна месечна претплата од 500 денари.
http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телевизија/ценовник-за-телевизија/скопје
http://telekabel.com.mk/index.php/mk/интернет/кабелски-интернет/lightspeed
Најевтиниот пакет за оптички Интернет, Телекабел го нудат по месечна претплата од 600 денари, истиот доаѓа со послаба брзина во споредба со нивниот најевтин пакет за кабелски Интернет, ама затоа па доаѓа со симетрични Интернет брзини и со стабилен сигнал.
http://telekabel.com.mk/index.php/mk/интернет/оптички-интернет/optic-20
Не знам дали Телекабел дозволуваат да користиш само кабелски Интернет или само оптички Интернет од кај нив, без притоа да користиш и кабелска телевизија.
Доколку дозволуваат, а истовремено доколку ти треба и фиксен телефон, тогаш одбери го или најевтиниот пакет за кабелски Интернет, или најевтиниот пакет за оптички Интернет, и додај на редовната месечна претплата дополнителни 100 денари за фиксната телефонија - не земајќи ги во предвид и телефонските повици од фиксниот телефон кон други оператори, кои секако се наплаќаат дополнително.
http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телефонија/ценовник-за-телефонија
И се разбира, најдобрата предност кај Телекабел е тоа што не те врзуваат за нив со потпишување на обврзувачки кориснички договор, односно можеш да се исклучиш од нив кога сакаш без воопшто да плаќаш било какви пенали.
Јас лично би одел со Неотел, но сепак парите се твои и ти треба да направиш математика кој пакет од кој оператор ти е` најисплатлив и најприфатлив, но прими го мојот совет и држи се настрана од Вип, од почетокот на 2018 година почнаа да се прикажуваат себеси како најголеми измамници, поголеми дури и од Македонски Телеком - кои барем не се обидуваат да глумат дека задоволството на корисниците им е` на прво место, со оглед на фактот дека нивните пакети за Интернет и телевизиски услуги и понатаму остануваат меѓу најскапите во Македонија.