^Од мечот 2012 година кога Лихштајнер не доби црвен и Видал даде гол каде што претходно имаше офсајд огромен, немало утакмица со ептен сериозни грешки меѓу Интер и Јуве(се до некни и неисклучувањето на Пјаниќ). Раката на Бенатија од доста луѓе овде (кои не се фанови на Јуве) а и општо повеќе се зборува за тоа дека немаше пенал отколку дека имаше. Во најмала рака дискутабилна ситуација, далеку од тоа дека може да се класифицира како сериозна грешка.
Во меѓувреме имаше и неколку ситуации каде Јуве беше оштетен, пенал над Манџукиќ 2016, страшна игра со рака на Медел во купот исто. Точно е дека Интер е повеќе оштетен со Јуве отколку обратно, ама постојат и други утакмици во сезоната.
Заборавате честопати на настани како регуларниот гол поништен на Пјаниќ против Милан минатата сезона од слободен удар, заборавате на неколку настани од минатата сезона каде што чисти пенали не беа судени за Јувентус (Џенова, Фиорентина, Аталанта).
Сериозно не тврдам дека Јувентус е жртва, ништо од ова не е намерно. Едноставно премногу галама кревате и тврдите дека на Јувентус секогаш и секаде му се помага и што е најжално многу од вас велат дека Јуве никогаш не бил оштетен, што е премногу далеку од реалноста.