- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.614
- Поени од реакции
- 119.758
За она на Ансалди не сум сигурен дека е црвен, ама она на Куртиќ е чист црвен нема тука дилеми. Околу Албиол и општо Наполи, имам веќе неколку пати кажано дека и Наполи имаат добивано судиска помош сезонава и дека срамота е вината за неосвојувањето на Скудетото да го бараат во судиите. Мене општо ко фан на Интер и фан на фудбалот пред се ми пречат неправдите, без разлика дали е во прашање Јуве или некој друг тим. Лацио на пример беше срамотно оштетен за 10тина бодови сезонава, и тоа апла очигледни ситуации, дури срам да го фати човек.Од 4.08 до 4.23 стартот на Ансалди над Пјаниќ, за кој Орсато ни фаул не свираше. Од 4.40 до 5.00 стартот на Куртиќ над Асамоа, само жолт картон. И двата се за директни црвени без размислување. Особено она на Куртиќ, апла крената нога речиси во градите, гледајќи го Асамоа дека е тука. Ниту може да се оправда дека е од свртување ниту ништо.
@Stefan-kobe погледни ги рацете на Болоња и особено онаа на Беневенто против Јуве. За ситуацијата на Бенатија отековте цела сезона, а бетер раци не се свиреа. Исто она на Албиол против Торино кај 7.35.
Еве искрено ќе кажам, ми пречи што Јуве добива помош понекогаш во КЛУЧНИТЕ утакмици или клучните моменти од истите, барем таков впечаток имам јас а и некои други овде на форумов. Пази, едно е да не се даде жолт картон за некоја 50-50 ситуација, ама друго е кога некој со мајагери ти влага во ребра а сето тоа пред твоите очи се случува. Или кога имаш ВАР да видиш дали го удрило во рака играчот, ти гледаш дека не го удрило и свириш пенал. Тоа се клучни моменти од мечевите, моменти кои може да го свртат мечот во обратна насока. Ај еве наведи ми пример сезонава каде Интер директно е помогнат од ВАР, од судија или од некоја трета сила, значи под директно помогнат мислам на тоа да добие нешто со кое ќе се смени резултатот во негова полза. Единствено спорно што памтам е пеналот против Болоња на гости, ама за мене барем тоа е ситуација во рангот 50-50, каде што има елементи на пенал а има судии што би го свиреле и судии што не би го свиреле.
Али уште еднаш ќе нагласам за да не бидам сфатен погрешно, Јувентус заслужено си освои сезонава, и покрај сите грешки ( и за Наполи и за Јуве) кога ќе стави човек се на кантар тогаш Наполи ко екипа си имаа пол позиција и сето тоа го упропастија со некои глупи киксови за кои не им беа криви ниту судиите ниту Јувентус.