UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Море овие Реал вака така на сите екипи ги победуваат или на кондиција или на грешки или со судии. Чудо некое се кој касмет го имаат баш кога највеќе им треба тој касмет.
кАсмет да те отепа
 
Барса против Рома имаше поголема желба да даде гол отколку Баерн. Каква импотентност како кур на 89 годишен старец, незаинтересираност левел коала. Реал во малиот прст ја имаат усовршено рутината за натпреварувањето, тактички ѕверови, колку лесно ги добиваат утакмиците како да играат со сегунда тимови.
 
Како е можно на Роналдо за такво срамно бунење жолт да не му даде.

Баерн имаше шанси, ама никаква желба немаат, како умрени на теренот.
 
Де бе Баерн помина со мртвата Севиља со 2 автогола и дома истава игра беше како со Реал, таа истата Севиља шо на 10+ утакмици прими по 5 гола од Левантиња и Леганеси.

Реал беше ужас у второ после голов, у нормални околности уште 2 контри ќе направеа и нека се сликаат после
Баерн имаше подобра игра денес од Реал, само што на рибери и милер не им беа сите овци на број. Реал ништо не изигра. На марсело на среќа и контрата за втор гол и толку беше од Реал ако судиме според играта. Али резултатот друго кажува.
Првпат да ги видам Баерн да не играат пресинг цели 90 минути како што е типично за нив, без разлика дали воделе, а поготово кога губеле.
 
Без игра 3 титули освоиле.:tapp:
Жими се треба психички тест да се прави пред да се регистрира некој на форумов.Можеби годинава се тиња ама минатите години ГАЗЕА !
 
Реал си одигра тактички добро.

Добра тактика богами да ти се повредат двајца битни играчи на две недели пред утакмицата, плус двајца битни играчи за време на утакмицата, плус да постигнеш два гола де факто од нигде никаде, а на Рибери да му отскокне топката за 2-0. Стварно добра тактика.
Јес да е Баерн далеку од најдобрите денови, ама среќата за овој натпревар беше далеку на страната на Реал.
 
Овие од циганскиот фан клуб уште неможат да се помират со фактот дека се класа подоле од европскиот крем.
 
Касемиро, Карвахал и Марсело се во ужасна форма и затоа Реал е таков килав и не може да наметне темпо на минативе утакмици.

Особено па Карва, подобро што излезе, Рибери кој е на два дена до пензија го испошалта едно 20 пати и направи толку шанси...

На Баерн „резервите“ им одиграа подобро од оние кои беа прво избор...
 
Реал беше тактички трпелив и си ја чекаше својата можност. Застана на 1-2 и не се трудеше толку да направи некој притисок и за да направи уште некоја контра. Малку повеќе да запнеше и комотно ќе им дадеше уште некој гол. Ми се чини мечов беше идеален за Бејл да влезеше место Бензема. Ќе се изнадобиваше топки во празно каде со својата брзина ќе ги решеше издишаниве од Баерн.

Инаку Баерн сам се победи вечерва. Многу лоша тактичка поставеност. Имаа иницијатива, но ништо посебно. Исто имаа неколку добри можности и баш зарад тоа мислам дека заслужија реми, но Реал игра преискусно во вакви натпревари и на тактика ги фати едноставно.

И не ми е јасно по веќе убедливо добиена титула во Бундес Лига каде што комотно би можело да се ротира низ последните кола, со голема зимска пауза да гледам толку неподготвени кондициски играчи во Баерн. Скоро најголем дел ми изгледаа како да не можат да го доиграат мечот после 75 минута.
 
Немаат конкуренција и силни натпревари во лигата Баерн, па како да не се спремни за вакви утакмици. Тоа му доаѓа како РК Вардар да игра само домашна лига и така да оди во ЛШ против појаките екипи :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom