Го читам објаснувањето на ТНБ и вика НБРМ ја зголемила адекватноста на капиталот за 3% во нивниот случај. Во случајот на КМБ било побарано зголемување од 4%. Плус дополнителни барања кај системски значајни банки, што сума сумарум испаѓа 14.25% кај ТНБ и 16.5% кај КМБ. ТНБ исполнува 14.3%, КМБ 15.9%, ама ете регулаторот жмури па си исплатија што исплатија. Само таа дупка ќе мора да ја затворат во 2018.
Ете видиш не сум знаел дека сите банки се еднакви, ама некој се поеднакви од другите. Искача најубаво да си системски небитна банка, и фурај.
Нејсе после овој тотален шок, барем за мене, ред е да видиме што понатаму. За очекување е дека двете банки ќе имаат феноменален Кв1, посебно ТНБ. Со малку математика искача дека капиталната добивка од продажбата на пензискиот фонд им е најмалку 350 М ден, додади уште толку од редовни активности, ќе дојдеме до некои 700 М за Кв 1. За крај година е реално да се додаде уште барем 1 М, значи 1,7М тотал конзервативна процена.
Да се делат дивиденди ќе зависи најмногу од регулаторните барања, мислам да не беа овие екстра обврски ладно ќе исплатеа барем половина од добивката.
Искрено ми е многу криво што не искочив на 14500, ама тоа е, идемо даље. За продавање е касно за купување рано, значи пак сме на ХОЛД