Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој информација од каде можам да ја купам - ТЕГОБНОСТ - ЖАН ПОЛ САРТР?
 
Фала за пдф-то, повеќе би сакал во печатена форма :)

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Може да ми препорачате некоја комедија, и некоја книга поврзана со патувања.
Благодарам
169_22_35_10__20__6_20127500748.PNG

И смешна и за патувања :)
 
374048.jpg
Ричард Бах -- Илузии.
Сите ја знаат "Галебот Џонатан Ливингстон"(дури и се обработува во средните училишта)...Е,ова е нешто како "upgrade".
-------------------------------------------------------------
„Еве како ќе провериш дали си ја исполнил својата мисија на земјата – ако си жив, значи не си!” (“Илузии”)
 
Последно уредено:
Умешноста на војувањето - Сун Цу
Мудри мисли - Далај Лама
Тао Те Кинг - Лао Це
Препорачајте некој добри книги од истокот (Јапонија, Кина, Индија, Персија)
 
Умешноста на војувањето - Сун Цу
Мудри мисли - Далај Лама
Тао Те Кинг - Лао Це
Препорачајте некој добри книги од истокот (Јапонија, Кина, Индија, Персија)
Книга за петте прстени - Мијамото Мусаши
Лун ји (мислења и беседи) - Конфучиј
Безгрижно талкање (избрани текстови) - Чуанг Це
Тибетска книга на животот и смртта - Согјал Ринпоче
Бодичариаватара - Шантидева
плус Ошо, Далај Лама, и др што се преведени на македонски.
П.С не ми се сите прочитани па не знам колку се добри, побарај подетален опис на википедија или слично. :)
 
Книга за петте прстена каде можам да ја најдам и колку чини отприлика. Другите сите ги пронајдов оваа не можам.
Поздрав.
 
Последно уредено:
Книга за петте прстена каде можам да ја најдам и колку чини отприлика. Другите сите ги пронајдов оваа не можам.
Поздрав.
Издадена е од Икона, јас ја купив на саемот од нивниот штанд и чинеше 100 денари. Распрашај се по книжарници би требало лесно да ја најдеш, инаку не е голема книга има стотина страници. :)
 
Раскази од Ги де Мопасан

Фантастични 492 страни. Од воени раскази, до твајлат надреализам. Кратко, јасно, иронично, гротеска, со начнување скокотливи, провокативни теми за читателот. Накрај му читав биографија, Флобер школа, со Чехов се смета за мајстор на краткиот расказ.

p.s најјакиот расказ се вика „Дунда" :)
 
Прегледај го приврзокот 186517
Ричард Бах -- Илузии.
Сите ја знаат "Галебот Џонатан Ливингстон"(дури и се обработува во средните училишта)...Е,ова е нешто како "upgrade".
-------------------------------------------------------------
„Еве како ќе провериш дали си ја исполнил својата мисија на земјата – ако си жив, значи не си!” (“Илузии”)
Каде може да се најде книгава, на кој јазик е и колку чини. Фала.
 
Каде може да се најде книгава, на кој јазик е и колку чини. Фала.
...Еден пријател ми ја даде, да ја прочитам пред неколку години(на македонски јазик),ја зел од библиотеката од градот во кој живее....
Многу ми се допадна,ја барав,но никако не можев да ја најдам....
Имам и пријателка која има книжарница,пред се книги...Се трудеше да ја нарача,но ни таа не успеа...(ова го зборам за период од пред 7-10 год.)
Сега немам толку слободно време и не сум ја барал но ја имам во PDF....
Поздрав.
 
Би сакал да почнам да читам нешто од Сигмунд Фројд ама неможам да се одлучам никако која би ја зел. Некој препораки?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom