Јас па баш мислам дека воопшто не би го кренал нивото на квалитет, на исто ниво на Страхиња ми е - просечен европски голман. Плус сум голем противник на идејата за скандинавци во екипа од овие простори.
Јас лично би го шутнал Милиќ, немам лично ништо против него амa не ми е јасно како не го баталија човеков лани. Имаше проблеми во српска репрезентација, се алкохолизираше таму на собири пред некоја година. Се направи балон, па цела сезона го слабееа. Очигледно си има човекот проблеми со дисциплина. Не може да играш за европски првак, да си професионален спортист во тим кој инвестира буквално милиони, а да си дозволиш да качуваш толку килажа.
Овој Едвардсон, не го знам добро. Сум го гледал 2-3 пати за Исланд како брани. Само памтам дека е доста висок. Над 2 метри е дечкото. Ама барем може да крене нога. Милиќ до половина дали може да ја дигне. Овој има интернационално искуство, млад е. Тој од Партизан е тотален X фактор. Пробав да го гледам на youtube нешто, не може да се процени, тоа српската лига е послаба од нашата. Вака не делува ко нешто посебно. Ќе видиме.
За оној Ѓорѓевски немам некое позитивно мислење, го гледав во СЕХА што му даваа да брани. Една утакмица блесна против Војводина мислам беше, ама реално сите топки во него одеа.
Инаку се согласувам дека бројот на стварно квалитетни голмани е мал. Штета што Иван Пешиќ од Брест не успеа да го договорат.