а што мислиш, дали Солун е наш?...
Дај прејди од памфлети на факти, оти од твоите факти нема ни трага ни глас.
Нема ни трага ни глас, или одбиваш да прифатиш тоа што е очигледно?
Значи ти си еден обичен трол....
ќе да е Земјава средиштето од Универзумот, ама не ти кажале.
Не е битно, битно е дека Солун е наш...нели?
Земјава никогаш не била средиште на Универзумот. И моментално фактов дека ти го избегнуваш тоа е доволно да се види до кај си со паметот...
Битно е дека по ова се' ти што го тврдиш, ти си еден обичен трол овде, немаш попаметна работа па ајде јуриш...
Веќе ти посочив во што е контрадицкијата; ем изнесуваш вистини, еме велиш дека нештата биле многу сложени. Е па ако се сложени, тогаш вистните ќе произлезат после целосното проучување на сложеноста од нештата, а такво нешто се‘ уште не се случило.
Ништо не си посочил бе пријателе... Вистината е дека нештата се сложени, науката и да постигне некој пронајдок, ќе се отворат други прашања и истражувањето продолжува. Тоа е делот кој тебе те буни, или па не сакаш да го прифатиш. Науката никогаш нема да има или да најде крај на било кое истражување на било која научна гранка.
Науката сведена на претпоставки, од кои се извлекуваат научни „вистини„.
Да, Солун е наш...
Науката секогаш започнува со претпоставки кога започнува истражување за било што и преку тестирања и истражувања се достигнуваат резултати (неочекувани или очекувани). И не се секирај, никој не те гледа ако прочиташ малку за тоа. Безбедно е, нема да те линчуваат на плоштад.
Пак ќе кажам дека не очекувам човек како тебе да свати како функционира наука, ама сепак сака да соли памет некому за тоа.
А од друга страна, зошто не пишува ништо и не се објаснува ништо за илјадници скелети на диносауруси кои биле пронајдени и сеуште се пронаоѓаат на планетава во библијата?....
И да, изгледа сепак си само обичен трол.
Ој описмени се малку, а до тогаш, Солун ќе биде наш...
Оф бе пријателе. Ти изгледа со паметот си уште во средовековна Европа... Знаеш, она време кога држави скоро и да не постоеле туку цела Европа била под црковна власт и раководство... Знаеш, она време кога ако некој само погледнал поп попреку ќе бил или запален жив или прогласен за вештерка итн итн....
Извади си ја главата од торба пријателе..... Оти кога ќе дојде време да дојдеме пред Свети Петре, нема да ги суди атеистите и другите...Туку прво тие што се лупаат в'гради на името Негово, а кога не ги гледа никој прават се' и сешто... Имај си го тоа на памет ти најмногу...
Ова тролањево си го усовршил изгледа до максимум. Изгледа во право се дечкиве што те опишуваа во претходните коментари. xD
Навистина, здравата наука нуди вистини кои подолго време се задржуваа/опстојуваат несоборени, додека нездравата наука се обидува за измисли вистини и таму каде ги нема.
Еве вака, дај да ти појаснам уште малце.
Таа "нездрава" наука за тебе се тие нови истражувања и претпоставки. Кои се главната основа на секоја наука. Никој не те тера тебе со сила да го следиш тоа.
Се издаваат последни истражувања и се продолжува од последната точка кон нов хоризонт. Туку ако имаше барем грам мозок горе во тоа на рамена ти глава што си го викаш, ќе сватиш дека науката никогаш со 100% сигурност не говори за нешто што не знае.
Религијата само говори со сигурност за било што, и тоа со 100% сигурност.(било која религија) И така излегуваат фанатици, испрани мозоци и луѓе што убиваат невини и оформуаат секти кои си прават правила како што ќе им текне на основа на името Негово зошто......ете, зошто да не.
Брату, ти си самиот за себе парадокс. Едно што не прифаќаш, па и не сакаш да разбереш дека ако нешто е комплицирано не значи дека не е реално. Не се секирај, нема да дојде никој по тебе од црквата и да те линчува. Имај мир, тоа време прошло кога поповите правеле што сакале со народот мачен. Кажи си себе си дека религијата не треба фанатично да се следи за ти да си праведен пред Него. Нема никој да те повреди.