СП 2018 - Група Б (Шпанија, Португалија, Мароко, Иран)

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    47
  • Гласањето е завршено на .
Свесни се дека се три класи под шпанците и пробуваат тој хендикеп да го надокнадат со неверојатна борбеност и пожртвуваност, за тоа заслужуваат да дадат гол.
Нема врска ова. Саудиска колку е послаба од Уругвај? Изгубија ама барем играа фудбал, имаше пас имаше некаква логика тоа што го правеа, барем личеше малку на нешто.
Мароко колку класи е под Португалија? Прееска излегоа фајтерски и ги издоминираа, е тоа беше за муабет дека заслужено би израмниле.
Иранциве покрај тоа што лажираа повреда 10 пати, не направија НИШТО до примениот гол. Значи не ни пробуваа да спојат ниеден пас или да направат контра, само ја исфрлуваа во аут и чекаа со 11 луѓе во 16ник. Имаа вкупно 40 пасови во прво полувреме. Тоа е анти-фудбал по дефиниција, и тука не проаѓа тој муабет дека се бореле. Што се бореа вечерва, кој посилно ќе ја рогне во аут? Аман веќе со глорифицирање и романтизирање на вакви слепи екипи што дремат со цела екипа пред гол непотребно и форсирање на изговорот дека се бореле.
 
Жими се кога и да отворам форумов истото го читам после секоја утакмица за некоја репрезентација :icon_lol:

Абе светско е луѓе не освоил никој со по 3-4 гола секоја утакмица и 70% посед.. Германците 2014 во групи се мачеа и од Алжир ќе отпаднеа, 2010 Шпанија изгуби прва утакмица и севкупно даде помалце голој од Русија досеа, 2006 Италија класика со мртов фудбал поминаа не требаше ни со Автралијанците да поминат, 2002 Бразил последно некој доминантен да бил

Те чекав тебе да ме цитираш со тоа како Жао Марио и Фернандеш се подобри од Банега и Ди Мариja.

Никој не вика дека треба да тепаат со три гола разлика, или да не изгледаат бледо, туку Португалците изгледаат ко аматери.

Едно е килава и безидејна игра како да се разбие бункерот ко на Шпанциве денес, друго е она што Португал го правеше против Мароко. Тоа беа тотални антиталенти за фудбал, на ЕП коа се критикуваа немав замерки зошто си играа тактички и успешно си формираа зони во формацијата, на ова СП се хаос.

Три гола примија од Шпанија, пак ќе примат бар толку кога ќе налетаат на посериозна селекција ако играат онака изгубено.

А тренерот не е крив за тоа, едноставно играчине му се изгледа аматери на ниво на овој Иранецов што го изведе најјакиот ОБИД ЗА АУТ на светските првенства :pos:
 
Neymar saka da e Mohammadi [emoji1]

1fb69b075b7b06824c5895e1381e2fa4.jpg


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Те чекав тебе да ме цитираш со тоа како Жао Марио и Фернандеш се подобри од Банега и Ди Мариja.

Никој не вика дека треба да тепаат со три гола разлика, или да не изгледаат бледо, туку Португалците изгледаат ко аматери.

Едно е килава и безидејна игра како да се разбие бункерот ко на Шпанциве денес, друго е она што Португал го правеше против Мароко. Тоа беа тотални антиталенти за фудбал, на ЕП коа се критикуваа немав замерки зошто си играа тактички и успешно си формираа зони во формацијата, на ова СП се хаос.

Три гола примија од Шпанија, пак ќе примат бар толку кога ќе налетаат на посериозна селекција ако играат онака изгубено.

А тренерот не е крив за тоа, едноставно играчине му се изгледа аматери на ниво на овој Иранецов што го изведе најјакиот ОБИД ЗА АУТ на светските првенства :pos:
Абе работата ми е шо збораш ко само португалците да се единствени боси на првенството досеа.. Сите се хаос досеа.. Квалитето на сите играчи ко да е опаднат за некое ниво.. Бруно Фернандеш беше најјак играч во португалска претходна сезона.. Гуедеш беше топ 3 крило во ла лига.. Бернардо последните месеци играше одлично.. То шо се умрени досеа нема врска со нивнио квалитет.. Банега и Димариа веќе 20 утакмици на светско се умрени а не 2.. Нема надеж за нив
 
Шпанија дозволи доста шанси за гол, особено онаа со глава, како и Португалија. Некако, невообичаено ми е за Шпанциве.

Мароко доста добри, ама тоа што не се ефикасни скапо ги чинеше.
 
Па добро не очекувате ваљда мечевите на Иран, Јапан или Арабијата да се квалитетни, реално досега единствено право дерби беше Португалија - Шпанија, со по уште некој поинтересен дуел. Стрпете се, само што почна првенството, допрва следат јаките утакмици
 
И други се бранеа, ама ова што го правеше Иран синоќа до голот на Коста беше одвратно за гледање. Дефиниција за анти фудбал, море и бетер од тоа. Плачење, лежење, задржување, па дури и врзување врвци на копачки пред изведување прекин. Ептен ми е мило што ги стигна кармата. Нека испаднат сите вакви репрезентации, барем да гледаме добра нокаут фаза.
 
за џабе не го викаат "DIRTY" [emoji23]



Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom