Дечки колку провизија земаат Комерцијална банка доколку сакам да извадам пари од Германска картичка(Комерцбанк) и дали има некоја друга банка со помала провизија?
И ако самата провизија ја одредува банката,каде можам да најдам колку провизија зема Комерцбанк за вадење кеш од банкомат во странство?
Си има секоја банка на вебсајтовите ценовници, трошковници, зависи како ги именуваат, би требало лесно да ги најдеш на секој сајт, ако не гуглај *банка - ценовник*, ќе ти излезе.
Од НЛБ последниве години се станати тежок крш, една услуга не можат да ти овозможат, жити вадење пари од банкомат, за тоа и ја можам банка да си отворам.
Препорака за банка?
Не знам што и како ти треба од страна услуги, али да споделам искуство, јас сум и во Шпаркасе и во Комерцијална, од двете сум задоволен.
Шпаркасе се кул, имам две картички без надокнада, онлајн акаунт автоматски добиваш, вработените се претежно млади од што сум слушнал, плус најбитно имаш вадење кеш од банкомати на Шпар/Ерсте низ сите држави нагоре до Австрија.
Комерцијална се малку „поконзервативни“, во смисла наплаќаат 60 денари пример за менување пин, треба специјално барање за онлајн да си имаш пристап, плус мислам и за тоа наплаќаат нешто, уште користат штедни книшки, али сепак се Комерцијална, знаеш дека што и да ти треба од банка ќе добиеш, летово имав уплата за Полска, за саат време парите беа веќе стигнати таму. Картичките им траат 5 години, Шпаркасе само 2.