Кога вадиш од контекст...
Муслиманските браќа не ги формирал Хитлер, меѓутоа ја вкоренил воено-политичката структура... Уствари прочитај за
Ал Хусеини, гледам дека луташ..... Тој не бил основач на Муслиманските браќа туку влегол како Ерусалимски муфтија во организацијата и неговиот контакт со Хитлер ја прави милитаристичка групата...
Еве шо си напишал:
Основач на оваа воено-политичка структура во денешна смисла на зборот е Ерусалемскиот Муфтија Амин ал Хусеини со подсретство на Хитлер.
Не знам дали јас лутам или слабо ти оди изразувањето, заклучи сам. Шо е вкоренување на структура на една организација?
Приказната за Лоренс од Арабија не е исламистичко освестување на арапите, туку национално. Они имале Исламска (Отоманска) власт, немале зошто да се освестуваат религиозно.
Во контекст на периодот беше ставен, ништо повеќе не беше спомнато.
Поради овие причини, Муфтијата за време на втората светска војна сојузници наоѓа во Балканските муслимани, Албанците и Босанците каде што оформува неколку муслимански SS дивизиони. Со тоа се удрени темелите на денешната исламска интернационала.
Јас знам само за една таква дивизија, а тоа е Скендербег, не знам како успеа во еден пост два пати да ги удриш темелите на исламскатата интернационала и тоа преку Абвер, каде е поврзаноста надвор од Балканот на оваа единица со било кои други структури и како влечеш континуитет?
Е сега тука правиш грешка во чекори... Јом Кипурската војна и шестдневната војна се 2 различни војни. Шестдневната војна се случува во 1967 година, каде што Израел за 6 дена и го завзема цел Синај(Египет), Газа(Египет), западниот брег(Јордан) и Голанската висорамнина(Сирија), поточно територија дупло поголема од тогашен Израел(и тогаш Египет е под Садат), а Јом Кипурската војна е во 1973, кога Израел само благодарение на проникливоста на Ариел Шарон се спасува како држава и од тотален губитник на крајот седнува на преговарачка маса со подобри адути, но на крајот го губи Синај.
Израел и СФРЈ немаат никакви отворени прашања во тој период и освен судирите меѓу Израел и Арапската лига чии земји се дел од неврзаните СФРЈ нема основа за прекинување дипломатските односи со Израел.
Не ја глеам потребата од детали за тие судири во оваа дискусија, како тебе така и мене ми е достапна вики, иако ретко ја користам за дискусија, ако ми е потребна за реплика тогаш и немам право на репликата, тоа е ефтино надмудрување според мене.
Патем речено, одлична меморија со датите.
Немам информации точни за тоа дека КГБ дава поддршка на исламистички структури, пошто КГБ има контакти со левичарски структури и терористи попут Карлос, Црвени Бригади, Бадер-Мејхоф Курдите итн. Исламистичката транферзала беше воглавном под Југословенска капа. Има гарант негде низ нет информација, ама секој киднапиран авион кој ќе се спуштеше во Сараево или Загреб, на терористите им се губеше траг.
Ај да се самоцитирам,
.
Таа интернационла или т.н Зелена транверзала настанува нешто подоцна кога колониите стануваат независни земји.
Тука играат улога неврзаните, нивниот однос со Израел и односот на тогашна СФРЈ како лидер на неврзаните.
Тито ги прекинува дипломатските односи со Израел веднаш после Јомкипурскта т.е Шестдневна војна на Израел со Арапската лига предводена од Абдел Насер, близок со Тито. Како неврзаните земји стекнуваат свои ресурси така расте нивното надворешно влијание преку разни исламски организации, точно е дека Либија посебно дава допринос кон организации како Црниот Септември, меѓутоа исто и КГБ дава значајна поддршка на истите, поради некои идеолошки левичарски наколоности.
И да ти издвојам,
Црниот Септември, меѓутоа исто и КГБ дава значајна поддршка на истите, поради некои идеолошки левичарски наколоности.
Шо има спорно во напишаното? Да преформулирам, шо напиша поразлично освен шо нафрли додатни непотребни податоци...
Советскиот Сојуз претежно игра со воените структури на државите кои се опоненти на Израел во тоа време, значи највеќе со Сирија и Египет. Притоа морам да напоменам дека покрај Советска помош во оружје и воен кадар, не ретко во Египетската армија како консултанти се наоѓаат нацистички офицери.
Единствено ми е спорно тоа каде тврдиш дека нацистички офицери се наоѓаат како консултанти во Египетската армија.
Сега тука правиш каша со периодите...
Како што кажав претходно, исламската интернационала ја превзема во свои раце САД на средина на 80тите години и веќе во Авганистан и Чеченија они го имаат главниот збор и нормално е Пакистан, Турција и КСА како главни сојузници на САД да стојат позади акциите во Авганистан и Чеченија.. па и Нагорно Карабах и Југославија... Иран се друга приказна и се сосема различна религија, нивната подршка на Хамас, преку Хезболах е чисто прагматична, сојузништво поради заеднички непријател. Таа подршка завршува во 2010 со инцидентот помеѓу Турција и Израел, кога се обелоденува Турска воена помош за Хамас.
САД и било која друга земја која не е исламска не може директно да го преземе раководењето со таква организација чие јадро е исламот религијата.
Не знам каква е таа различна религија кога и сунитите и шиитите се муслимани, ама ете јас сум правел каша
да биде појасно Саудиска Арабија и Пакистан стојат позади акциите во Авганистан, Чеченија...меѓутоа САД го имаат главниот збор.
Таа исламистичка муџахединска интернационала, не е единствена и не е инклузивна за сите муслимани... Таа интернационала е водена од Вахабистичка структура и е доста моќна. Како што гледаме во војните, нивна главна одлика е бруталност која се темели на митот за саможртва на редот (братството) на убијците основано во 10 век, познати како хашашини (од кај што потекнува зборот assassin). Значи кога се збори за исламистичката интернационала, станува збор за терористичка организација , која ја има во разни земји и во разни периоди е под различно име, но која е со јасно утврдена воено политичка доктрина и со огромно воено искуство, поготово во урбаните воени дејства, и е препознатлива по нивната бруталност, која сее страв на непријателот.
Додека од друга страна таа што ја викаш паралелна структура (Иран), таа е конзистентна организација.
Како го извлече континуитетот не ми е јасно, прво напиша дека е организација која има воено политичка структура вкоренета од Абвер за на крај да ретерираш и напишеш дека и не е баш организација туку се работи за неформална муслиманска солидарност. Полека, вчера еве шо пишуваше за Вахабиите и направи јасна дистинкција со сунитите и шиитите,
Вахабиите се секта што произлегува од Сунитскиот ислам, меѓутоа самата по себе е доста различна од Сунитското практицирање на исламот. Така да може да се каже и дека е засебна религија со разлики исти како помеѓу протестантите и католиците. И погрешно е да се стават во исти кош сунитите и вахабиите.
Иначе за вахабите и сунитите, разликата им е како помеѓу протестатнтите и католиците, чисто терминолошки е дали ќе ја наречеш посебен правец или посебна религија, воглавном се спротивставени учења...
А денес пишуваш дека таа исламска интернационала е водена токму од Вахаби, полека малку, не знам дали лутам јас или ти. Сеедно, не е ова научен труд, ама некоја конзистентност и да не се извитоперуваат фактите во прилог на тврдењето.
Мнозинството од муслиманскиот свет се сунити, ако е таква како шо си напишал разликата помеѓу нив и вахабиите каде е логиката за такво панисламско движење какво шо опишуваш?
Исламската интернационала е некоја религиска солидарност, неформална,меѓународна, слично пансловнеството на далеку поизразена, која делува во различни периоди во перидот после ВСВ до падот на Берлински ѕид, и по падот со малку понаква агенда бидејки веќе се јавуваат различни агенди.
Уште нешто, асасинс се појавуваат во периодот на Крстоносните војни ако добро се сеќавам, ептен долга традиција до еве да речиме Саудиското Кралско семејство, ова тврдење е на ниво на масони и илуминати теории, не е таква темата.
И еве ја прагмата која ја спомна ти на крај, или нешто повеќе традиционални односи, не баш толку базирани на исламот,
Према ова никогаш немало како шо нема ни сега хомогена исламска интернационална структура, Авганистан и Чеченија никогаш не добиле Либиска или Египетска поддршка да речиме, глеаме и сега дека Хезболах е наспроти нив заедно со Иранците и поранешните сојузници на СССР, исто како шо тогаш Пакистан и Садуиска Арабија и донекаде Израел поддржуваа операции низ Авганистан, подоцна Чеченија и екс СССР па преку Турција на Балканот.
Континуирано се две различни панисламски интернационални структури во прашање.
Пак да напишам дека не ми е целта а ла вики паметување...да не се сфатиме погрешно.