Нови лектири за основно образование

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.714
Поени од реакции
13.410
Јас не сакав да читам лектири, сите ги скокав и со сила ме тераа. А после ги препишуваш за на час...ништо не ми фали. Нема што да се научи од лектири подобро е децата да си читаат од интернет Википедија например или Јутјуб да си гледаат за мене книги се заостанат медиум подобро аудиобоок или радиодрама или филм или музика да слушаат и тоа од Штраус до Антракс или Уметнички слики да гледаат. Ама книга во 2018ма...подобро сами да си пишуваат така ќе научат да пишуваат а вака, имаат фајрфокс и само напред, весници, фејсбук, сајтови тоа треба а не книги со петардирани приказни и безкорисна содржина. Што научив од книга белетристика АПСОЛУТНО НИШТО само рандом ликови и некаква си приказна...А илјадници часови се трошат на тоа.
Ретко во која книга сум уживал а од никоја не сум научил ништо корисно од сите лектири и во основно и во средно. Лектири=Усерување на одмор
Се надевам дека постов ти е полн со сарказам.

Мешаш поим - читање книга општо ради уживање и задолжителна лектира.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

Јас не сакав да учам физика, со сила ме тераа да одам на часови, па на памет ги учев задачите и така поминував и еве што ми фали? Што има тоа топлина, гравитација, глупости да учат да децата, нека одат нека скокаат од гранки, толку дрвја има наоколу, па сами ќе си научат и ќе си измерат што како, во 2018 задачи физика, мислам....:sick:

Апсолутно ништо не научив од физика и ништо корисно не видов од 2те години физика во основно. Физика=усерување на добар пролетен викенд.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Се надевам дека постов ти е полн со сарказам.

Мешаш поим - читање книга општо ради уживање и задолжителна лектира.
Сериозен сум, немам прочитано белетристика од средно, ниту една книга имам 38 години и мразам литература која не е стручна. Ако си го гледал Фаренхајт 451 е во таков свет живеам.Во филмот навивав за „лошите“ и ми беа симпатични и разумни. Инаку знам дека Фаренхајт е книга ама ни на крај памет не ми е да ја читам е оваа последна реченица само беше сарказам. И фаци како мене постојат кои од дно на душа ги замразиле книгите уметнички само поради лектири. Македонски Јазик и Физичко ми беа убедливо најомразени предмети...:LOL:[DOUBLEPOST=1521848916][/DOUBLEPOST]

Јас не сакав да учам физика, со сила ме тераа да одам на часови, па на памет ги учев задачите и така поминував и еве што ми фали? Што има тоа топлина, гравитација, глупости да учат да децата, нека одат нека скокаат од гранки, толку дрвја има наоколу, па сами ќе си научат и ќе си измерат што како, во 2018 задачи физика, мислам....:sick:

Апсолутно ништо не научив од физика и ништо корисно не видов од 2те години физика во основно. Физика=усерување на добар пролетен викенд.
Од основно ОТП, Музичко, Ликовно, Физичко и Македонски и Историја ми се најдоа како тотално безкорисни...а од плус средно, Логика и Филозофија.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.094
Добро бе, само јас и уште 2-3ца тука му ја сфативме поентата на @Zlatikevichius ?
РобинСон Крусо може да ја чита дете од 12 години, но нема да ја доживее онака како што би ја доживеал некој кој одново би ја читал на поголема возраст, туку многу повеќе како еден вид на авантуристички роман. Што е далеку повеќе од тоа. Исто и за „Книга за џунглата“ од Киплинг. И Хајди донекаде. Затоа се тие вонвременски. Иако опишуваат за едно минато свршено време, (еве - расизмот на Англија :D) имаат подлабока поента, во конкретниов пример - човек v.s. природа v.s. општество (Могли, Крусо)
Не бе, јас сум ја направил расистичка! :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Сериозен сум, немам прочитано белетристика од средно, ниту една книга имам 38 години и мразам литература која не е стручна. Ако си го гледал Фаренхајт 451 е во таков свет живеам.Во филмот навивав за „лошите“ и ми беа симпатични и разумни. Инаку знам дека Фаренхајт е книга ама ни на крај памет не ми е да ја читам е оваа последна реченица само беше сарказам. И фаци како мене постојат кои од дно на душа ги замразиле книгите уметнички само поради лектири. Македонски Јазик и Физичко ми беа убедливо најомразени предмети...:LOL:[DOUBLEPOST=1521848916][/DOUBLEPOST]
Од основно ОТП, Музичко, Ликовно, Физичко и Македонски и Историја ми се најдоа како тотално безкорисни...а од плус средно, Логика и Филозофија.
Па ако се занимаваш со нешто што нема допирна точка со литература и филозофија нормално дека за самата работа ти се бескорисни, но тоа не значи дека ти не си изгубил многу со тоа што не си заинтересирал повеќе.

За аргументот да не зборувам, јас бев на 2 часа во Париз, не се качив на Ајфелова, не влегов во Лувр, нит прошетав на Монмартр, а многу врнеше дожд и полно беше со црнци продавачи на сувенири, па затоа НЕ ОДЕТЕ ВО ПАРИЗ!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Па ако се занимаваш со нешто што нема допирна точка со литература и филозофија нормално дека за самата работа ти се бескорисни, но тоа не значи дека ти не си изгубил многу со тоа што не си заинтересирал повеќе.

За аргументот да не зборувам, јас бев на 2 часа во Париз, не се качив на Ајфелова, не влегов во Лувр, нит прошетав на Монмартр, а многу врнеше дожд и полно беше со црнци продавачи на сувенири, па затоа НЕ ОДЕТЕ ВО ПАРИЗ!
Изгубив илјадници часови читај ќе зошто морав...немав избор во средно. Жалам за потрошеното време на литература задолжителна во основно и средно. Ми ги упропастуваше одморите, ми го губеше времето за време на школска година. Па решив подобро послаба оценка Македонски...една е а за тоа време место книга ќе учам други предмети и ќе добијам 5ки па мораше професорката по македонски (многу фина жена) да ми пише повисока оценка. Накрај дури уконта и реков јас не читам...ама може биографии на писатели и граматика да учам. Така да усмено фаќав петка а за писмено т.е. книжевност двојка или тројка. Ама за тоа си имав време друго да учам. А за мал дел од професиите за кои треба литература не ги сакав плус и генерално се слабо платени и имаат голема невработеност, бидејќи од за мене необјаснива причина најголем дел од луѓето сака литература и со тоа да се бават. Како и да е завршив средно и се куртулисав од литература. После со ниеден предмет на факс немав поблеми како со литература.
Најглупава книга што сум ја читал барем дел беше Шолохов на Тихиот Дон. Заспивав 100 пати и една со друга страница неможев да поврзам и тогаш се откажав и од последните обиди за читање.
Така да несакам детето да ми чита лектири...книгите треба да се слободен избор дали се читат или не. На некој едноставно не ми оди читање и книжевност исто како музичко, ликовно и физичко треба да биде со лектирите важно е да си на час а не дали си потрошил 100 сати читајќи книга.
Инаку единствено нешто што можам да кажам за книги е дека се осќав како Главниот лик од Странецот на час по Македонски јазик...
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
2 одделение (2+1):
задолжителни:

1. Зоки Поки - Оливера Николова
2. Грдото пајче - Ханс Кристијан Андерсен
изборни:
1. Сказни - Браќа Грим
2. Касни-порасни - Петре М. Андреевски
3. Песни - Васил Куноски
4. Песни - избор (брзозборки, игрозборки, редаленки)

3 одделение (2+2):
задолжителни:

1. Мувата и кочијата - басни, избор од повеќе автори, уредник Ленче Милошевска
2. Шеќерна приказна - Славко Јаневски
изборни:
1. Киндер квачка - Киро Донев
2. Скокни, прескокни - Васил Мукаетов
3. Раскази од училишниот живот - Јадранка Клисарова
4. Рибарот и рипката - Александар Сергеевич Пушкин
5. Доктор Офболи - Корнеј Чуковски
6. Мечето Вини Пу - Алан Александер Милн
7. Легенда за Марфи Компирката - Овен Колфер
8. Сакам книга - Александар Кујунџиски

4 одделение (3+2):
задолжителни:

1. Петар Пан - Џејмс Метју Бари
2. Сказна за детето Вилен - Глигор Поповски
3. Итар Пејо - Стале Попов
изборни:
1. Орхан - Неџати Зекирија
2. Волшебникот од Оз - Лиман Френк Баум
3. Сон на тркала (избор песни) - Стојан Тарапуза
4. Лага река не гази - избор од Јадранка Владова
5. Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните - Билјана Станковска
6. Природо, љубов моја - еколошка читанка од Александар Кујунџиски

5 одделение (4+2):
задолжителни:

1. Убави зборови - поезија - избор - Иван Џепаровски
2. Гоце Делчев - Ванчо Николески
3. Пајажината на Клементина - Елвин Брукс Вајт
4. Пипи долгиот чорап - Астрид Линдгрен
изборни:
1. Дворец на опачини - Ристо Давчевски
2. Пинокио - Карло Колоди
3. Алиса во земјата на чудата - Луис Карол
4. Хотел за кучиња - Луиз Данкан
5. Тори и принцот змија - К.В.Јохансен
6. Златното јаболко - Христо Петрески

6 одделение (4+3):
задолжителни:

1. Белото циганче - Видое Подгорец
2. Големи и мали - Бошко Смаќоски
3. Робинзон Крусо - Даниел Дефо
4. Црни и жолти - Славко Јаневски
изборни:
1. Хумористични македонски народни приказни - избор од Томе Саздов
2. Уличето со обетки од цреши - Михо Атанасовски
3. Хајди - Јохана Шпири
4. Двојната Лота - Ерих Кестнер
5. Децата од Павловата улица - Ференц Молнар
6. Мери Попинс - П.Л.Траверс
7. Петар Пан во црвено - Џералдина Мекофран
8. Мојот пријател А - Јадранка Владова
9. Сештологија - Ванчо Полазаревски
10. Кралот на златната река - Џон Раскин

7 одделение (4+3):
задолжителни:

1. Силјан штркот - Марко Цепенков
2. Втората смена - Велко Неделковски
3. 20 000 милји под морето - Жил Верн
4. Авантурите на Том Соер - Марк Твен
изборни:
1. Девојчето со две имиња - Јадранка Владова
2. Умните измислувачи - Виолета Мартиновска
3. Возот в снег - Мато Ловрак
4. Најубави митови од антиката - Густав Шваб
5. Момчето Молња - Јагода Михајловска-Георгиева
6. Патешествијата на Силјан штркот - Видое Подгорец
7. Светлина зад ридот - Трајче Крстески
8. Од цвет до цвет - избор на песни и раскази - Адем Гајтани
9. Споменка - Горјан Петрески

8 одделение (5+4):
задолжителни:

1. Бегалка - Васил Иљоски
2. Марта - Горјан Петрески
3. Малиот принц - Антоан де сент Егзипери
4. Хаклбери Фин - Марк Твен
5. Дневник - Ана Франк
изборни:
1. Бескрајна приказна - Михаил Енде
2. Бојан - Глигор Поповски
3. Цар Салтан - Ефтим Клетников
4. Александра - Томе Арсовски
5. Розата и вепарот - Ане Провоуст
6. Поетска читанка - избор од Миодраг Друговац
7. Девојчето од шестата месечина - Муни Вичер
8. Момчето во пижами на риги - Џон Бојн

9 одделение (5+4):
задолжителни:

1. Сердарот - Григор Прличев
2. Повикот на дивината - Џек Лондон
3. Девојките на Марко - Оливера Николова
4. Црни овци - антологија на светскиот расказ - избор од Катица Ќулавкова
5. Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски
изборни:
1. Старецот и морето - Ернест Хемингвеј
2. Стилски вежби - Рајмон Кено
3. Белиот кловн - Дамир Милош
4. Ние, врапчињата - Јордан Радичков
5. Лозје - Блаже Конески
6. Бели мугри - Кочо Рацин
7. Хари Потер и каменот на мудроста - Џ.К.Ролинг
8. Исти очи - Горјан Петрески
9. Тајниот дневник на Адријан Мол - Сју Таунсенд
10. Кога светот беше млад - Јирг Шубигер
Одлична тема. (y)

Не можам за секоја поединечно, па ќе нафрлам се’ на едно место.
“Сказни“ од браќата Грим. Ова претпоставувам се поедини сликовници, а не збирката, каде се вади само една приказна и тоа најчесто е “Снежана и 7те џуџиња“! Треба точно да се наведе која.
“Мечето Вини Пу“! Ова ли е лектира за 3-то одделение! Па згора на тоа и “Легенда за Марфи Компирката“! Ако веќе решиле да ги прават лектири, нека бидат за прво или второ, затоа што на 9/10 годишно дете да му наметнеш да чита ваква глупост е повеќе од трагично. Проблемот во изборниве лежи во тоа што наставниците наложуваат кои лектири ќе се читаат, а тоа не е оставено на личната желба на ученикот. Мене лично ми беа интересни “Еднорогиот елен“ (4то) и “Островот на скриеното богатство“ (мислам 5то одд). Сега ги нема. Од друга страна го има “Робинсон Крисо“ со слична тематика, за која морам да се произнесам дека не е расистичка. Историски факт е дека црнците биле робови во тој историски момент и ако искажаните факти/моменти се веродостојни за опишаниот период, не гледам зошто тоа би била расистичка книга. Мислиш дека ќе им ја наруши перцепцијата? Ако да, тогаш треба да зборуваме и за Сказниите на Грим...Таа книга опишува настани кога ропството било секојдневна појава. Дали ако некој пишува за втората светска војна, за тоа како евреите биле убивани како стока е антисемитист? Нормално дека не.

Ми се допаѓа тоа што се задржани и Твен и Верн. Тука може да влезе и “Островот на др. Моро“, кога ја нема “Времеплов“, која е тргната многу одамна.
Најмонгу ми бодат очи изборните за 5то одд. (сем 2 и 3). Не знам што да мислам за истите. Јасно е дека лектирите треба да го стимулираат натамошното читање, а со ваквото наметнување на книги кои пред се’ еден основец нема да може да ги разбере (како “Малиот принц“ (која беше лектира за 3/4) или “Алиса во земјата на чудата“) и лектири напишани од домашни автори, кои што и да напишале, само за да се сочува домашниот пишан збор, истото ќе мора да се чита! Има и одлични дела, како “Шеќерна приказна“, “Белото циганче“, “Големи и мали“, “Марта“ и “Сердарот“, од лектириве. Но почнувајќи од досадните драми, кои се работат и во средно и завршувајќи со песничките кои имаат само рима и ништо повеќе, треба да се отстранат. Башка тоа поклопување на “Сердарот“, “Чорбаџи Теодос“ и “Бегалка“ се обработуваат и во средно, барем ние двојно ги обработувавме. Зошто тие не се остават за средно, а нивните места да се пополнат со книги кои би биле адекватни и интересни (примери за книги кои требаат да се вратат односно вметнат, пишав подоле). И “Ние, врапчиња“ не е книга за полуматуранти. Јас би за многу поназад. Исто и за “Девојките на Марко“.

Мал дел од насловиве и за мене се нови и не сум ги прочитал, па така ќе се воздржам од коментар за истите. Јас можам единствено да судам врз основа на она што сум го прочитал, дали ми било интересно на таа возраст и дали денес некоја од овие ми буди некакви емоции. Лично сметам дека ова е далеку од добра листа. Требаат корекции, но истите да се прават и со наставниците кои од прва рака знаат која книга како се доживува во секоја нова генерација. На пример јас би ги ставил и “Грофот Монте Кристо“, “Хобитот“, би ги вратил “Еднорогиот елен“ и “Островот на скриеното богатсво“ и би го додал и (мојата омилена) “Сликата на Доријан Греј“ па и да речеме “Авантурите на Шерлок Холмс“. А мислам дека со дневникот на Франк, истересна би им била и “Дракула“, па и “Франкенштајн“. Мојата перцепција се должи на стимул и интерес за читање и сметам дека секоја книга која ќе побуди интерес кај некоја следна генерација, секако ако е на тоа одредено ниво, треба да се додаде и на листава. :)
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.552
Поени од реакции
87.777
Бреееј тоа Либералите и Холивуд ви го испиле умот, Робинсо Крусо била расистичка... :LOL:
Расистичка е за оние SJW што на секое мрчат за што било во животот, еве пример јас кога ја читав во 5то одделение нитуеднаш не помислив на "Белиот човек постојано го мачи угнетениот црнец". Патем дејствието во книгата не се одвива во 21 век, туку во 16ти.

Таро од земјата на планините беше прилично глупа лектира, добро е што ја тргнале.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.094
затоа што на 9/10 годишно дете да му наметнеш да чита ваква глупост е повеќе од трагично.
Помали се. 7/8 години се трето одделение, како порано второ. Сега од 5/6 почнуваат првачиња.
Мене лично ми беа интересни “Еднорогиот елен“
"Еднорогиот елен" е тргната уште од пред некоја година, имаше многу полемики за неа, се жалеа и родители, и наставници, пишуваше и по портали кај нас, можеш да побараш ако сакаш, затоа што има експлицитен приказ на семејно насилство во неа: таткото константно ја тепа мајката. Јас мислам дека "Еднорогиот елен", "Таро" и "Волшебните сказни од балканските народи" нема шанси да ги вратат.
Од друга страна го има “Робинсон Крисо“ со слична тематика, за која морам да се произнесам дека не е расистичка. Историски факт е дека црнците биле робови во тој историски момент и ако искажаните факти/моменти се веродостојни за опишаниот период, не гледам зошто тоа би била расистичка книга.
Да, но дали тие историски факти ги знае дете од шесто одделение 10/11 години? Тие деца штотуку почнале да учат историја, учат за стара Грција и стар Рим, никој не им објаснил дека во тоа време ропството било факт. Затоа јас сметам дека тој класик треба или да се помести во погорните одделенија, или целосно да се тргне од списокот за основно и да се додаде во средно образование.

За "Островот со скриеното богатство", се согласувам, треба да се врати.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Помали се. 7/8 години се трето одделение, како порано второ. Сега од 5/6 почнуваат првачиња.

"Еднорогиот елен" е тргната уште од пред некоја година, имаше многу полемики за неа, се жалеа и родители, и наставници, пишуваше и по портали кај нас, можеш да побараш ако сакаш, затоа што има експлицитен приказ на семејно насилство во неа: таткото константно ја тепа мајката. Јас мислам дека "Еднорогиот елен", "Таро" и "Волшебните сказни од балканските народи" нема шанси да ги вратат.

Да, но дали тие историски факти ги знае дете од шесто одделение 10/11 години? Тие деца штотуку почнале да учат историја, учат за стара Грција и стар Рим, никој не им објаснил дека во тоа време ропството било факт. Затоа јас сметам дека тој класик треба или да се помести во погорните одделенија, или целосно да се тргне од списокот за основно и да се додаде во средно образование.

За "Островот со скриеното богатство", се согласувам, треба да се врати.
Да, но и во античка Грција и во стариот Рим имало робови. Претежно биле белци (но не викам дека немало и црнци), иако никој тоа никаде не го потенцира, но ропството само по себе си е специфична категорија која заслужува расправа на друга тема. Башка во “Робинсон Крусо“ ропството не е главната тема. Јас кога ја читав “Ивица и Марица“, како основец (1во или 2ро одд.) не го перцепирав канибализмот и убиството. Или во приказната за свирачот кој ги собира сите деца од градот со својот волшебен ритам (историски факт е дека нешто се случило во тој град, не ми текнува на името, и има списи кои говорат за тоа), не ми падна на памет дека можеби зад таа приказна се крие нешто подлабоко, како на пример или дека тие деца ги покосила некоја чума (свирачот е само метафора за смртта) или дека отишле на печалба, што во тоа време била доста атрактивна.....Децата денес не ги воочуваат тие елементи. Тие сакаат интересната и добра приказна, полна со аванури и настани. Дали можеби треба да ја читаат “Господарот на мувите“ или ајде “Пол и Вирџинија“? Пак се вртиме околу некаков остров. :D
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А з'ш немет Толстој (Басни) и Џани Родари (Приказни по телефон) ?
За децото прашувам сигурно нема да читаат Оркански височини.

Хари Потер :pos: подобро Хобитот ама ајде.
У средно гејмотрон...
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.192
Поени од реакции
18.291
@StefusRefus имаш поента до некаде за литературата и нејзиното задолжително изучување, ама тоа треба да важи за средните стручни школи. Во основно литературата да не е задолжителна и исто како да бараме математиката да не биде задолжителна. Според мене треба да се направат темелни реформи во средното образование и да се учи одвоено задолжително само Македонски јазик (и друг мајчин јазик за помалите заедници) додека да постои предмет Литература кој што освен во јазичните смерови (каде што би бил задолжителен) во другите средни стручни училишта да биде изборен. Главен аргумент за ова ми е фактот што веќе во средно учениците треба што повеќе да се специјализираат за одредена област и тоа што и онака во голем дел од средните училишта дали 10,20% од учениците во еден клас читаат книги на долга стаза. Но секако ова е друга тема.

@Zlatikevichius ќе правиш некако список на забелешки што рече до 26ти или? И врз основа на што ќе го направиш, има доста разновидни мислења :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.094
@Zlatikevichius ќе правиш некако список на забелешки што рече до 26ти или? И врз основа на што ќе го направиш, има доста раз
Тоа и јас се мислев. Најдобро само линк до темава да им пратам. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom