Дежурна Ординација! #2

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Имам едно прашање нз дали е поврзано со медицинава стриктно ама не најдов посоодветна тема а и не ми се отвора посебно. Кога јадам луто, или кога вежбам дома (пример склекови) ми се јавува огромен јадеж почнувајќи од главата, па низ целиот грб. Нешто како засилена циркулалција да ја речам. Затоа и одбегнувам луто во последно оти ме нервира. Онака кратко трае јадежот, ама е нервозна работа. Пак ќе споменам, почнува од главата, надулу низ целиот грб и напред кај градивем некаде до половината и трае отприлика половина минута. Воедно на образите имам како црвенило, нешто како капилари да ги речам веќе одреден период и не знам дали можи да се поврзи некако со ова од претходно.

Дали е нормално и од шо можи истoтo да се јавува? :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Имам едно прашање нз дали е поврзано со медицинава стриктно ама не најдов посоодветна тема а и не ми се отвора посебно. Кога јадам луто, или кога вежбам дома (пример склекови) ми се јавува огромен јадеж почнувајќи од главата, па низ целиот грб. Нешто како засилена циркулалција да ја речам. Затоа и одбегнувам луто во последно оти ме нервира. Онака кратко трае јадежот, ама е нервозна работа. Пак ќе споменам, почнува од главата, надулу низ целиот грб и напред кај градивем некаде до половината и трае отприлика половина минута.

Дали е нормално и од шо можи истoтo да се јавува? :)
Алергија, се манифестира во секаков вид нетрпеливост, не мора да значи дека само треба да се исфрлаш или гушиш :))
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Алергија, се манифестира во секаков вид нетрпеливост, не мора да значи дека само треба да се исфрлаш или гушиш :))
Го дополнив постот во меѓувреме. Чинам дека оваа работа ми се дешава истовремено со засилено црвенило на образ, нешто како капилари ваљда. Хигиената редовно ја одржувам (така да не верувам да е иритација на кожа), така да прашањево друго ми е дали е можна поврзаност на ова што сега го пишав со ова од претходно? :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.800
Поени од реакции
42.431

а зошто јадеш луто? Не ве сфаќам, јадење луто е измачување на телото, ќе се препотувам сеа за едно мочано пиперче:D
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
а зошто јадеш луто? Не ве сфаќам, јадење луто е измачување на телото, ќе се препотувам сеа за едно мочано пиперче:D
Не јадам не обожавам. Сакам да кажам дека сум го сетил како причина, и при најмало лизнување на лута пиперка иди јадежот. При вежбање, речиси секогаш. Некогаш и при прошетка да речам, на сам почеток онака :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.800
Поени од реакции
42.431
Не јадам не обожавам. Сакам да кажам дека сум го сетил како причина, и при најмало лизнување на лута пиперка иди јадежот. При вежбање, речиси секогаш. Некогаш и при прошетка да речам, на сам почеток онака :D
знаеш некогаш мозокот сам реагира на некои ствари беспотребно, не се замарај, пробај да го игнорираш само.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
знаеш некогаш мозокот сам реагира на некои ствари беспотребно, не се замарај, пробај да го игнорираш само.
Kaко при пиење не иди јадеж пизда му матер, и тогаш цирукулацијата буфта :D
То е, може ќе треба некое алерго тестче да сторам, или испитување на крв какво што не сум праел речиси 2 години.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не јадам не обожавам. Сакам да кажам дека сум го сетил како причина, и при најмало лизнување на лута пиперка иди јадежот. При вежбање, речиси секогаш. Некогаш и при прошетка да речам, на сам почеток онака :D
Има еден тип на алергиска реакција, се вика ‘уртикарија предизвикана од физичка активност’ (exercise induced urticaria) или ‘холинергична уртикарија’ (cholinergic urticaria). Ако не осеќаш некои поголеми потешкотии нема потреба ништо конкретно да правиш. Ако сакаш можам во порака да ти испратам препорака за доктор за консултација, ако имаш потреба од тоа.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Има еден тип на алергиска реакција, се вика ‘уртикарија предизвикана од физичка активност’ (exercise induced urticaria) или ‘холинергична уртикарија’ (cholinergic urticaria). Ако не осеќаш некои поголеми потешкотии нема потреба ништо конкретно да правиш. Ако сакаш можам во порака да ти испратам препорака за доктор за консултација, ако имаш потреба од тоа.
Од Прилеп сум. Познавајќи се себеси попрво би чекал да дојдам на смртна постела отколку да се закренам на доктор до Ск. Ти благодарам за терминов. Ваљда е то. Ништо страшно, не чувствуваm по мене некој лош момент, сем јадежов при почеток на вежбање, па реков да пишам онака од радозналост :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Дали некој знае како се вика дерматолошко заболување на рацете на буквата М (рацете се како испукани одозгора)...?

Не е за тука прашањево ама ме интересира

едит- мислам е мајасил...И дали е тоа исто со атопичен дерматит?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
Дали некој знае како се вика дерматолошко заболување на рацете на буквата М (рацете се како испукани одозгора)...?Не е за тука прашањево ама ме интересира едит- мислам е мајасил...И дали е тоа исто со атопичен дерматит?
ДА ! Исто е...

Atopic dermatitis (eczema) или „кажано медицински“ !

Мајасил народски израз за болеста атопичен дерматит или егзема што се применува во овие простори од македонци од албанско или турско потекло (Krem për majasil - Ilaç) ете пишано на албански јазик...

или вака состав е т.н. „црна маст“ или Ihtiol со голема количина на сулфур, фосфор и рибино масло пишано на српски јазик !

или за атопичен дерматит, егзема на рацете (chronic hand eczema) пишано на англиски јазик!
 
Последно уредено:
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Здраво здраво,

Ако прашањево не е за тука нека биде избришано, ама јас ќе си прашам :) .

Пред некое време земав Фитбит и нели мери пулс. Е сега приметив дека најголемиот број денови пулсот во мирување ми е околу 56 -57 во просек. Најнискиот просек во еден ден ми бил 55, а во спиење (што мислам дека е нормално) се спушта до кај 45 во просек. Нели сето ова е ок ако си физилчки фит...
Арно ама јас не се сметам за физички фит... имам прекумерна тежина (115кг) , кондиција слабо... Е едина вежба што ми е задниве 2 ипол години секој ден брзо пешачење по околу 5 км дневно кога шетаме со кучето...

Значи прашањето ми е дали може од секојдневно шетање по мин 5 км да се намали пулсот во мирување ?

П.С. Сум правел ехо, екг се било ок...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Значи прашањето ми е дали може од секојдневно шетање по мин 5 км да се намали пулсот во мирување ?
Да.
Тебе уствари ти е чудно што си здрав (барем во поглед на пулс/ехо), а?
Иначе, нека не ти даваат лажна надеж овие добри резултати и добар пулс дека треба да продолжиш да тераш со таа килажа.

Последно уредено:
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Да.
Тебе уствари ти е чудно што си здрав (барем во поглед на пулс/ехо), а?
Иначе, нека не ти даваат лажна надеж овие добри резултати и добар пулс дека треба да продолжиш да тераш со таа килажа.

хахах добро ти е ова... знам дека мора, затоа и со нутриционисти и со се почнавме...
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
889
Поени од реакции
441
Денес осетив некоја мала непријатност(не болка) во пределот на десната града, ја осетив сат време после јадење не осеќам киселини нити било какви симптоми на ГЕРД нити имам неудобност во стомакот и хранопроводот, што може да биде?
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom