Сакаше ЕДФ да излезе со иста тактика како со Барса, само што Барса сезонава има едно два пати поспор напад од оној на Ливерпул. Играа Рома првите 20 мин, Ливерпул им ја остави топката, да се окуражат и да тргнат понапред и преостанатите 70 минути со иста фора, долга топка преку среден ред и шанса за гол, затоа и примија толку а можеа комотно уште 2-3 да примат. Не можеш со брзи играчи како Мане, Боби и Момо да играш висока одбрана, штоперите им беа на 40 метри од гол, скроз погрешна тактика за игра против овој начин на игра на Ливерпул.
Криво ми е што примија два мртви гола, пред се' поради онаа цепеницана умислена Ловрен а пенал ко пенал, на секој и секаде може да му се деси. Треба Џини да го даде она што го промаши после примениот гол и сместа да ги отпишеа. Вака, ќе имаат кураж некаков дека им се вратија на Барса од 4:1, зошто не би можеле и на Ливерпул од 5:2 (иста гол разлика и ист резултат ги носи), само што мислам дека ако повеќе се отвори Рома, офанзивциве на Ливерпул ќе горат по страна и многу често ќе влагаат во шанса.