Иначе за ROY дискусијава, нека ја дадат на кој сакаат.
Мое мислење за најдобра кариера од сите рукиња кој ќе има. Ни Симонс, ни Мичел.
Тејтам дефинитивно.
Симонс е ѕвер, ама без шут е многу ограничен офанзивно. Сите се надеваат дека ќе го среди шутот, ама и да го среди пак нема да биде тоа ниво за да е преку 25,26 поени во просек. Не е проблем кај него самодоверба, или не му тргнало или слични ствари. Самата техника на шут му е катастрофа. Кое е тоа исфрлање топка не ми е јасно. За она да го средиш целосно ништо не ти помага.
Мичел е офанзивно 2 класи над Симонс, физички двајцата се ѕверов, ама дефанзивата му е проблем. Плус за него колку и да е млад, мислам дека нема многу простор за напредок. Ова што го пружа е блиску до максимумот од него што се очекува, ајде нека биде уште 10,15 % нека напредува. Едноставно не може со онаа висина. Мое мислење.
Тејтам е фантазија. Каков прв чекор, каква предна промена има .. Перверзии. Како мења правец нз дали Ирвинг го гледаш или руки играч. Шут солиден, на влез солиден. Плус што сметам дека уште не е развиен целосно. За тие пропорции што ги има уште 5-10 кг да додаде, тек тогаш ќе се види каков напаст може да биде у одбрана. Многу голем потенцијал има дечкото. Среќа за него што од прва сезона е во франшиза со шампионсли менталитет. Ќе стекне искуство и ќе гази. Дури мислам дека Хејвард најпаметно ќе им биде да го трејдаат, штета е на вакви сезони на Тејтам и Браун, да им крати во минутажа.