Рамна Земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Темата веќе изгуби смисла

Уште со самото нејзино отворање и првиот пост темата нема смисла, али јебига, на тебе и компанија рамноземјаши ви требаа 280 страни за да го заклучите тоа.
 
Уште со самото нејзино отворање и првиот пост темата нема смисла, али јебига, на тебе и компанија рамноземјаши ви требаа 280 страни за да го заклучите тоа.
Јас мислев дека нема смисла бидејки тука обично доаѓаат шаблон луѓе-една иста реченица кажуваат...."такви сте - онакви сте"..дрн..дрн... и затоа има толку страни,прочитај ја па ќе видиш....
P.S.
Ова округлоземјашиве ,не да се роботи!!!??...Како си ги програмирал така се однесуваат...
 
Ако неможеш да разбереш едноставни работи, тогаш тоа "такви сте онакви сте" не е лична навреда него факт. Се објаснето сервирано и ти само ќе речеш не е така без да изнесеш аргументи, евиденција и си шибаш по твое, затоа толку страни има.
 
Јас мислев дека нема смисла бидејки тука обично доаѓаат шаблон луѓе-една иста реченица кажуваат...."такви сте - онакви сте"..дрн..дрн... и затоа има толку страни,прочитај ја па ќе видиш....
P.S.
Ова округлоземјашиве ,не да се роботи!!!??...Како си ги програмирал така се однесуваат...

Тропаш без врска само.
 
Токму така, пријателе фантазерски...кој реалноста ја заменуваш со замислена реалност.[DOUBLEPOST=1524317043][/DOUBLEPOST]

...а ако веруваш дека е топчеста, тоа мора да значи дека си гениј?...

Немораш да веруваш во нешто што е факт, тие што веруваат обично веруваат во непостоечки работи како тебе.
 
Немораш да веруваш во нешто што е факт, тие што веруваат обично веруваат во непостоечки работи како тебе.

Навистина, нештата кои се факт не се предмед на верување, туку се предмет на знаење.

Така, или знаеш дека Земјава е топчеста, или не знаеш дека Земјава е точеста. Лично, сметам дека не знаеш, туку дека веруваш. На која основа веруваш, не знаеш ниту самиот, ама веруваш оти така ти кажале.

Во непостоечки работи не се верува, оти напросто, не постојат, а се верува во нешта кои се сетилно туѓи а (раз)умно блиски и нешта кои имаат ефект во реалното овосветовно живеење.[DOUBLEPOST=1524334053][/DOUBLEPOST]

Туку?...
 
Да го слушате Мики, од искуство ова ти го кажува, цел живот верува во она што му го кажале иако нема појма дали постои или не.
 
Да го слушате Мики, од искуство ова ти го кажува, цел живот верува во она што му го кажале иако нема појма дали постои или не.

Кеплер,

твојата „појма„ околу Божјото постење се сведува на тоа дека немаш појма дека Бог постои. Не дека ти лично знаеш, туку дека така ти кажале...[DOUBLEPOST=1524335654][/DOUBLEPOST]
Туку што ? Може да е било што, друга беше поентата.

„Туку?„

Туку, како се нарекуваат ликовите кои веруваат дека Земјава е топчеста, а кои никад у живот не виделе таков феномен со своите вродени очи?

На ова ми се сведува прашањето упатено до тебе.

Се чини дека само оние кои никад ништо не виделе се сигурни во она во кое веруваат, а сите други се „...тешки имбецили...„.
 
Може да се катогеризираат во многу други категории зависно од многу други фактори, што е целосно небитно. Нема потреба од верување дека земјата има сферичен облик, тоа е common knowledge и е факт.
 
Токму така, пријателе фантазерски...кој реалноста ја заменуваш со замислена реалност
Фала за комплиментот, одамна веќе не сум фантазер.
Па не мењам јас искрено ништо, тоа што ти го пишав лично го имам видено и доживеано. Плус цела екипа сме обично, не употребуваме халуциогени средства, освен пиво;), така да не ти држи филозофијата околу реалноста.
 
Се чини дека само оние кои никад ништо не виделе се сигурни во она во кое веруваат, а сите други се „...тешки имбецили...„.

Со голо око ги гледаме месечината и Сонцето, а со телескопи Венера и Марс, со посилни телескопи подалечните планети.
Сите тие се округли а нашава планета не а?....
По која основа силно тврдите тогаш дека само планетава ни е рамна?...

И каде тоа вие сте виделе дека планетава е 100% рамна? И сте 100% сигурни дека е рамна?...
 
Последно уредено:

Kornet,

ја‘ ги гле‘ам рабоќево троа пошироко од твојата приврзаност кон овосветовноста па така, ги имаме следните две можности:

- научното толкување на Светот и животот, според кое (толкување) Светов е самосоздаден, а животот е создаден случајно, на некоја си случајна планета, а последица од самосоздаденоста и случајноста е бесмислицата на постоењето и на Светот и на животот, и
- религиозното толкување на Светот и животот, според кое (толкување) Светов е сторен неслучајно, како и Земјава, а спред промилстата од Творецот, е створена и одбрана токму Земјава, на која битисуваат сите живи битија, заклучно со човекот.

Јасно?..,

Човекот го набљудува Светот (целата Вселена), животот па и самиот себе токму од површината на Земјава а не од некоја замислена позиција, така да Земјава за човекот е основа и за живеење и за набљудување.

Патем кажано, никаде немам напишано дека Земјава е рамна, а дали е и топчеста, тоа е дилема која се влече уште од антиката.

Земјава ќе биде и „рамна„ се‘ додека сите луѓе на Земјава не станат 100%-тно убедени дека е само „топчеста„.
 
Последно уредено:
Меџутим, научното толкување не е на празно, или базирано на верување, него е подкрепено со евиденција наспроти религиското толкување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom