Фан клуб - РК Вардар

Тоа што му треба на Вардар е добро дуо на голманска позиција кој и да е со Штербик нема рамнење без саглам одбрана џабе им е кој и да донесат голман и она штоим фали е во моментот е се други позиции кои не се покриени среден бек,одбранбени играчи валјда не мислат војводиќ да го играат уствари незнам ни официјално дали имаат некое засилување а и скаутингот им е беден по мое мислење уште еден проблем незнам што буџет ке имаат али играчи од Балканот,русија,шпанија,африканци може да привлечат ако мене ме прашувате има потенцијали сигурно
 
Абе, ракомет не е некој популарен спорт. Најдеш некој супер атлет, ќе го истренираш за кусо ниво да биде на некое ниво. Види го Борозан, играше во една од најслабите екипи во Бундес, која и испадна од Бундес и после една сезона беше стартер во европски шампион и беше спортист на годината во Црна Гора. Има шанси за брз напредок ако си добар атлет и имаш физички предиспозиции. Плус и нема многу конкуренција, ни пари во спортот.

Самсоненко рече буџетот ќе биде за 10-15% помал оваа сезона. Со оглед дека Штербик си отиде, а за него се шпекулираше дека платата му е пола милион, а некои викаа 300.000 евра годишно (што ми е поверојатно). Тогаш избаци го него и Кањелас, Македа и буџетот е тој, без овие тројца.

Добро би било Житников да го донесат како се шпекулираше. Карачиќ не е на ниво на Циндрич, треба уште еден играч на таа позиција. Војводиќ мене ми се допаѓа, ама не го играат во ЛШ, така што тешко е да се процени неговиот вистински квалитет и потенцијал. А со самото тоа што не го ставаше Раул, ти кажува дека он може му ги знае ограничувањата.

Треба и лево крило. Иако Тоше Ончев ќе се врати од позајмица од Пелистер. Ама не знам дали на него ќе сметаат.

Крај на Јули почнуваат да се спремаат за новата сезона, се собира екипата. Така што, најверојатно до крај на Јуни ќе потпишат некои играчи. Ја предвидувам тројца дека ќе донесат. И дека ќе пробаат нов голман да најдат, Ѓорѓевски ќе го позајмуваат некаде, не е толку млад, тешко дека дополнително ќе се развива нешто.
 
Абе, ракомет не е некој популарен спорт. Најдеш некој супер атлет, ќе го истренираш за кусо ниво да биде на некое ниво. Види го Борозан, играше во една од најслабите екипи во Бундес, која и испадна од Бундес и после една сезона беше стартер во европски шампион и беше спортист на годината во Црна Гора. Има шанси за брз напредок ако си добар атлет и имаш физички предиспозиции. Плус и нема многу конкуренција, ни пари во спортот.
Јеп, прав си, Радуловиќ почна да игра ракомет на 19-20 години и играчиште беше. И тоа збориме за период во женскиот ракомет кога имаше страшна конкуренција.
 
Па Столе на европското 2011, кога беше октриктие на (24-25 години), кажа дека на 20-21 почнал поактивно со ракометот, ваљда и сама си поинформирана од мене :D

Не, трета средно беше некаде, 17-18 ама пред тоа играше баскет од дете, така што имаше некоја атлетска позадина. Да ви покажам слики од него од средно на газ ќе паднеме, онаа висина + 20 кила сосе кревет беше, Карим Абдул Џабар. :D
 
http://www.pickhandball.hu/hirek/visszater-dean-bombac-mol-pick-szegedbe/ Бомбач назад у Сегед, се опамети изгледа, многу веројатно и си ја спаси кариерата. Пастор направи машина од него, а овие две сезони под капата на Талант едноставно исчезна. Се надевам ова значи дека Житников се сели у Скопје со оглед на тоа што во Сегед би ја делел позицијата со Скубе, Бомбач и Канељас по потреба.
 
Со оглед што овие го вратија Бомбач и го донесоа Канељас, стварно нема смисла да го држат Житников.

Ама па, чим Житников сам си изјави дека сака да си остане во Сегед, дали треба да се земе и играч кој нема некоја желба да дојде во Скопје?
 
Мене ми мириса на трампа Житников во Киелце а Бомбач во Сегед
Дај боже да грешам:tapp:
 
Таму би бил втора виолина, тука најверојатно ќе биде стартер.
 
Што бара Житников во Киелце, он е далеку од прв бек за топ пласман, добар за ротација, ништо више.
 
35922798_10155802234813666_2785980577214365696_o.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom