- Член од
- 28 февруари 2017
- Мислења
- 2.770
- Поени од реакции
- 2.682
- Возраст
- 64
Со сецкањето на играта си у право а дека не можеш да се одбраниш, па не баш. Ајде реално и да примеше гол-два не беше страшна ствар. Рома денеска изгледаа како ич да не го скаутирале Ливерпул, излегоа како со Кротоне божем ќе играат, поиграа 20 тина минути и толку.Премалку агресивност, премногу мек пристап во дуелите и премногу страв имаше во играчите на Рома. Прв и основен показател е тоа што добија само еден жолт картон се до 88ма (вториот и онака беше за спречкување) против тим кој што е брз, агилен и кој што има играчи кои лесно се ослободуваат еден на еден. Класичен пример е голот за 2-0, едноставно таму мораше да има фаул на центарот по многу мала цена како што е жолтиот картон.
Мораше да им ја сецкаат играта повеќе, мораше да бидат поагресивни и погруби. Ди Франческо можеби сакаше да игра "европски" фудбал, ама тоа не може против играчи кои што со стартниот чекор се веќе позади твоите.
Друга работа е дефинитивно грешката со тројка во одбрана и премногу дефанзивниот пристап. Ливерпул сезонава е тим против кого не може да се одбраниш и тоа мора секој да го сфати. Затоа пак имаат лабилна одбрана и не смееше да оди на некој си мал резултат, мораше да има искалкулирано дека без минимум два или три гола не може да си оди од Англија.
Да дојдеше 5-3 дуелот дефинитивно ќе беше отворен, вака може да се надеваме на интересен реванш ама сепак шансите се ептен минимални.
Додуша не им го знам ростерот на Рома, може и немало нешто варијанти, со одбраната. Вие што пратите Сериа А поупатени сте.