Криминал од утакмица изигра ПСЖ
, изгубена легија на странци среде Њемачка

..
Дисциплина во игра нула, одбрана очај, голманите слаби, додуша и не можеа нешто повеќе од ова зошто играчите на Нант шутираа од чисти ситуации.
Тоурна ќе го сонуваат, ги уништи, 8 комада од игра и најмалку 4,5 пенали изнуди, за пикер неверојатни статистики, свеста им ја зеде на цела таа четворка киклопи во одбрана, страшен пикер, убедливо најдобар пикер во Европа, ( моментално ).
Како само си ја работеа бавната одбрана на ПСЖ, хаха, на 6-0 одбрана да те бушат од кај стигнат, секоја чест за Анти, најде вистински лек за инертната и спора одбрана на звездите, ги отепаа Ниокас, Клер, Лагард.
Да не беше тој пад во последните 10 минути 40 гола лагано ќе закуцаа, но успеаа баш тој пад во офанзива да го амортизираат со добрата игра на Димулан во последните неколку минути, баш тие негови скинати зицери ја подигнаа екипа и ги дотолчија звездите, доколку и Димулан откажеше на крај можеби и ќе свртеше ПСЖ утакмицата.
Нант апсолутно заслужено е во финале, така се игра на Ф4, без страв од противникот, без респект од имињата кај противникот, што не беше случај со Киелце кој по имиња и по форма можеби и беше пред Нант но едноставно не знаеа психолошки да се носат со предвизикот, Нант имаше полесна задача затоа што имаат искуство од дуели со ПСЖ.
За светците шта речи, очајно одиграа, максимално неспремни влегоа во дуелот, како да очекуваа реприза од некој претходен дуел во ЛШ кога противниците сами се победуваа, овој пат наидоа на страшно мотивиран тим кој им ги најде сите слабости во играта, премногу солираа, упорно форсираа игра по средина а тука не беше лесно, откажа контрата и не беше лесно да се игра во напад кога треба да бркаш резултат, а цел меч бркаа голема негатива, не е ни чудо шо имаа толку технички грешки, но и покрај сите слабости на крај можеа да се вратат, но Хансен премногу лежерно и пред се недисциплинирано ја бапна таа топка за нерешено, доколку израмнеше тука ПСЖ ќе беше пресвртниа, 2 играчи плус имаа, притисокот ќе беше пренасочен кон другата страна, тоа е, вистинскит слабости на екипа со милион звезди најдобро се гледаат на вакви мечеви, лесно е да се игра кога водиш со +10, на вакви мечеви се гледа од што е направена една екипа, и каков тренер има, а ПСЖ како и минатите 3 Ф4 изданија покажа дека не знае да се носи со притисокот на фаворит, се губат кога мораат, единствено ако им помогне противникот па да се извлечат, но вчера падот на Нант беѓе минимален и немаа шанси да се надеваат дека ќе се провлечат.
Наредна сезона со Раул ќе си чекаат да се подобрат работите, со Нока толку, секоја чест за другарот но не е за ваква екипа како ПСЖ, во конкуренција со тренери како Канаје, Анти, заостанува, само заради индивидуалниот квалитет кој го има во екипата успева(ше) да е пред нив сите овие сезони, барем во лигата, но на меч во Келн не се поминува со толку падови во игра.
Вардар многу слабо, пред се нервозно, истите слабости како со Кил, дури и бетер, и Вардар како и ПСЖ покажа огромни слабости во игра кога мора да брка резултат, пренервозно делуваа во обид да го стигнат водството на противникот, премногу грешки направија, без бекап од голманите кои реално беа слаби на двете страни, и Жерар беше под своето вообичаено издание, мечот го одлучија тие неколку лесни голови на Монпеље на празна мрежа, и пред се многуте голови на Французите што ги дадоа во последните секунди при пасивен напади, и Монпеље имаше големи проблеми во напад, Симоне се изнамачи, тотално аут, но на крај ја реши текмата, Тракиневичиус даде 3 гола, но далеку под своето ниво, Гигу исто како Лазаров, се изнадава голови од пенал, и чат пат една две акции за него кога имаше широк агол, десното крило на Французите не ни постоеше, се што дадаа беше од десен бек, над 12,13 гола закуцаа, речиси половина од головите, плус тие неколку лесни голови на празен гол, + последниот гол од прво кој беше поклон, на крај со најмалку 4,5 гола кои Вардар им ги даде на тацна не е ни чудо резултатот.
Камиказа тактика на Раул, со неупотреблив Кристопанс кој не доби ниеден дуел со одбраната на Монпеље, ги уништи Канаје со таа одбрана 5-1, како црна овца беше Кристопанс во таа бркотница, и Вуко исто, но киклопот беше најслаба карика, а и тие неколку ситуации шо се создадоа за него ги упропасти со шутеви со цела сила, требаше Раул да го пушти Македа, 4 гола даде за многу кратко време, и доста проблеми и направи на одбраната.
Вуко во второ се разбуди, во прво не можеше да се прилагоди, исто и Карачич, тотално аут е другарчето, додуша на лев бек толку му е силата, против брза и покретлива зона како онаа на Монпеље вчера не можеа да се снајдат.
Дибиров тотално аут, ниедна топка не доби, исто како да не играше, подобро со два пикери да играа наместо со него, како со играч помалку да беа во двата правци, тотално отсечен беше, едноставно немаше игра за него.
Меч на една топка, со многу грешки, доста интересен, за разлика од Нант- ПСЖ кој беше бркање цело време, на крај полукавиот оди во финале, Вардар доцна се разбуди и не успеа да го принуди противникот да греши повеќе, можеби тој последен напад траеше предолго, повеќе од 1 минута кружеа Французите, и по таа пречка на Ричардсон наместо да ја остават подигната раката за пасивен напад тие дозволија уште 30ина секунди да напаѓаат, тука не искористи шанса Вардар, голот на Симоне беше на среќа, но влезе некако.
Тоа е, којзнае кога по ова една македонска екипа ќе се докопа до Ф4, можеби и никогаш, па ни екипа од екс СФРЈ како трнале работите, ќе видиме наредна сезона колку е навистина така и како ќе изгледа Вардар, не е лесно да се одржиш на врвот, малку фалеше за финале, а уште повеќе напор ќе треба за во иднина, како тргнале работите многу тешко ќе оди, не се заменуваат туку така играчи како Циндриќ, Штербик, но се е можно.
Овој Ф4 докажа дека не играат имињата, туку одлучувачки е која екипа ќе успее да наметне своја игра, да ја одржи , и пред се да се најдат слабостите на противникот, а очигледно е дека и Канаје и Анти доста добро ги спремиле своите играчи за вчерашните мечеви, а кај Вардар, пред се кај ПСЖ од авион се гледаше дека се изненадени од играта на своите противници.
За денешното финале.
Вчера се покажав како ужасен прогнозер

, не би се осмелил денес да типувам.

Некако повеќе ми оди на Нант, иако повеќе шанса им даваат на Монпеље, поголем ростер има Нант, пред се на бековските позиции па тоа би требало да е некоја предност.
Но Монпеље има свои адути, пред се Жерар и Симоне кои беа претивки вчера, плус Канаје на клупата кој има далеку поголемо искуство од Анти во вакви мечеви.
Предобро се познаваат двете екипи за да би имало некои изненадувања, треба да е интересен меч.
Бел бумбар за Нант, уствари која екипа да освои ќе е сосема заслужено и е еден вид на освежување, пред се добро е за ракометот што се појавија вакви екипи од втор план, кои покажаа дека на терен секоја екипа е победлива.